Култура и туризам

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (32)

Izrael1

741

БИТОЛА – ЦЕНТАРОТ НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Според монографското дело „Израел и Македонија“ на Славе Катин, а во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“, од Скопје и Фондација „Ѓорѓија –Џорџ Атанасоски“ од Прилеп,  2017, 1-376, (на англиски, македонски и хебрејски), авторовото патувањето во Израел беше дел од неговите посети на педесетина различни земји ширум  светот

Битола е најголем градски центар во Пелагониската Котлина што се протега во југозападниот дел на Македонија. Котлината е заградена од исток со Селечка Планина, од североисток со планината Козјак, од север со ограноците на планинскиот масив Јакупица и планините Бабуна и Даутица; од запад со планините: Бушева, Крушевска, Древеничка, Бигла, Баба со врвот Пелистер (2.601 м) и Неретска Планина, кај месното население позната под името Вичо; и од јужната страна, преку пресед-лината Кизли-Дервен, се надоврзува планината Ниџе со врвот Кајмакчалан (2.251 м).

Пелагониската Котлина припаѓа на Република Македонија, а еден нејзин дел на Егејска Македонија што е во состав на соседна Грција. Пелагониската Котлина, иако е заградена со планини, сообраќајно е мошне добро поврзана со соседните и подалечните области.

Градот Битола е расположен на двете страни на реката Драгор, на надморска височина од околу 600 метри. Теренот на кој лежи градот е наведнат од запад кон исток, кон котлинското дно. Ваквата местоположба условува пријатна клима во текот на пролетните, летните и есенските месеци, додека, пак, зимите се студени и честопати градот е обвиткан со магла и сињак.

852

Евреите во Битола

Во близина на Битола се наоѓа археолошкиот локалитет на античкиот град Хераклеја Линкестис, основан во IV век пр.н.е. од Филип II, владетелот на Античка Македонија. Овој антички град доживеал бурна и славна историја испреплетена со просперитети и разурнувања, но со навлегувањето на словенските племиња кон крајот на VI век, престанал животот на античкиот град Хераклеја.

Првпат името Битола се споменува во една повелба на цар Самуил од 1014 година под името „обител“ – старословенски збор што означува манастирски стан, семејство. Така, просветителската дејност на свети Климент Охридски била почувствувана и во Битола и Битолско. Во градот со голем број христијански храмови – цркви и манастири (обители) свети Климент имал свои ученици и се развивала Битолската препишувачка школа.

Самуиловото владеење создало уште поповолни услови за сестран развиток на Битола. Градот станал значаен културен и просветен центар во западниот дел на средна Македонија. Цар Самуил ја избрал Битола за една од своите престолнини и во неа изградил раскошен царски дворец. Тогаш Битола станала седиште на Битолската епископија.

По смртта на цар Самуил, во 1014 година, византискиот цар Василиј II со војската стигнал во Битолско Поле, го запалил царскиот дворец, но градот не успеал да го заземе. Во Битола, во 1018 година, била воведена византиска власт. Во тоа време и во Битолско се раширило богомилството, како верско социјално движење со антифеудален карактер. 

Од крајот на XV и почетокот на XVI век во Битола почнале да се населуваат Евреите што биле протерани како резултат на инквизицијата од Шпанија и Португалија. Тогаш во градот поголем замав зела трговијата, а се појавиле и некои нови занаети. Евреите извршиле и некои влијанија врз духовната и материјалната култура на македонските Словени и Турците. Во 1554 година, Евреите во Битола имале 87 семејства. Тие во градот основале своја талмурска школа.

Од турски документи може да се види дека исламизацијата во Битола и Битолско зела поширок замав дури во XVI век. Меѓутоа, дејноста на христијанските свештеници – калуѓери и епископи не престанала. И покрај слабеењето на Турското Царство во XVII век, Битола продолжила да се развива и да добива изглед на убав град во тогашното значење на овој поим.

963

Битола

Венецијанскиот пратеник А. Бернард, турскиот географ Хаџи Калсра и патеписецот Евлија Челебија ја опишуваат Битола како важен трговски и културен центар, со околу 3.000 куќи, 900 продавници и работилници, 40 гостилници, голем број џамии, неколку поскромни цркви, монументален Безистен, а подоцна и градски часовник (Саат-кула). Во градот се вршела трговија со жито, кожи, восок, волна, памук, градежен материјал, борина, катран и занаетчиски производи.

Треба да се одбележи дека битолскиот митрополит Арениј, по потекло Македонец, во 1763 година бил избран за последен охридски архиепископ на самостојната Охридска архиепископија.

Во XIX век Битола постигнала забележителен успех. Стопанството било во голем подем, а бројот на жителите се зголемил за неколку пати. Во 1840 година градот бил седиште на Санџак. Кога турските власти го префрлиле седиштето на Румелијскиот пашалак од Софија во Битола, градот станал еден од најголемите административни и воени средишта во европска Турција и голем воен гарнизон. Според патеписецот Ами Буе, во 1836 година градот имал околу 40.000 жители.

Обемните градежни зафати за потребите на војската и административниот апарат предизвикале расцут на голем број занаети. Навлегувањето на новите капиталистички односи не само што ја развиле, туку и ја осовремениле трговијата во Битола. Битолските трговци одржувале врски со Италија, Австрија, Англија, Франција, Романија, Египет и други. Тие имале свои филијали во Солун, Виена, Лајпциг, Трст, Одеса и други трговски центри. Бројот на работилниците и продавниците во Битола се зголемил на 2.150, а во разни делови на градот се наоѓале повеќе од 20 специјални пазари: Ат-пазар, Маст-пазар, Житни-пазар, Грав-пазар, Овчи-пазар и други.

Во Република Македонија еврејската култура имаше големо влијание, бидејќи постоеше многу жива активна и просперитетна еврејска заедница, за жал, холокаустот и трагичните настани од март 1943 година доведоа до фактичко исчезнување на 98 отсто од еврејската заедница, меѓутоа, духот на присуството на еврејството во Македонија е жив. Материјалните споменици се живи, сè уште постои еврејска општина, и постои разбирање меѓу другите заедници и елементи што ги спојуваат Македонците и Евреите.

Односите меѓу Македонија и Израел ги карактеризира традиционално пријателство, со висок степен на меѓусебно разбирање и почитување и со заемна подготвеност за интензивирање на соработката во повеќе сегменти од заедничкиот интерес. Македонија  отвори амбасада во Израел, со седиште во Тел Авив. Таа одлука беше ефектуирана симболично неколку дена пред одбележувањето на 60-годишнината од формирањето на државата Израел.

Македонското присуство во државата Израел се карактеризира со два елемента кои на директен начин позитивно влијаат и ги засегаат обичните граѓани на двете земји. Првиот елемент е укинувањето на визите за македонските граѓани, така што македонските државјани без виза може да патуваат во Израел.

Вториот аспект е откривањето на Република Македонија како нова туристичка дестинација. Така, израелски туристи доаѓаат во Македонија со чартер летови  до Охрид. Во наредните години се очекува зголемување на бројот на израелски туристи во Македонија кои имаат сè повеќе интерес за културната понуда, посебно за Галичката свадба и Охридското лето, како и интерес на полето на бизнисот.

Македонскиот народ отсекогаш бил близок со еврејскиот; заеднички живееле во Битола, Штип, Скопје. Солун, Костур и во други места ширум Македонија, заеднички страдале, но и заеднички се радувале. Македонскиот народ не може да ги заборави деновите кога Евреите од Македонија, со помош и поткрепа на бугарските фашисти, беа однесени и погубени во концентрационите логори.

Денес во Македонија живеат мал број еврејски семејства, но тие здружени во еврејска заедница се значаен мост на зближување меѓу Република Македонија и Израел. Затоа, придонесот на еврејската заедница во Македонија е огромен и со непроценлива вредност токму во активностите за изградба на македонска православна црква во Израел.

Доколку идејата за изградба на македонски храм во Светиот град стане реалност, тоа ќе биде потег со кој ќе се потврдат одредени размислувања дека Македонската православна црква пред себе има отворени широки патишта и дека таа безусловно мора да биде призната од сестринските православни цркви. И покрај тоа што последните ветришта што дуваат од Српската и од Бугарската православна црква се неповолни за Македонската православна црква, сепак, македонското свештенство и македонскиот народ и понатаму ќе продолжат да се молат на истиот Бог.

Продолжува

 sksksk

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Најнови вести

To top