Култура и туризам

ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ (1)

1k1

1k1

ДЕЛОТО „40 ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ

ФИЛОСОФ ВО РИМ„ – ЕДНО ОД ЗНАЧАЈНИТЕ ИЗДАНИЈА

НА „МАКЕДОНСКА ИСКРА“

Делото „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и викарниот епископ хераклејски Климент е едно од значајните изданија на книгоиздателството  „Македонска искра” (2008) на 228 страници. Во ова издание се одразени повеќеродни дејности, манифестации, собири, институции, личности, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста, работата, на светите Кирил и Методиј и нивните ученици.

Инаку, книгоиздателството “Македонска искра” е формирано благодарение на демократските процеси што настанаа по осамостојувањето на Република Македонија како независна, демократска и самостојна држава. Тогаш се создадоа поволни услови за приватна иницијатива, меѓу другото и во областа на културата, со посебен акцент во развојот на книгоиздателството. Така, се формира денешното Друштвото за издавачка и образовна дејност, производство и промет (Книгоиздателството) „Македонска искра” ДООЕЛ увоз-извоз-Скопје.

„Македонска искра“ е крстена по весникот „Македонска искра“, првиот македонски весник што започна да се печати во Перт, Австралија  во 1946 година. Таа за првпат е регистрирано во Окружниот стопански суд во Скопје, на 28.03.1995, за потоа да ги следи сите законски измени. Меѓутоа, својата издавачка дејност “Македонска искра” ја започна во текот на 1997 година и досега има објавено стотици наслови од значајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од илјадници примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји, особена меѓу македонското иселеништво

На оваа скромна, но со видни резултати издавачка куќа посебна област во издаваштвото се учебниците и дидактичката литература  одобрена од Министерството за образование на Република Македонија. Сите учебници и различната дидактичка литература на „Македонска искра“ се користат во основните и средните училишта, и имаат значаен прилог и придонес во образовниот процес во Република Македонија.   

1k2

1k6Публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, од авторите д-р Вера Стојчевска – Антиќ, Славе Николовски – Катин и викарниот епископ хераклејски Климент е едно од изданија на оваа реномирана издавачка куќа во Македонија, чиј главен и одговорен уредник е авторот на овие редови, Славе Катин. Рецензенти на ова дело се Архиепископот г.г. Стефан и проф.д-р Ѓоко Ѓорѓиевски, декан на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а беше издадено во 2008 година, кога се навршуваа шеесетина  години самостоен слободен, просветен и културен живот и растеж во Република Македонија.

Треба да се нагласи дека во публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, се проследени јубилеите кои во одредени години ги потенцираат активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така, своевиден простор е посветен на манифестација „Во чест на св. Кирил” и поколенијата на гробот на св. Кирил Солунски во Рим, во период од 40 години (1969-2014). 

За ова дело Архепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан ќе напише дека пораката на светиот апостол Павле – помнете ги вашите наставници, што ви го проповедаа Словото Божјо (Евр. 13, 7), нашла и има вистинско место меѓу македонскиот народ кога е во прашање чествувањето на македонските и сесловенските просветители, браќата од Солун – светите Кирил и Методиј.

Во книгата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим” е запишано дека од средината на 9 век па наваму, Кирил и Методиј, двајца просветители и учители, свештенослужители и рамноапостоли, имаат водечко место во духовната историја на македонскиот и на словенските народи. Како нови апостоли и учители на сите земји во коишто огрееја на земјата како сонце со вистинска вера и убавина… го просветија и нашиот народ и нема да се посрамиме споредувајќи ги сите нивни добри дела и подвизи со оние на Божјите угодници.

1k3Свети Кирил и Методиј

Инаку,  во 2008 година, по 40- ти пат, Македонската црковно- државна делегација се поклони на гробот на свети Кирил во Рим, и на свети Методиј му даде заслужна почит во Елванген – Германија, местото каде што темнувал повозрасниот брат Исто така, претставници на МПЦ и на Министерството за култура при Владата на Р. Македонија учествуваа на Сесловенското чествување во Русија.

Секако, покрај молитвено во храмовите на МПЦ, во Татковината и меѓу иселените Македонци по светот, на св. Браќа им се оддаде почит од институциите што ги носат нивните имиња, од просветните работници, студентите и учениците и од сите коишто го почитуваат делото нд големите просветители и рамноапостоли, светите враќа Кирил и Методиј. Од оваа година во Р. Македонија нивниот ден е прогласен за државен празник.

Во 2008 година се навршуваа 40 години од македонските поклоненија пред гробот на св. Кирил и Методиј во Рим. Оваа просветителска и културна дејност на претставниците од почетоците на формирањето на словенската писменост и книжевност оставала траги низ вековите во Македонија. За оваа забележана традиција доста често е пишувано во славистиката, Притоа, се заклучува дека и во пишаните извори, а и во народната усна традиција постои континуираност.

Токму затоа, со издание „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”,  сакаме да ги проследиме во еден преглед поважните дејности во врска со кирилометодиевската традиција во периодот од 1969 до 2007 година. На овој начин ги регистрираме барем поважните појави во Македонија поврзани со епохалното дело на светите браќа и нивните ученици, укажувајќи на длабоките корени на оваа традиција кај нас, зачувана и во нашето современо живеење и чествување како долг кон беспримерните наши учители.

1k4Ватикан

Македонскиот јазик спаѓа во јужнословенските јазици, а се формирал од словенските племиња што се населиле најјужно на Балканскиот Полуостров. Уште тогаш, во /Х век, тој се одликувал со карактеристични особености во однос на јазичните црти. И понатаму во својот развој доживувал своевиден напредок. Прашањето за современиот литературен македонски јазик било поставено уште во Х/Х век, а решено дури со победата на НОБ. Македонскиот литературен јазик ја доживеал својата кодификација со одлуките донесени на АСНОМ 1944 година.

Во педесетгодишниот период растеше јазично-творечката дејност. Во поновиот труд на Блаже Конески со наслов „Македонскиот литературен јазик” (Реферати на македонските слависти за Х/ Меѓународен славистички конгрес во Братислава, Скопје, 1993, 9-33), не случајно е истакнато: „Развитокот на функционалните стилови на македонскиот литературен јазик во периодот на неговата кодификација ја потврдува обемноста и успешноста на таквите напори”.

Веднаш по НОБ се обновија училиштата во Македонија. Повеќе од нив го задржаа или го добија името „Св. Кирил и Методиј” и „Св. Климент Охридски”. Овие имиња на нашите современи македонски училишта не се само симболични наслови, туку една жива врска на писмената, книжевната и културната традиција што ја вкоренија солунските браќ а и светители Кирил и Методиј во /Х век.

Важен дел од манифестациите посветени на браќата Кирил и Методиј во Македонија се организирани во чест на свети Кирил Филозоф кој почина во Рим на 14 февруари стар стил, а на 27 февруари нов стип, 869 година. Токму затоа, на Денот на браќата просветители, на 24 мај, пред неговиот гроб се извршува свечено поклонување и ред други културни, црковни и научни дејности.

Продолжува  

1k5Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Најнови вести

To top