Култура и туризам

ОД ПРИСТАНИШТЕТО АСОС ДО ИМЕТО НА МНОГУБОЖЕЧКИОТ БОГ ВААЛ (6)

2.3.5

2.3.5

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите,  термините… кои се во „Библискиот речник“: од Асос – морското пристаниште во северозападна Мала Азија, до Ваал – господарот или власникот, многубожечкиот бог на растот и плодноста

Асос – морско пристаниште во северозападна Мала Азија, во Турција, кој е познат по тоа што Аристотел отворил своја Академија и апостолот Павле поминал низ него (Дап 20,13), при едно од своите мисионерски патувања

Аспида – измислено суштество полупетел-полузмија, кое убивало со поглед (Ис 11,8; Мт 3,7; Рим 3,13).

Астар – места во Астарта, хананска престолнина (5 Мој 1,4)

Астарта -хананска и феникијанска божица, жена на Ваал; нејзиниот кип се обожувал во одредени периоди во Ерусалим (3 Цар 15,3), во Израел ( 3 Цар 16,33), во храмот на Ваал во Самарија (4 Цар 10,25), а дури и во храмот на Јахве во Ерусалим {4 Цар 21,3.7). Наредбите и заканите од 5 Мој 7,5; 12,3;16,21, се однесуваат на отстранувањето на нејзините обележја меѓу Евреите. Вообичаено се споменува заедно со Ваал.

Астијага – последниот царна мидијското царство, кој бил поразен од неговиот заменик Кир, околу 550г.пр.И.Х.

Астина (Јашти) – кралицата на Ксеркс I, се споменува во книгата на Естира.

Астролози – древни набљудувачи на небото; ги проучувале движењата на небеските тела со цел да го откријат нивното влијание врз животот на луѓето. Нивните проучувања водат потекло од вавилонските гатачи. Нивните проучувања го овозможиле развојот на денешната наука астрономија.

Асуан – в. Севан.

Асур (Ашур) – главен бог на Асирците и назив на нивната прва престолнина (Ездра4,2).

Асурбанипал – цар на новото асирско царство (668-626 г.пр. И.Х.).

Асхан – ,,копча за нога”, ќерката на Халев, што тој му ја дал на брата си Готонил за жена (ИН 15,16-19; Суд 1,11-15).

Аталија – лично име на повеќе личности од СЗ, на пр: кнегињата од Сев.изр.царство (4 Цар 8,18); ќерката на Ахав и Езавела; жената на Јорам итн.

2.3.6 

Атина

Атина – грчки град што го посетил апостолот Павле (Дап 17,15-34) на второто мисионерско патување; древно средиште на уметностаи образованието, познатпо воената сила на колониите.

Афек – корито на потокот, назив на некои канаански градови, најпознат е пристаништето северно од Кармел, Израелците никогаш не го освоиле (Суд 1,31).

Ахав – цар на Обединетото израелско царство, (875-854 г.пр.И.Х.), успешен политичар, чие владеење било време на благосостојба; но се оженил со Езавела, ќерката на сидонскиот цар, па и тој почнал да му се поклонува на Ваал; напаѓан од пророците зашто отстапил од еврејската вера.

Ахаз – Јахве зафатил, цар на Јужното Јудино царство (763-721 г.пр.И.Х.), не се приклучил на сојузот со Северното израелско царство и Сирија против Асирија, земјата ја довел во тешка состојба. За да ја избегне пропаста, го повикува царот на Асирија Теглатфеласар, со што привремено ја спасува својата земја, но ја доведува до потполно асирско влијание. Во Библијата се споменува како негативна личност, го жртвувал споствениот син на асирскиот бог Молох (4 Цар 16).

Ахаја – во НЗ римска провинција во која бил вклучен Пелопонез и Северна Грција, јужно од Илири-а, Епир и Тесалија, кои биле дел од Македонија. Главен град бил Коринт (Дап 19,21; Рим 15,26; 1 Сол 1,7-8; 1 Кор 16,15).

Ахија – брат е Јахве, лично име на повеќе личности, најважен е Ахија пророкот од Силом, кој го навестил царувањето на Еровоам (3 Цар 11,29-36), а подоцна и неговата пропаст (1 Лт 14,5-16).

Ахикам – братот се возвиши, дворски службеник, кој го заштитил Еремија за време на владеењето на Јоаким (Ер 26,24).

Ахимас – брат ми е гнев, син на свештеникот Садок, доушник на Давид за време на побуната на Авесалом (2 Цар 15,36; 17,17-21).

Ахионама – една од жените на Давид, мајка на Авесалом и Тамара (2 ЦарЗ,2).

Ахиор – амонски војсководец.

Ахитофел – Давидов советник, се приклучил на побуната на Авесалом против Давид, се обесил кога сфатил дека не успеал (2 Цар 17,23). Единстввн опишан случај на самоубиство во СЗ.

Ахор – долина меѓу Ерусалим и Јордан

Бадем – вид дрво што расте во Палестина. Цути во текот на јануари. За Израелците било симбол на надежта. Ароновиот стап процветал во бадемови цветови (4Мој 17,8).

Балсам – вид маслена материја со пријатен мирис добиена од одредени видови дрва. Се користи за намалување на болките, во козметиката и за балсамирање (1 Мој 37.25).

Балсам гилеадски – смола што се добива од кората на некои грмушки; се користи како лек (Ер 8,22).

Бичување – се вршело над престапници, мажи, кои немале римско државјанство (Дап 22,25). Се користеле кожни каиши, со вплетени метални предмети или коски. Вообичаено му претходело на распнувањето, а неретко завршувало со смрт (Мт 20,19; 27,26; Јв 19,1).

Благовест – радосната вест што Архангел Михаил и ја соопштил на Марија, дека ќе стане мајка на Божјиот Син (Лк 1,26-28). Буквален превод на грчкиот збор „евангелион”, кој се одомаќинил кај нас и како Евангелие.

Благослов – призивање на Бог да ја излее својата милост над некого. Во прв ред го искажувал таткото. Тој бил и свештеник на домот и неговиот благослов го утврдувал домот. Еднаш изречен благослов, не се отповмкува и затоа ја утврдува судбината на човекот (1 Мој 27). Посебно делотворен е благословот на родителите (1 Мој 9,25; 27,28-29). Се благословува во најразлични пригоди: При разделба или мажачка, на пример случката со Ревека (1 Мој 24,60); кога се добиваат подароци, или за нечија помош (1 Мој 9,26; 1 Цар 1,31); кога нешто се посакува, или семоли за нешто, како примерот со Ана и Илија (1 Цар 1,17) итн. Посебна моќ има свештеничкиот благослов. Бог им заповедал на Арон и на другите свештеници да го балгословуваат народот (4 Мој 6,22.27; 3 Мој 9,22-23). Тоа е т. н. Аронов благослов. После вавилонското ропство свештениците изговарале благослов секое утро и секоја вечер после принесувањето на жртва. Истото се прави и во синагогите, а само во Храмот се искажувал благослов без прекин. Христос ги благословил своите ученици (1 Кор 10,16). Највисоката Христова заповеде: „…љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат…” (Мт 5,44).

Блаженства – стихови со кои почнува  Христовата  Проповед на гората (Мт 5,3-12; Лк 6,20-23).

Блуд – неморал, во преносно значење непослушност кон Бог (Осија 1,2; 3,1) и обраќање кон други богови (Откр 14,8).

2.3.7

Бог – име на Творецот на вселената, Господар на небото и земјата, Татко на сите нас.

Бог – кај паганите, натчовечко суштество со моќ над природата и над човекот; лик или животно за кое се сметало дека поседува божествени особини; идол (Ис 44,15).

Богобојажливи – пагани кои делумно се придржувале до Мојсеевиот Закон и учествувале во еврејското богослужење во синагогите. Не се исто со прозелитите, кои пак биле многубошци кои со обрезување според законот преминувале во јудејство и се обрзувале да се придржуваат на целиот Закон.

Божји  имиња – вистинското Божје име во СЗ е ЈАХВЕ. Се користат и други имиња, од кои повеќето означуваат особини. На пример: Господ, Семоќен, Вседржател. Тие имиња делумно биле користени и од паганските народи за нивните божества, на пример: Адонај (Господ), Ел, Елохим, Елоах, Шадај. Бог се нарекува и Господ Саваот (Господ над небесните војски ). Изразот Елохим може да се однесува и на повеќе богови (Суд 9,13), но главно е ознака за единиот Бог. Ретко се користел тој израз за означување на нешто божествено, на пример за духовите на мртвите (1 Цар 28,13; 2 Мој 7,1). Јахве- најчесто користено Божје име. Претставува т.н. тетраграм: четири согласки, зашто самогласки во тоа време не постоеле. Така е напишана целата Библија и во неа Божјето ше е напишано како ