Култура и туризам

Паул Базел (Тупурковски) – еден од основоположниците на МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Торонто (5)

_

1p1

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА И ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ 

Малкумина од македонските иселеници во Торонто не го познаваа Паул (Павле) Базел (Paul Bassil) (Тупурковски). Тој беше истакнат македонски иселеник од егејскиот дел на Македонија, успешен бизнисмен во ресторанската дејност, дружељубив, ведар по дух, влијателен во канадското општество и, се разбира, со чиста македонска душа

Без сомнение, бизнисменот Базел се вбројува меѓу еден од основоположниците на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, прв нејзин потпретседател, повеќе години член на Управата, значаен донатор и виден претставник на македонската заедница.

Со Павле и неговата сопруга Зорка сме имале безброј пријатни средби и размена на мислења. Меѓутоа, последната наша средба ја искористивме за разговор со нив за минатотото во Беломорието, за почетоците во Канада, за сегашноста и за иднината на македонската заедница во метрополата Торонто.

Средбата беше срдечна, пријателска и другарска меѓу двајца познати и пријатели од пред повеќе од триесеттинa години. Разговаравме за прашањата и проблемите сврзани со Македонија, со македонскиот народ и воопшто за македонското иселеништво, кое во последните децении бележи видни резултати во бизнисот, културното и општественото живеење во новите средини.

Павле Базел бил роден на 10 јули 1908 година во селото Ошчима, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Неговиот татко Васил, по кого е крстен неговиот внук Васил Тупурковски-Циле, го убиле османлиите уште како млад, затоа неговата мајка Султана била принудена да се грижи за своите деца, најстариот Спиро, малечкиот Мичо и сестрите Велика, Сандра, Елена и Илинка. Неговата мајка Султана ја имала сличната судбина како и нејзиниот сопруг Васил и таа била убиена, ама од германските војници во текот на Втората светска војна.

Паул Базел останал во родното место до 1930 година, кога поради настанатата општествено-политичка ситуација на тој дел од распарчена Македонија, заминал кај својот брат Спиро во Торонто. Таму го започнал својот нов живот, во нови услови и ги поставил темелите на семејната светла иднина.

1p2Селото Ошчима

Паул Базел се занимавал со ресторански и со прехранбен бизнис во текот на целиот негов живот. Така, уште во почетокот се вработил кај некој негов роднина во централното градско подрачје на Торонто. Меѓутоа, во 1937 година, со позајмени пари од свои блиски отворил свој ресторан. Тогаш, како партнер со неговиот брат Спиро Базел и роднината Питер Аргирис го отворил „Ресторанот на Базел“ (Bassil’s Restaurant) на улиците Блур и Батрст. Угостителскиот објект бил лоциран во градското подрачје на метрополата Торонто и претставувал еден од најпосетените ресторани во период од петнаесетина години.

А кога по Втората светска војна повторно била отворена познатата манифестација. „Канадска национална изложба“ (Canadian National Exhibition), во непосредна близина Паул држел еден вид ресторан од каде  биле  послужувани речиси  5.000 луѓе во денот.

Потоа, во 1952 година отворил нов ресторан под име  „Ранч куќата на Паул“, која работела 24 часа и се наоѓала на улиците Блур и Шербурн. Подоцна во таа ранч куќа се случил пожар. Затоа, во 1965 година, Паул ја отворил познатата таверна „Стара Шпанија“ која ја држел сè до неговото пензионирање.

Меѓутоа, пензионирањето на Павле и Зорка не бил најсветлиот момент. Затоа во 1982 година со негова поддршка Зорка ја отворила бурекчилницата „Baba’s Deli“ на патот Кенеди и Елзмир во Скарборо, со цел да бидат ангажирани како пензионери. Таа бурекчилница била многу популарна по тоа што во неа на големо се продавало македонски бурек.

Кога се пишува за Паул Базел треба да се нагласи дека тој биле основач на „Канадската ресторан асоцијација“, а со тоа во 1965 година бил делегиран во „Toronto Emergency Measures Association“; бил еден од основачите на „St. Alban’s Boys Club“, член на  „Тhe Masonic Order“ еден од основачите на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ и нејзин прв потпретседател. За неговите заслуги како член на Канадско-македонската заедница македонската влада му додели златен медал.

Исто така, тој бил еден од најактивните членови на Спомагателното друштво „Ошчима“,  кое било основано во 1905 година и е едно од најстарите друштва, организирани од Маке­дон­ци­те од Егејска Македонија во Канада. Како основна причина за формирањето на ова друштво во тоа време, била заемната помош на своите членови, посебно прифаќањето на новите доселеници од селото.

Друштвото „Ошчима“ во минатото, па и сè до денешно време, било и е тесно повр­зано со жителите кои останале да живеат во селото, а посебно на оние кои во меѓувоениот период и по Граѓанската војна во Грција, кога селото ги претрпело најголемите несреќи. Тоа развило и издавачка дејност, во чии рамки била от­печа­тена и монографијата за селото, како и телефонскиот именик во кој се по­­местени телефонските броеви и адресите на сите жители од Ошчима, без оглед на сегашното место на живеење.

