Култура и туризам

ОД ГОЛЕМИОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ДО ТЕРМИНОТ ГОРАТА АНТИЛИВАН ВО ЛИБАН (4)

1.9.0

1.9.0

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите,  термините… кои се во „Библискиот речник“: од Александар Македонски, оснивачот на царството на античките Македонци до Антиливан– гората што се протега паралелно со Либан

Александар Македонски – бранител од луѓето, оснивач на царството на античките Македонци; во СЗ се споменува само во двете роканонските книги, односно во 1 Мак 1,1-9; но има некои навестувања за него и во Летописите

Александрија – на арапски Искендерије, град во Египет на брегот на Средоземното Море, чиј основач е Александар Македонски. Бил центар на древната култура, а останал познат по својата библиотека и светилникот. Во овој град била колонијата од Евреи, кои зборувале елински. За нив СЗ е преведен на елински. Тоа е т.н. превод на Седумдесетмината, односно на латински Септуагинта (од секое племе биле земени по 6 преведувачи). Преводот бил општоприфатен, па се цитира и кај писателите на новозаветните книги. Апостолот Павле еднаш патувал со брод кој превезувал жито од Александрија за Рим (Дап 27,6). Александрија била родно место на Аполон, еден од значајните учители на раната Црква.

Алилуја – славете го Господа на еврејски – Древен воскликна пофалба, особено често се среќава во Псалмите,

Алоја – дрога со пријатен мирис, направена од сокот на истоименото индиско дрво. Го спречувала распаѓањето, затоа помешана со смирна се користела во подготовките за погреб.

Алфа – прва буква на грчкиот алфабет. Во Светото Писмо заедно со последната буква од грчкиот алфабет, омега, го означуваат Бог како почеток и крај на се’ (Отк 1,8; 21,6), и вечното Божјо постоење (Отк 1,8). Така се нарекува и прославениот Христос во книгата на Откровението.

Алфеј -1) татко на митникот Леви (Мк2,14);татко на Јаков(МкЗ,18; Дап1,13).

Амајлии – молитвени записи на пергамент (Мт23,5). За време на молитва, Евреите со каиши прицврстувале мали кутии со четири текста од СП, на челото и на левата рака. Во новозаветното време многу побожни луѓе ги носеле преку цел ден; в. Тефилим.

Амалиќани – потомци на Амалик, внукот на Исав, древно номадско племе. Се додека Давид не ги поразил, со векови биле непријатели на Израел (1 Цар 27,9).

Аман – бездушник опишан во книгата на Естира, претседател на владата и миленик на царот Ксеркс; Ги прогонувал Евреите и ковал завера наполно да ги уништи, но бил обесен на бесилката што ја подготвил за роднината на Естмра Мардохеј (Ест 7).

Амарна – древниот Ахет Атон -Атонов зрак, престолнина на Аменофис4, на источниот брег на Нил, на патот меѓу Теба и Мемфис. Во времето на Аменофис (1372-1352 г.пр.И.Х.) бил важен културен, религиозен и уметнички центар. Во него се пронајдени во 1888 г. писма и натписи на акадски јазик, пишувани со клинесто писмо, многу значајни за расветлувањето на културата и историјата на Ханаан.

1.9.1 1.9.2  

Едно од Писмата на Дмарна, таблици со клинесто писмо на кои е опишана социјално-политичката состојба во Ханаан во периодот пред освојуеањето од страна на Еереите

Амарфал – вавилонски цар, го нападнал Содом и соседите, подоцна е поразен од Аврам (1 Мој 14,1).

Амасиј – се обврза Јахве, крал на јужното Јудино царство (797-779 г.пр.ИХ), ослободил излез кон море со победата над Идумејците. Кога за својот син ја побарал за жена ќерката на израелскиот цар Јоас, заради иаследното право на северното кралство, овој го поразил и заробил, а Ерусалим го ограбил. Амасиј побегнал во Лакиш и таму бил убиен (4 Цар 14,1-22).

Амвриј – живот – шестиот цар на Израел, владеел околу 876-869 г.пр. И.Х, Предтоа бил војсководец и се борел против Филистеј-ците (1 Цар 16,23-28). Престолнината Терса ја преселил на еден рид во Самарија, кој припаѓал на Семер. Во негово време Израел бил помоќен од Јудеја. Го збогатил и унапредил со низа потези: ја претворил Самарија во трговски центар, воспоставил деловни односи со Фениќаните, а својот најстар син го оженил со ќерката на тирскиот цар. Царувал вкупно дванаесет години.

Амесај-1) водач на бунтовничката војска на Авесалом (2 Цар 17,25). Поразен од Јиав, помилуван од Давид и назначен на местото од Јоав, кој потоа го убива (2 Цар 18,20); 2) човек од Ефремовото племе, го послушал пророкот Одед (2 Лт 28,9-15).

Аметист – пурпурен или виолетов скапоцен камен, видкварц.

Амин – еврејски збор на крајот на молитвата и значи нека биде така или, така ќе биде (Откр 3,14; 1 Кор 14,16; Пс 41,13; Мт 6,13). Етимолошки, означува доверба, цврстина на верата.

Аминадав – таткото се покажа дарежлив, 1) човекот кај кого бил ковчегот на Заветот, додека Давид не го пренел во Ерусалим (1 Цар7,1; 2 Цар 6,3); 2) син на царот Саул, кој погинал заедно со него (1 Цар31,2).

