Култура и туризам

ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ (3)

4.1

4.1

КОН ХАЗАРСКАТА МИСИЈА НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму подоцна му се придружил и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивните мисии ги извршиле со голем успех, со цел да ги описменат словенските народи.

Константин, кој е познат со своето монашко име Кирил, за разлика од Методиј, не тргнал по стапките на неговиот татко Лав. Тој уште од детски и ученички години својот животен пат го насочил кон совладување на наставните предмети кои подоцна му овозможиле длабоко да навлезе во тајните на повеќе научни дисциплини и да се нареди до најучените луѓе на својата епоха. Лав и Марија му овозможиле на талентираниот Константин да се школува во солунските училишта во кои учеле само децата од богатите семејства.

На 14 февраури 869 година во Рим починал Кирил Филозоф во екот на изведувањето на Моравската мисија, задолжувајќи го својот постар брат Методиј да ја доора започнатата бразда. Оваа важна мисија, со непроценливо значење за културниот развиток на сите словенски народи, настанала по претходно остварената Хазарска мисија, во којашто учествувале и двајцата браќа. Од далечната хазарска одисеја, браќата ги одонеле во Рим светите реликвиимоштите на римскиот папа Климент, заради што папата Адријан II им укажал посебна почест.

Во IX век Византија била моќна империја, чиешто непрегледна сестрано богатство го свртувало вниманието на соседните народи и племиња. Во 860 година на север и североисток од државата постоела видлива опасност од инвазијата на словенските и хазарските народи.

Словенските племиња претставувале постојана опасност уште од VI век, додека источно-турските номадски хазарски племиња во VIII век формирале силна држава – Хазарски каганат, по долниот тек на реките Волга и Дон.

4.2 

Живеалишта на Хазарите

Сакајќи да ја елиминира опасноста од експанзијата на Хазарите, византискиот двор прибегнал кон испробаната практика и ја организирал Хазарската христијанска мисија, којашто имала суштинска политичка цел и преку верскиот карактер на преговорите требало да се наметне христијанската религија. Византија честопати преку христијанизацијата успевала да ги смири скитачките и воинствено расположените племиња и да ги сопре нивните завојувачки намери.

Главната улога при изведувањето на оваа мисија им била доверена на браќата Кирил и Методиј.

Хазарите имале можности да се запознаат со еврејската и со муслиманската религија. Пратениците на Хазарите побарале од византискиот император учени луѓе коишто ќе им докажат на Хазарите, Евреите и на муслиманите дека христијанската вера е единствената вистинска вера. Императорот веднаш го повикал Кирил Филозоф и, според опширното Кирилово житие, му рекол: „Оди Филозофе кај тие луѓе па проповедај им и протолкувај им за Светата Троица, со нејзина помош, зашто никој друг тоа не може да го стори подостојно”.

На патот кон Хазарите, Кирил и Методиј навратиле во градот Херсон на Црното Море, каде што Кирил одлично го изучил еврејскиот јазик и превел осум делови од граматиката. Потоа, во овој град Кирил стапил во контакт со еден Самаритјанин и ги изучил и самаритјанските книги . Панонските легенди соопштуваат дека во Херсон Кирил го изучил и рускиот јазик, а пронашол и евангелие и псалтир пишувани со руски букви.

Тука Кирил ги пронашол моштите на одамна починатиот римски папа Климент, коишто по деветгодишна одисеја ги пренел во Рим. Пронаоѓањето на моштите го инспирирало Кирила и по тој повод составил три книжевни творби: расказ за пронаоѓањето на моштите, свечено слово по истиот повод и химна за херсонскиот настан. И трите творби биле составени на грчки јазик, а потоа преведени на латински јазик од Анастасиј библиотекарот.

Кирил и Методиј пристигнале кај хаварскиот каган којшто прв беседувал со нив, а потоа браќата се впуштиле во долготрајните полемики со Евреите и муслиманите, кои успеале помасовно да им ја наметнат својата религија на Хазарите, додека христијанските приврзаници биле најмалубројни. Искусните браќа, одлични полемичари и со длабоки познавања на суштинските поставки на христијанската религија, предизвикале восхит кајнепријателите . Кирил им објаснил многу непознати работи во догмите, а посебно суштинското значење и славењето на Светата Троица.

Учениот каган бил многу задоволен од одговорите и го пофалил Кирила кај визанатискиот император. Каганот сакал да им даде богати дарови на мисионерите, но овие го замолиле да им ги подари заробените Грци. Според Панонските легенди, по успешните толкувања на христијанската религија, многу луѓе од хазарската држава го примиле христијанството, а односите меѓу Византија и Хазарскиот каганат биле подобрени. Верската нота на мисијата постигнала значајна политичка и дипломатска цел.

По завршувањето на мисијата, вредниот Кирил ја составил книжевната хазарска полемика, којашто во оригинал не достигнала до нас, но многубројните цитати што ги среќаваме во Панонските легенди го откриваат нејзиниот книжевен извор којшто сигурно достигнал до раката на житиеписецот.

Третата државна мисија на двајцата браќа била познатата Моравска мисија, којашто отпочнала по барање на моравскиот кнез Ростислав во 863 година. За нејзиното остварување и двајцата браќа макотрпно ја граделе низата отстапки што ја извршувале римските папи, заинтересирани за младите словенски кнежевства и држави, како и цариградските патријарси и императори.

Нивната пожртвуваност и љубовта што ја негувале кон словенскиот род им била основна поента на многу слависти кога се определувале за нивното словенско потекло. Но, без оглед на нивната припадност, делото на солунските браќа останува како траен залог, вткаен во културната историја на Славените.

4.3

Браќата Кирил и Методиј се појавиле пред Славените во пресудните моменти од нивното егзистирање, во IX, век кога овие народи се бореле за опстојување, опколени со држави со долга традиција и со аспирации за престиж во соседството. Затоа, мисијата што ја покренал моравскиот кнез Ростислав ќе биде од пресудно значење за натамошниот општествено-културен растеж и зацврстување на Славените, зашто генијалната работа на Константин – Кирил врз создавањето на словенската азбука ќе биде општо достоинство за сите нив.

Првите преводи на старословенски јазик, врз основа на дијалектот на македонските Славени од околината на Солун ќе бидат подеднакво разбирливи за сите Славени, иако биле наменети за изведување на мисијата во Моравија.

Исто така, ви историските документи за свети Кирил и Методиј, меѓу другото, е запишано дека, Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик за вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа.

Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на словенски јазик. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници кои ги обвинувале за ерес.

Затоа, биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почести од папата Адријан II. Тој ги одобрил словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата „Санта Марија Маџоре“ и во три римски цркви богослужбите да се вршат на словенски јазик. Кирил во Рим тешко се разболел и починал на 14 февруари 869 година.

Продолжува

 d5
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top