Овој доблесен патриот и честит Канаѓанец од македонско потекло (особено неговиот брат Спиро) во времето пред и по Втората светска војна духовно припаѓаше на прогресивната група Македонци кои се бореле за самостојни македонски организации и црковни општини. Така, тој бил член на Канадско-македонскиот центар, на Клубот на пензионерите.

Таму, во Канадско-македонскиот дом, Македонците пензионери се чувствуваат пријатно, зборуваат македонски, слушаат македонска музика, читаат наши и англиски весници и се приспособуваат на тамошните услови, каде што, веројатно, повеќето од нив ќе го одберат и вечниот дом.

Затоа Павле постојано велеше дека животот им е добар на пензионероте во Канада, во нивната втора татковина, на која ñ благодарат, што особено за оние од Беломорска Македонија, кои не ги уживале основните човечки права во родната земја, тука им се дадени сите услови и се рамноправни со другите нации.

Паул Базел почина на 28 јануари 1991 година во Торонто. Тој со сопругата Зорка имаа три деца и тоа: ќерките Стар и Тања и на синот Марк.

Неговата сопруга Зорка Базел (Погончеф), пак, е родена на 5 декември 1921 година во Софија, Бугарија од татко Јанко и мајка Султана родени во селото Загоричани, Костурско. Нејзините родители имале дуќан во Истанбул, меѓутоа, во текот на Балканските војни тие биле протерани во Бугарија.

1p3Црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто 

Потоа, во 1919 година нејзиниот татко заминал за Канада, а во 1924 година целото семејство се преселило во Канада, во градот Нијагара. Во новата средина Зорка го завршила образованието од петгодишна академска програма и специјална бизнис- програма. Таа била една од понапредните младинки, несекојдневно за доселениците, која и се занимавала со спорт и била член на Одбојкарската женска екипа на Онтарио.

Се омажила за Паул Базел во 1942 година, кога и се преселила во Торонто. Во новата средина како партнер на Паул, со широки визии и познавање, таа била десната рака во бизнисот.

Во исто време била една од најактивните Македонки во заедницата. Меѓу другото, Зорка била благајник на Одборот за помош на поплавените во Скопје пред земјотресот, како и на Комитетот за помош на Македонија по земјотресот во Скопје во 1963 година. За нејзините заслуги, заедно со сопругот Паул добила неколку признанија.

Зорка Базел волонтерски работела во „Канадскиот мултикултурен консултативен одбор“, а била член и на „Тhe Folk Arts Council of Metropolitan Toronto“ и на „Тhe Liberal Women’s Commission“, а од 1991 година е активна во „Канадско-македонското историско друштво“ од Торонто.

Паул и Зорка Базел беа едни од најактивните во времето кога се формираше Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Во тој период македонското црковно прашање и формирањето на Македонската православна црква беше  предмет  и  цел на дискусии, полемики, расправии, па и напади на црковни­те институции на соседните земји и пошироко.

Тие настојуваа да го спречат и одол­жат нејзиното влегување во семејството на рамноправните црковни организации во пра­вославието во демократска Канада. Притоа, се чинеа обиди да се оспорат и историските канонски темели на целокупниот живот на Македонската православна црква.

Во притисоците, изолаци­ја­та и негирањето на Македонската православна црква и на нејзиното легитимно постоење, беа ангажирани голем дел од пропагандната и медиска машинерија, која имаше за цел да ги искривува и премолчу­ва историските факти од минатото и од сегашноста, а тоа се правеше со намера да се до­ве­дат во прашање основните обележја на православниот македонски народ, неговиот црко­вен организам и неговата вистина, како народ кој постои со векови, го чува право­славието да има самостојна, суверена и независна држава – Репуб­лика Македонија.

Исто така, одредени кругови и поединци на православните цркви на соседните зем­ји, како да го заборавиле и сопствениот пат на стекнување на самостојност и право на своја православна народна црква. Се премолчува осумвековното постоење на Ох­рид­ската архиепископија чие основно јадро, од нејзиното формирање до нејзиното не­законско укинување, ги претставувало христијаните од сите делови на Македонија.

Меѓутоа, силната желба, љубов и почит кон родната Македонија и Црква, на Паул и Зорка помогнаа да се добие дозвола за изградба на македонска црква. Имено, брачната двојка Базел, како и неговиот брат Спиро имаа влијание во власта на провинцијата Онтарио и во градот Торонто како заслужни Канаѓани од македонско потекло што беше искористено да се добие дозвола за изградба на Македонска православна црква.

Инаку, денес по нивна заслуга црквата „Свети Климент Охридски“ е стожер на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе, за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија. Овој црковно- национален дом е најголем центар на раселените од сите делови на Македонија. Тоа е место на другарување на Македонците од седум до седумдесет и седумгодишна возраст. Со други зборови, таа е македонски центар за поколенијата.

Продолжува

1p4Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Најнови вести

To top