Амнон  – најстариот син на Давид, ја силувал својата полусестра Тамара и потоа ја отфрлил. Поради тоа бил убиен од нејзиниот брат Авесалом (2 Цар 13,28).

Амон – извежбан вешт, цар на Јудиното царство (639-638 г. пр. И.. X.), го убиле неговите слуги (4 Цар 21,19-26); 2) сокриен, божествона градот Теба и бог на египетското царство; единствено египетско божество што се споменува во СЗ (Ер 46,25).

Амонци – потомц/ на Лот, внукот на Аврам. Биле огорчени непријатели на Израел. Живееле источно од Јордан и Мртвото Море, Саул ги поразил, а Давид им го зазел главниот град (2 Цар 11,30).

Аморејци (Аморити) – Старо племе кое живеело најпрво во Вавилон, но оттаму ги истерале Хетитите. Пред израелското освојување, се населиле во планините во Канаан (1 Мој 15,16).

Амос – скратено од Амасија –носел Јахве еден од малите про-роци, кој живеел во Јудеја, Јужното царство, меѓу 800 и 700 г.пр.И.Х, Бил пастир и љубител на природата. Бог го испратил во Северното царство, Израел, да зборува за злото на неговите владетели. Ја претскажал казната што им претстоела и ги убедувал дека ќе ја избегнат ако поверуваат во Божјата милост и правда (АмосЗ).

Амосова книга – книга од СЗ,напишана како долга пророчка песна и содржи многу описи на селскиот начин на живеење. Приказна за селанецотпророк.

Амрам – ,,народот е возвишен”, според 2 Мој 6,20 таткото на Мојсеј и Арон.

Амрафел – Крал на Шинеар (Вавилон), кого го поразил Аврам.

Амфипол – град заобиколен со карпа, трговски центар на римскиот пат Виа Игнација, на северниот брег на Егејското Море. Престолнина на Античка Македонија. Апостол Павле поминал низ него, одејќи за Солун.

Ана – се смилува Јахве – 1) саканата сопруга на Елкана од Ефремовото племе. Долго време немала деца и го молела Бог да ѝ даде син кого би Му го посветила Нему. После тоа го родила Самуил и од благодарност кон Бог кога имал три години, го предала на Илија, свештеник во храмот во Силом (1 Цар 1); 2) Ана пророчица, заедно со Симеон го признава Исус Христос за спасител на светот (Лк 2,36-38); 3) Ана првосвештеникот – садукеј, лукав суетен старец, кој управувал со Евреите од 7 до 15 г. Прокураторот  Валеријан Грат го отстранил од владеачката положба во Синедрионот заедносо неговите на следници, некаде околу 15-26 г. На негово место дошол Јосиф Кајафа, неговзет. Стражаритему го довеле нему Исус, а тој по испрашувањето го пратил кај Кајафа(Јов 18,12-13).

Ананија – антички грчки облик на еврејското лично име Хананија -милосрден е Јахве. 1) член на првата христијанска заедница во Ерусалим, кој заедносо женаси Сапфира сокрил дел од сумата од продаденото земјиште и затоа умрел (Дап 5,1-10); 2) Христијанин од Дамаск кој го лечел и негувал ослепениот Павле, а потоа го гокрстил (Дап 9,10-19; 22,12-16). 3) првосвештеникот(околу 47-59 г.) кој ја водел истрагата против Павле во Ерусалим и го обвинил пред управителот Феликс (Дап 24,1-9). Бил убиен од противниците на Рим, на почетокот на рим-ската војна во 66 г.

1.9.3

Амрам

Анатема – проклетство (1 Кор 16,22), грчки збор користен при преводот на Септуагинтата. Зборот се користи и како израз за проклетство надвор од Јудаизмот.

Анатот – град во Венијаминовото наследство, доделен на левитите (ИН 21,18; 1 Лт 6,45). Во него бил изгнан Авијатар (3 Цар 2,26); родно местонаЕремија(Ер1,1; 11,21; 32,7). Повторно бил населен после вавилонското ропство.

Ангел чувар – в. ангел. ф – мажествен, еден од дванаесетте апостоли, брат на Петар (Јн1,40-44), потекнува од Вирсавија. Исус го повикал најпрво него. Се споменува во Мк 13,3 и Дап 1,13. според преданијата делувал на Балканот и во Јужна Русија и бил мачен.

Андроник –победник на мажите, 1) пагански владетел, по негова наредба бил убиен свештеникот Онија III и затоа по наредба на Антиох, Епифан бил убиен; 2) еден од првите христијани и заточеник на кого апостолот Пав-ле му испраќа поздрави во 1 Мој 22,11, а последен пат се среќаваат во последната новозаветна книга – Откровението, 22 глава. Бројотна ангелите според СП е огромен, но не е потенцирано колкуточно изнесува.

Антихрист– директниот Христов противник, според Павле син на пропаста; во Посланијата на Јован се зборува за него, а најјасно го опишува Јован во Откр., посебно во 13. Глава. Таму е опишан како ѕвер кој ќе се појави на крајот од светското време и ќе оформи светско царство и со Сотоната и лажните пророци ќе создаде пеколно тројство, кое Христос конечно ќе го совлада (Откр19,11-20). в. ѓавол.

Антилегомена – в. канон.

Антиливан – гора што се протега паралелно со Либан, чиј најјужен и највисок дел е Хермон. Во СЗ за поедини негови делови се користат различни имиња.

Продолжува

 9.9.9 d5

Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top