Култура и туризам

ЕРУСАЛИМ И ОХРИД – ГРАДОВИ НА ВЕЧНОСТА

108

eru

ЕРУСАЛИМ И ОХРИД – ГРАДОВИ НА ВЕЧНОСТА

Често се вели дека историјата на човештвото е оградена со ѕидови. Меѓу нив, три заземаат посебно место: Кинескиот ѕид, граница меѓу цивилизацијата и вар­варството; Берлинскиот ѕид, сведоштво за една умисла да се пресече живото европско ткиво на два де­ла; и Ѕидот на плачот, симбол на секојдневната сред­ба на Евреите од целиот свет со својата судбина.

Во Ерусалим, западниот ѕид, наречен од британската ман­да­торска  управа како „Ѕид на плачот“, поради секој­дневните, честопати со солзи накапени моли­тви на Евреите свртени со лицата кон ѕидот, се смета за последен остаток за најголемото свети­лиш­те во јудеизмот. Тоа е храмот кој на едно возвишение во Еру­салим го изградил Соломон, синот на кралот Давид, пред 3.000 години.

При посетата на Ерусалим се уверивме дека тој е исто­рис­ка крстосница на многубројни свети места; со посебна архитектура обли­кувана исклучително од ерусалимски камен ваден од пусти­ната со конфи­гурација на мали ритчиња од чии ви­со­чинки може  да  се види Мртвото Море. Инаку, уште од времето на Британците пос­тои за­кон со кој се регу­лира  изградбата  на  сите згради, куќи  и други об­­јек­­ти, да бидат исклучително со бел делкан камен.

Ерусалим е град на вечните убавини и на светите места. Низ милениуми  населението на Ерусалим, но и тие што доаѓале и доаѓаат да му се поклонат, го воспевале и го воспеваат како град на вечноста, како центар на светот, како главен град, како град со голема политичка моќ…

Според тоа тој има повеќе имиња што му се дадени во Светото писмо, во Мојсиевите записи и во литературата. Израелците го нарекуваат Јерушалаим, од каде потек­нува и денешното негово име – Ерусалим, што значи „град на мирот“. Меѓутоа, за постоењето на  Еру­салим – местото на Христовите маки, смртта и вос­крес­нувањето, во текот на последните два миле­ниумa не е врзан поимот мир.

Ниту на едно свето место во светот не потекле толку потоци крв како овде. Ни­ка­де толку жестоко не се воделе борби, никаде толку гневно не се мразело и напаѓало како во овој свет град што е сместен на студените и сиви карпи на планината Јуда. Трите светски религии – еврејската, христијанската и муслиманската, од градот напра­виле центар на раздорот. Истовремено, никаде не се кажале толку многу молитви како во Ерусалим.

Вечниот Ерусалим

Приказната за Ерусалим почнува кога моќ­ниот крал Давид го купил ридот над градот. Целта му била да изгради свет храм каде што би бил сместен Заветниот ковчег во кој се чувале плочите со Десетте Божји заповеди што Господ, преку Мојсеј, им ги објавил на децата на Израел. На кралот Давид, моќниот творец на првата еврејска држава, сепак, не му било дозволено да го изгради храмот, не­говите ра­це биле крвави. Таа света должност ќе стане ама­нет на неговиот син Соломон.

Уште од Мојсеј, од колено на колено се пренесувал споменот на илјадниците Евреи кои останале затрупани под камењата на египетските пирамиди. Градењето на светиот храм како трајно седиште на Заветниот ковчег, би требало да биде паметник  за годините на ропството, но и решеност ни­когаш повеќе да не се градат кули за туѓите господари или бесконечно да се талка по пустините.

Со храмот, Евреите се пронаоѓаат самите себеси, на својата земја, под сенката на светилиштето кое ќе биде печат на нивниот сојуз со Бога. Градот Еру­са­лим станува свет град, а храмот светост над светос­тите.

Охрид, пак, кој поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како балкански и европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид.

Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. каков убав рид и оттогаш останало градот да се вика Охрид.

eru2Охрид, вториот Ерусалим 

Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнид се наоѓал на патот Виа Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците (Фригиjците) и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро.

Исто тaка, Охрид се споменува и во V век од страна на римските историчари како добро утврден град со многубројни кули, кој, како и другите римски градови, се брани од силните напади на скитачките племиња. Во Х век Охрид, како престолнина на цар Самуил, има обновени и доста јаки тврдини – Охридското Кале.

Меѓутоа, Охрид како и Ерусалим, не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (IX век), додека во местото Плаошник близу градот се наоѓа реставрираната црква Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека  таму имало универзитет од XIII век.

Според историските податоци, пак,  се знае дека охридските архиепископи, односно патријарси, се институирале со името на Јустинијана Прима од 535 година. Затоа уште повозвишено е значењето на ма­­ке­донската културно-духовна престолнина. „Јус­тинијана Прима“ со едикт на Јустинијан Први, роден во селото Таор кај Скопје, била прогласена за прва по ранг црква по Романија која го опфаќала просторот и на пропаднатото Западно Римско Царство. Тој примат траел 10 години, по што „Јустинијана Прима“ била прогласена за еднаква на Рим и Константинопол „за сите времиња“, што никогаш не е отповикано.

Често пати Охрид го викаат балкански Ерусалим. Тоа е резултат на Охридското Кале, црквата Св. Софија и галеријата на охридските икони, црквите Свети Климент, Свети Наум,  убавата црква Св Јован Канео, националниот музеј кој ги чува сесловенските икони и ракописи и многу други споменици од културата, антиката, религијата, науката, хидробиологијата и архитектурата. Затоа со право  Охрид е наречен бисерот на Македонија. 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top