Култура и туризам

ОСТАНИ ДОМА – ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС

85

85ОСТАНИ ДОМА –  ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС

ЗА ТАТКОВИНАТА, ЗА ЧОВЕШТВОТО

Мини-есеј: Марија Емилија Кукубајска,САД

Македонската народна песна Си заљубив едно моме

Си заљубив едно моме
Од малечко до големо,
Дојде време да ја земам, оф, аман, аман,
Легна моме, разболе се.
            Ми посака понадица,
Жолта дуња, бело грозје,
Си отидов в чаршијата, оф, аман, аман,
Да и’ купам понадица.
            Па се вратив од чаршија,
Сретнав моме на носилка,
Двесте давам – спуштете ја, оф аман, аман,
Триста давам – да ја видам.

84

Си заљубив едно моме, од малечко до големо… Ќе останам дома, љубов моја, татковино,

Свадба и раѓања да славиме. Не по туѓина, не преку граници без граници, вируси непознати

од каде долетуваат – на лилјачки крила, сатански рогови, лажни богови, заразени пари… Оф!

Останавме во татковината. Но и тука не’ погоди болест од игри на темни сили илуминирани.

Во наметнат мир, во принудна слобода, слобода без слобода, без здравје и тука ли, и секаде?! Вирусот напаѓа, ограбува и гробови, ограбува и живи-здрави NWO робови со страв запрашени.

Одлетав прво кај љубената. Ми посака понадица, жолта дуња, бело грозје, зелен бор – верен одговор да и’ донесам. Знаевме што да си носиме еден на друг, учевме водачи да сме во науки, врвни во струки, лекувачи на тела и души, умувачи во сегашно и идно време. И од тој пазар светски, оф аман, аман, момето мое ми посака жив и здрав да се вратам со понада, без да ми каже за вирусот веќе во неа. Затворив вибер слика, личната моја Злата Позлатена ме вика да дојдам. Не само на слики за иднини наши што не’ чекаат, деца наши идни да позлатиме пород и дом наш да…

Оф, аман, аман, кој пат сум фатил, оче наш, Боже – сега, кога… сега, кога гледам мртовечки сандак пред мене. Таа ли е, не е тоа таа, не е почината… вера, надеж, љубов моја ненадмината… Дојдов, сакана моја, што те сруши, срце кој ти исуши…? Господеее!

Се вратив, љубов моја! Тука сум. А, ти? Носилка? Ковчег бел? Неее. Оф, аман, аман! Разбуди се! Двесте давам – спуштете ја, оф аман, аман. „Од што да ја спуштиме, синко, што да видиш, што да чиниш веќе, вирусот ни’ нападна најубаво моме, најчисто чувано, најумно учено, нај… Оф“. Боже,

што да дадам, нема од смрт да ја извадам, од студено тело топол здив, млаз на животот нема ли да дотече … Оф, аман, аман… Треба ли сега да чекам и јас да одам на другата страна, таму каде нема ни рана ни плач. Гледам… спие таа во градина Божја, и пречисто лице мие во поточиња, бистри, умни очиња – ги крие од лоши очи и сенишни сенки, иако со Бог таа, секогаш, и тој со неа – беа.

Оф, аман, аман! Најлошата болест на векот и светот, најлошата болка ме снајде. Без љубовта ли моја?! Не се исти, ни македонската мапа, ни глобусот – од Бога преубави, од зли витези превртени во пекол. Болест од секаде, нека и мене ме земе! Без момето мое светот е бреме, ремен кој ми стега здив и порив да сум жив. А никогаш таков не бев. Зарем сум љубоморен на неживите? Не! За тебе

Ќе живеам… те љубам повеќе од себе, од сите. Ти ме спаси од пекол на земјата, ти не даде Гибли пустински да ни напраши љубов низ бескрајот. Сега, пусти ли лаборатории ќе не’ плашат…?

Никаде, никогаш да не те допре војната-болеста, се молев. Да не те снема од сјајот на планините, од бранови на китките во радост што пливаат со слатката милина твоја, моме мое, чедо небесно.  Никаде ниедна иста како твојата убавина од внатре што пее. О, Боже, како може толку стварно да грее небото преку неа, премината, а свесна и за ова време. Ќе те чекам – во цвеќето, во небесен крај, од другата страна на брегот на реката, над гробиштата, светлина да поливаш, сонца да сееш, кога леташ, полен да собираш од полињата на времињата – човекови култури, цивилизации…  

Љубовта моја никогаш не користи нечисти, штетни, анти-хумани енергии и материи за погон на нашите патувања. Никогаш во тебе не врие страст како кај актерите од западната страна: лажат тие, кралски бедеми пакосно ријат, пустошат вековен ред и мир. Моме мое македонско, семирско,  природата твоја не знае за нивни магии сексуални и заведувања за телесни покорувања. Божја моќ ти имаш, Божјиот мир мудрост ти’ дава… ти не ставаш своја рамна, чиста става во отровни осила.

Чесно береш мед за лек – за здрави и болни души, вез вештачки бои на крилата. Ти ги отфрли сите девијации на своето време, и во тебе не се рои грдо еротско беснило врело – да се биде славен по цена на трговија со душа и тело. Само љубов од срце и душа на тебе ти стои, само ѕвезден здив од тебе дише – лековито да ја стиши лудоста на безумните, болеста од Луцифер што ги храни. Оф, аман, аман… Ти си во ковчег, но, НЕ, на небо си. Другите, порочните, под тебе се… А сепак, ние и двајцата, и од оваа и од онаа страна, со тебе – и нив ги жалиме, зашто знаеме да љубиме човечно.

Не ми престанува сонот, љубов моја. Заедно сме. Твоето млечно мајчинство го сонувам: пород да носиш, за благослов на светот, за нови длабочини на мислата, во наши деца препородена, продуховена до ѕвездите Божји, а не Бафометски. Оти ти ги зачува, ги разви сите дијамантски богатства на духот, и ги допре сите што имаа вид да препознаат – што е чудесно свесно, и надземно свето, што е уметност на природното, органски доброто, од небесни сводови всадено. Покрај океани, мориња и фонтани – момето мое риби брани од пластики и вештачко бреме, и ги храни со семе на здравје и мир. Ја чисти природата, од срце, а не за пропаганди на Јоланди.   

Девојчето мое, од дете венчиња си плете, разиграни. Чипки везден везе од пенливи бранови милина на миљето на земјата: вода, воздух, дух, топлина не-микробранова. А сега, што гледам, моме мое, радост наша, кои сили ти земаа здив, смрт донесоа и за зора и за самрак на живите, глобално затемнение во градите, во градините… О, Боже, душата на љубовта, момето мое на овој свет, не дише веќе! А сите верувавме: не се замрачува, вирус таа не’ закачува! Кажи ми, Господе, верно дека е, дека тие и’ земаа здив, но не и дух, и не и душа. Дека вирусот со круна зла не е бог на разните божества мутантни, и дека нема  трајно да го помати текот на човечноста во браќа и сестри … колку и да сее невидлив прав и сече со зраци на смртта – од матрицата на тие лажни, тие метални богови на новиот пантеон сокриени од верници во љубовта во човекот, оф, аман аман!

Момето мое не се предаде на нивни сеништа чудовишни, не се исплаши да чува љубов и чест. Си припаѓаме од тука до вечноста и назад, посветло свесни од непријателот со отворени граници на пеколот, лажно илуминиран, од темнина инициран, од елитите болни за власт, во развратна страст. Мислат тие дека, полегнати на Пар-Нас, не сакаат да знаат оти не се заштитени од Вселенски гнев,  против сатански гнев. Тој нивни Нов Единствен Свет од зачеток е проклет. Само ти, љубов моја, само ти си неистината убавина, зашто си правда на природата, чиста Љубов моја, Љубов, наша.

Марија Емилија Кукубајска

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Најнови вести

To top