Култура и туризам

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ – ДЕЛ II (13)

2.3.2

2.3.2

ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ   

Преподобни оче Кириле,

Македонскиот народ дури пред четврт век, и тоа само во еден дел од својата сакана земја, се најде слободен. Оној народ на чиј јазик, со Божјата промисла, Ти ги преведе првите книги на словенски јазик и со словенско писмо, народот на Светиклиментовиот древен Охрид, каде пред повеќе од илјада години работеше и првиот Словенски народен универзитет, низ кој поминале преку 3.500 ученици, народот што има големи заслуги за просветата на сите словенски народи, ја имаше најтрагичната судбина последен да се ослободи и со својот литературен јазик последен да влезе во ризницата на светската култура и цивилизација.

Меѓутоа, Те уверувам, преподобни оче Кириле, дека во тешките дни на искушенијата низ кои врвеше мојот народ и Црква, честите молитви што нечујно ги искажуваше кон Господа нашиот човек, беа упатени и кон Тебе, кон Твојот брат свети Методиј и Вашите ученици свети Климент и Наум, Сава, Горазд и Ангелариј. Преку Вас Спасителот, Господ Бог ги услиши нашите молитви и еве денес ние Ве славиме на глас и ја искажуваме нашата топла и срдечна благодарност.

Можеби ќе ни замериш преподобни оче Кириле што на вака скромен начин ја искажуваме нашата благодарност. Те уверуваме дека тоа е честитата и срдечна интима што кон Тебе ја изразува Твојот македонски народ и Црква. Нека оваа скромна плоча биде само симболот на нашата безгранична почит и благодарност. А приклонувајќи се кон Тебе, ние Ти се молиме, како досега, така и во иднина да бидеш наш застапник пред престолот Господов. Едновремено, со честита совест Те уверуваме дека македонскиот православен народ, верен на своите претшественици, е и ќе остане доследен кон спасителното учење на Христовата вера.

2.3.3

Во оваа прилика не можам, а да не искажам голема благодарност и кон блаженопочившиот свети отец папата Адријан II, што така својски Те прими кон крајот на 867 година во Рим, како и на почитуваните ирски доминиканци, со чија заслуга и до ден-денес се чувани Твоите свети мошти во овој Божји храм. Впрочем, тоа е должно внимание кон Тебе, преподобни oче Кириле, и затоа што со твоја заслуга моштите на свети Климент Римски денес почиваат во овој свети храм.

Поставувајќи ја оваа скромна спомен-плоча ние чувствуваме долг да изразиме признание и кон вечниот град Рим, што во неговите пазуви повеќе од 11 столетија почиваат светите мошти на рамноапостолот и сесловенскиот просветител, свети Кирил Солунски.

Приклонувајќи се во нашите божествени молитви пред Тебе, преподобни оче Кириле, Ти ветуваме дека доследно ќе го продолжиме патот кон спасението по кој Ти, свети Методиј, свети Климент и Наум нас не поведовте. Зашто и денес Твоето учење е исто толку, ако не и повеќе од нужно луѓето и народите, човекот да биде брат со другиот, а границите се помалку да ги делат среќните и несреќните. Онака, како што Ти од Твојата татковина појде во други земји и татковини да ги учиш луѓето и народите.

АМИН!

На крајот, Хорот на Скопската радио-телевизија исполни делови од „Литургијата на свети Јован Златоуст” од познатиот македонски композитор од XIX век, Атанас Бадев.

Делегациите имаа повеќе приеми кај официјални црковни и државни функционери и насекаде беа пречекувани со мошне забележливо внимание, почитување и интересирање.

Делегацијата мошне срдечно беше пречекана од страна на градоначалникот на Рим г. Клелио Дарида, кој на шефовите на делегациите, архиепископот господин Доситеј и потпретседателот на Собранието на СР Македонија г. Ванчо Апостолски, им врачи златни медали по повод 2700-годишнината од основањето на Рим, а на другите членови на делегациите спомен-плакети.

По завршувањето на главната свеченост, откривањето на споменплочата над гробот на свети Кирил, нашите делегации со претседателот на Сојузната комисија за верски прашања г. Мило Јовичевиќ, југословенскиот пратеник при Светата столица г. Вјекослав Цврље и нивните соработници го посетија кардиналот господин Шепар.

Домаќинот срдечно ги пречека своите гости и пројави голем интерес за приемот кај папата Павле VI, за средбите со високите претставници на римокатоличката црква, а особено за свеченостите по повод откривањето на спомен-плочата над гробот на свети Кирил.

Со посебно задоволство претставниците на обете делегации го истакнаа својот голем восхит од срдечноста и гостпориемноста на Неговата Светост папата Павле VI, кардиналот господин Вилебрандс и другите еминентни претставници на Римокатоличката црква.

На кардиналот Шепар му се искажа особена признателност и благодарност за неговиот вонреден придонес за успешното извршување на оваа мисија, како и за посредништвото при создавањето на блиски екуменски врски со претставниците на католичката црква.

Во знак на внимание му беше предаден скромен подарок – Албум на фрески (копија) од најстарите цркви во Македонија. Кардиналот господин Шепар топло се заблагодари на вниманието и го изрази своето големо задоволство за се она што во името Божја го сториле нашите делегации во Рим. Се извини што поради своето слабо здравје не можел лично да учествува на тие свечености. Мислено и духовно бил на истите.

На 24 мај 1970 година, делегацијата на Македонската православна црква, на чело со архиепископот госодин Доситеј направи куртоазна посета на Ориенталниот институт во Рим и мошне срдечно беше примена од ректорот г. Иван Жужек и професорскиот колегиум.

Неговото Блаженство со избрани зборови ги поздрави домаќините и им пожела успех во нивната научна и мисионерска работа, а потоа им предаде подароци: на ректорот своја лична фотографија и албум од репродукции на средновековните фрески и икони од манастирите и црквите во Македонија; на професорот г. Лацко ист албум; и на Институтот (за библиотеката): Свето писмо на Новиот завет (на македонски јазик); „Свети Климент Охридски” (916-1966 година); „Од свети Кирил и Методиј до нашите денови”; Молитвеник; Црковна историја на Македонската православна црква; Историја на македонскиот народ (во три тома). Од страна на државната делегација на СР Македонија на Институтот му беа подарени 50 одбрани дела од македонската историја и литература.

Во прекрасната сала Гонфалоне се одржа концертот на Хорот на Радио-телевизија Скопје, на чија програма се наоѓаше „Златоустовата литургија” од Атанас Бадев, „Иже херувими” од Трајко Прокопиев, „Величание на свети Кирил и Методиј” од Тодор Скаловски, „Тропар” и „Светилен” од ораториумот ,,Похвала Кирилу и Методију” од Томислав Зографски .

2.3.4 

Света Софија во Охрид                                    

Во вториот дел на програмата настапи Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, под диригентство на г. Ванчо Чавдарски, кој исполни дела од македонските композитори: суитата „Тонска репродукција” од Миодраг Јановски, „Полиномот бр. 1″ за гудачки оркестар

од Сотир Голабовски и „Класичната суита” за камерен оркестарод Томислав Зографски.

Целата оваа музичко-литературна програма се одвиваше во импозантен амбиент украсен со изложените фрески од Македонија, посветени исклучително на свети Кирил и Методиј и нивните ученици свети Климент и Наум Охридски.

Во 1970 година, МАНУ во два тома ги издаде поднесените реферати на симпозиумот: Кирил Сонунски, /, 11, (МАНУ-Скопје 1970).

Од 1970 година во Рим почна да излегува годишното списание “G/oria а Ѕап Cirillo”, секогаш на 24 мај (24 maggio Roma), во кое, меѓу другото,се застапени следните материјали: Во бројот од 1970 година воведнастатија за светите браќа Кирил и Методиј напишал Гане Тодоровски,Петар Миљковиќ Пепек пишува во истиот број за ликовите на светитебраќа од Солун и на нивните ученици во Македонија.

Во 1971 годинаГеорги Сталев објавува труд за улогата на светите браќа Кирил и Методијкако создавачи на словенската култура. Цветан Грозданов пишуваза минијатурите во македонските средновековни ракописи. ДрагославОртаков објавува статија за црковната музика во Македонија. Во бројотод 1971 година, пак, Бранко Панов дава историски пресек за делотона светите Кирил и Методиј меѓу Славените.

Списанието од 1974 година и е посветено на македонската поезија. За бесмртното дело на светите Кирил и Методиј се однесува написот на Томе Саздов во бројот од 1975 година. Коста Балабанов се јавува со труд за култот на светите Кирил и Методиј во сликарството на Македонија од XIX век. Во списанието од 1976 година Блаже Конески говори за традицијата и делото на светите Кирил и Методиј.

Во истиот број Драгослав Ортаков пишува за црковната музика во Македонија. Радмила Угринова-Скаловска во бројот од 1977 година пишува за старословенскиот јазик. Во 1978 година Вера С. Антиќ објавува статија за делото на светите Кирил и Методиј, а Блаже Конески есеј за свети Климент Охридски.

Во 1988 година се појави јубилејниот број на списанието “20 anni della manifestazione” “La Jugoslavia in onore di San Cirillo”. Во овој број со воведник се јавува Вера С. Антиќ и говори за делото на светите Кирил и Методиј. Следи и хронографија на дваесетте години од манифестацијата “Југославија во чест на свети Кирил” (1969-1978), 37-52 (во наредниот текст „Во чест на свети Кирил”).

Продолжува

 0711 
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top