Култура и туризам

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОДРАМАТА „Т’ГА ЗА ЈУГ“ ОД ДУШАН РИСТЕВСКИ

Donski111

Donski111Александар ДОНСКИ

Деновиве во издание на Македонското литературно друштво од Сиднеј, а во соработка со Австралиско-македонскиот театар исто така од Сиднеј, излезе од печат мондрамата „Т’га за југ“  од најпознатиот македонски драмски писател во дијаспората Душан Ристевски.

1d11Монодрамата е објавена двојазично на македонски и на англиски и истата е илустрирана со фотографии во боја од истоимената претстава која во 2019 година предизвика голем интерес среде Македонците во Австралија. Во монодрамата Душан Ристевски ги опишува последните мигови од животот на големиот македонски преродбеник и фолклорист Димитар Миладинов во затворот во Истанбул.

Како борци против грчката пропаганда и обиди за денационализација на Македонците,  Димитар и неговиот помлад брат Конснантин, биле наклеветени пред отоманската власт од страна на грчкиот владика дека божем се „шпиони на Русија“ кои тајно работат против Отоманската империја. Заради тоа обајцата биле заточени во Истанбул каде починале по неразјаснети околности во јануари 1862 година. Искусниот драматург Душан Ристевски успеал да продре во психата на Димитар Миладинов претставувајќи го ем како борец за заштита на народот од погрчувањето што го спроведувала грчката православна Црква и пропаганда, ем како обичен човек – постар брат, загрижен за судбината на помалиот брат. Како пандан на Димитар во монодрамата е поставен и ликот на затворскиот чувар Рашид, кој и самиот е по потекло од Македонија, но уште како мало дете    бил потурчен, па не се сеќава на речиси ништо од своето поднебје, освен на една мелодија која постојано ја свири со својот кавал додека чува стража.

Рашид  професионално се однесува кон својата работа строго да ги чува затворениците кои се огрешиле пред законот и султанот, но истовремено и кај него се наѕира човечка димензија и извесен степен на разбирање за состојбата на Димитар. Како трет лик е прикажан уште еден затвореник осуден на 101 година затвор кому стражарот не смее ни вода да му даде затоа што му ја опцул мајката на султанот.

Во последните мигови од својот живот Димитар добива писмо од Константин (кое му го предава Рашид) и внатре ја наоѓа песната „Т’га за југ“, која гласно почнува да ја чита. Песната го трогнува и Рашид и му буди дамнешни заборавени и потиснати сеќавања на својот роден крај. Потоа Димитар дознава за смртта на својот помлад брат Константин. Плаче и низ солзи останува да ја чита песната на глас. Но, не ја дочитува до крај. Се фаќа за градите, паѓа и умира. Последните стихови од песната со тешки маки ги изговара измачениот затвореник во окови, додека однадвор се слуша кавалот на Рашид…

Сведоци сме на уште едно извонредно дело од Душан Ристевски кој на овој начин, низ уметничката призма и преку својот талент, продолжува да ни осветлува значајни мигови од македонската историја.

1d22

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Најнови вести

To top