Култура и туризам

Нова книга: КАМЕЊАТА – ОД СТЕФО НАНЦУ И ТОМ ЛАЈКОС

9.2

9.2

Деновиве во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ а во соработка со Австралиско македонскиот театар од Сиднеј се издаде драмата „Камењата“ од Стефо Нанцу и Том Лајкос. Рецензент на драмата е Александар Донски а преводот на македонски е од Бубе Донска.

9.3“Камењата“ прв пат беше изведена во Trinity College, во Мелбурн, на 13 јуни 1996 година со двајцата автори кои исто се и актери. Драмата се прикажа преку интернационално познатиот и наградуван театарот Zeal и досега успешно е прикажана повеќе од 1400 пати. Покрај многубројните изведби во Австралија истата е прикажана во Националниот Театар во Лондон, Театарот „Победа“ во Њујорк, „Де Краклинг“ во Амстердам, театарот „Каземодо“ во Токио и во „Зиан-Хорн“ на Дунав во Австрија. Претставата е преведена и продуцирана во над триесет држави, а режирана од самите автори за театарски компании во Германија, Канада, Велс, Холандија, Унгарија, Данска, Турција и Норвешка.

„Камењата“ има добиено повеќе национални и интернационални награди, а театарот Zeal беше награден со престигиозната „ASSITEJ Интернационален избор на Режисери“ награда за „Извонредност во индустријата на театарот за млади личности“ во Монтреал, Канада во 2005.

Драмата „Камењата“ беше инспирирана од вистинска приказна во која две момчиња на возраст од 13 и 15 години беа осудени за убиство откако шутирале камења од мост над автопат и убиле возач. Од самиот почеток во драмата кај консументот (читачот и гледачот) се јавува дилема, како што забележува рецензентот Донски, „Дилемата околу тоа дали и колку се виновни самите малолетници за ненамерното убиство што го сториле, а колку е виновна околината во која растеле и се воспитувале (не само семејната, туку и пошироката општествено-социјална) како фактор за оформувањето на нивниот карактер и нагон постојано да прават лоши дела заради сопствена забава.“

Несомнено, како што нагласува Донски, „авторите успеале и веродостојно да го прикажат психолошкиот лик на малолетните деликвенти во Австралија. Притоа, гледаме дека нивниот психолошки склоп по ништо не се разликува од  психолошкиот склоп на  деликвентите на нивна возраст од останатите народи и култури.“ Наспроти „борбата“ со ликовите и карактерите на малолетните деликвенти, во драмата „паралелно се одвива уште една психолошко-социјална конфронтација, овојпат помеѓу двајцата полициски инспектори ангажирани во нивниот случај“ кои нудат порака дека и инспекторите некогаш биле деца, склони кон правење детски пакости.

1.0.6 

Стефо Нанцу е роден во Њукастел, Австралија од македонски родители. Во својата 40-годишна кариера има напишано, режирано и глумено во над 160 театарски претстави. Тој бил директор на Сиднејската театарска компанија 2009-2014 година, каде има напишано и режирано десет оригинални продукции, вклучувајќи ја „Левијатан“ со актерска екипа од над триста актери. Тој и денес управува со театарот ЗЕАЛ и создава нови дела во Центарот за уметности во Банкстаун.

9.5

Том Лајкос е роден во Абериствит, Велс од грчки и англиски родители. Неговата кариера како актер, музичар, акробат, драмски писател и режисер се одвива неколку децении, а со Стефо и нивниот театар ЗЕАЛ имаат создадено 12 оргинални продукции.

 Инаку драмата „Камењата“ исто ја има објавено и Универзитетот „Јеил Прес“ – Yale University Press во САД и Издавачката куќа „Сакијекул“ – Sakyejul во Јужна Кореја. Ова е прво македонско издание кое се надеваме дека ќе ги поттикне македонските театри истата да ја стават на сцена и го промовираат делото од овие афирмирани автори, а посебно делото на Стефо Нанцу кој повеќе године е вклучен како режисер во Австралиско македонскиот театар во Сиднеј.

 000

Душан Ристевски 

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Најнови вести

To top