Култура и туризам

ПОДДРЖЕТЕ ЈА НАЈНОВАТА ПРЕРОДБЕНИЧКА ДЕЈНОСТ СРЕДЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА!

1 donski5

1 donski5

ПОДДРЖЕТЕ ЈА НАЈНОВАТА ПРЕРОДБЕНИЧКА ДЕЈНОСТ СРЕДЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА! 

КНИГА ПОД НАСЛОВ  „ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“ НА ГРЧКИ ЈАЗИК МАСОВНО И БЕСПЛАТНО ЌЕ СЕ ШИРИ СРЕДЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО  ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА!

Во издание и под покровителство на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип, се поготвува излегување од печат на книгата „ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“ од историчарот Александар Донски. Освен на македонски, книгата ќе биде објавена и на англиски и на грчки, по што масовно бесплатно ќе се шири среде Македоцните низ егејскиот дел на Македонија кои, поради познати причини, не го знаат македонскиот литературен јазик и умеат да читаат само на  грчки.         

Во книгата на едноставен начин се објаснети сите клучни прашања од етногенезата на Македонците и историјата на Македонија и тоа:

Дека античките Македонци не биле никакви Грци! Наспроти тврдењата на грчката пропаганда и историографија за нивното „грчко потекло“, во книгата ќе бидат понудени сведоштва од десетици  антички автори  кои тврделе дека античките Македонци не биле никакви Грци (Хелени). Така, на пример, античкиот историчар Аријан (I и II  век.) напишал дека постоело (цитат): „…старо расно ривалство помеѓу Грците и Македонците“ за време на Битката кај Ис во која над 30.000 Грци се бореле на страната на Персија против Македонската војска. Латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф напишал дека Македонците и Грците помеѓу меѓу себе комуницирале преку преведувачи, додека Демостен, Тразимах и Хесихиј ги опишале Македонците како „барбари“ (луѓе кои не зборуваат грчки). Античкиот историчар Јустин, пишувајќи за македонската окупација на грчките територии, констатирал (цитат): „Филип… ја наметна моќта на Македонија како ропски јарем околу вратот на Грција и Азија“. Античкиот географ Павсанија (II век) напишал (цитат): „Сите Грци се плашеа од Македонците и од Антигон“… и многу други сведоштва од десетици  антички автори кои јасно сведочеле за посебноста на античките Македонци.

Дека таканаречената „Грчка митологија“ воопшто не била грчка за што ќе бидат понудени докази од релеванти извори. На пример, во светски познатата американска CD Grolier енциклопедија (1995, Novato, CA 94945), за најголемиот број елементи од грчката ми­то­ло­гија, сосема јасно пишува дека се преземени од други култу­ри (цитат): “Грчката митологија содржи митолошки елементи од различни култури и истории.” И  Таткото на историјата Херодот пишува дека речиси ниту едно од божествата на Грците не било грчко. Херодот вели (цитат): „Некои од овие богови (со исклучок на Нептун) верувам дека Грците ги презедоа од Пелазгите. За Нептун, пак, тие дознаа од Либијците, кои отсеко­гаш го славеа.” Херодот пишува и дека стариот балкански народ Пелазги зборувал неразбирлив јазик во однос на Грците. Сето ова аргументирано е објаснето во книгата.

Дека денешните Македонци во најголема мера се потомци и на античките Македонци. Освен ДНК анализите (кои се неприкосновени), ќе бидат приложени уште многу други докази во прилог на оваа вистина. Постојат голем број културни еле­­менти (обичаи, обреди, верувања, фолклорни мотиви и дру­го) кои останале уште од античките Македонци среде Маке­донците во XIX и XX век и сите тие детално ќе бидат прикажани, а за вак­вата појава сведочеле и странски патеписци, кои ја посетувале Македонија. Во врска со етничката свест кај Македонците од егејскиот дел на Македонија (конкретно кај родот Пуливаковци), босанскиот фолклорист Стефан Верковиќ во средината на XIX век запишал (цитат): „Кај родот Пуливаковци постои предание дека се чисти Македонци и по­томци на Александар Велики.”

Дека постојат бројни сведоштва за грчкиот терор против Македонците уште од навлегувањето на грчките војски во Македонија во 1912 година, па се до 1950-те години на ХХ век. Ќе бидат претставени извадоци од писма што грчките војници ги упатувале до своите роднини за време на навлегувањето во егејскиот дел на Македонија во 1913 година, кои биле објавени во 1914 година во публикацијата „Enquete dans les Balcans, Dotatiot Carnegie pour la paix internationale“ (Paris, 1914). Така на пример, грчкиот војник Анастас Патрос, кој учествувал во грчката окупација на Егејска Македонија, на 14 јуни 1913 година му пишува на својот роднина: „Ние овде ги палиме сите села и убиваме жени и деца…” Војникот Бринија на 11 јуни 1913 му пишува на својот брат: „Тоа што им го правиме на  селата е неопишливо. Тоа е вистински масакр. Нема ниту еден  град или село кое не го запаливме…” Војникот Н. Зервас, на 13 јули, им пи­шу­ва на своите родители: „Ние се пока­жавме како далеку посурови од Бугарите. Ние ги силу­вавме сите девојки на кои наидовме…” Војникот Лиудис на 13 јули и пишува на својата мајка: „Добивме заповед да ги палиме селата и да ги убиваме младите луѓе…” Што се однесува до Граѓанската војна во Грција, во која најмногу настрадале Македонците, ќе бидат објавени податоци од  Анкетната комисија на Обединетите нации, која во 1947 година престојувала во Егејска Македонија. За теророт врз Македонците на оваа Комисија изјава  дал и Гркот Јанулис, кој бил еден од командантите на Демократската армија на Грција. Помеѓу другото,  на новинарите кои ја следеле оваа комисија на ОН, тој им го изјавил след­ното: „Јас како Грк се срамам да говорам за теророт над Македонците во Егејска Маке­донија и затоа станав со оружје в рака да се борам против тој ужас…” Во врска со овој те­рор, самиот командант на Демократската армија на Грција Маркос Вафијадис на истата Комисија дал изјава што ќе го вознемири секој цивилизиран човек. Тој буквално посведочил дека грчките монархофашисти гореле живи македонски деца! Еве што изјавил командантот Маркос (цитат): „…Во Меморандумот што  ѝ го предавам на Анкетната коми­сија на ОН детално се прикажани сите злосторства… Мене ми е тешко да говорам за запа­лените села, за писко­тот на децата кои живи ги гореа, за стотици силувани девој­ки, за колежи, за мачења, за убиства од заседа, за пепелот на селата кој со месеци паѓаше на опустените ниви…” Сведоштвата од Анкетната комисија биле објавени уште во 1947 година во Југославија од страна на познатиот српски и југословенски писател Оскар Давичо, кој таа година ја објавил книгата „Меѓу партизаните на  Маркос“ („Триесет дена“, Белград, 1947). Сите овие потресни сведоштва, преку оваа книга, за прв пат ќе бидат пошироко претставени пред денешните Македонци, но и Грци, во егејскиот дел на Македонија!         

Како ќе биде дистрибуирана книгата?

Познато е дека ако се направи обид книгата да се внесе во хартиена верзија во Грција, можна е заплена на тиражот. За да се избегне ова, книгата ќе биде форматирана во ПДФ и ќе биде испраќана по е-маил на нашите браќа и сестри Македонци во егејскиот дел, кои потоа сами ќе можат да ја споделуваат меѓу себе  во електронска верзија, а секој што сака ќе може и да си ја испринта. Книгата на англиски ќе биде бесплатно делена на странски субјекти кои работат во Република Македонија или ја посетуваат, а секако дека можат да ја набават и нашите заинтересирани иселеници доколку контактираат со ЗМЕМ „Мирка Гинова“ од Штип. 

Што се очекува од оваа книга?

Во последно време македонската национална свест засилено се буди среде Македонците во егејскиот дел на Македонија. Ова засега главно се манифестира преку отвореното експонирање на македонскиот фолклор и јазик на јавните собири. Но, ним им се потребни барем најосновни историски познавања затоа што спорот што го имаме со грчките националисти е од историска природа. Неодбранливите аргументи што ги нуди книгата на своите стотина страници претставуваат силно оружје во поткрепа на Македонската преродба која е во тек во егејскиот дел на Македонија. Книгата ќе послужи и како информативно четиво за чесните и добронамерни Грци, но и странци.

Кога ќе биде  реализиран овој проект?

Тоа ќе зависи од собраните средства потребни за трошоците на овој проект. Ги повикуваме македонските патриоти и пријателите на Македонија ширум светот да го поддржат овој преродбенички и мисионерски проект – прв од ваков вид во егејскиот дел на Македонија во поново време. Секој заинтересиран кој сака да помогне може да контактира директно со авторот Александар Донски на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
или преку фејсбук, а секако и со ЗМЕМ „Мирка Гинова“ од Штип.

1donski9

Александар Донски: Почнува новата преродба во егејскиот дел на Македонија!

1donski8Македонски деца избркани од своите домови од егејскиот дел на Македонија

1onski3Македонците во егејскиот дел на Македонија денес се се повеќе свесни за своето македонско потекло.

1 donski5

Мапа на егејскиот дел на Македонија

Македонска нација

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top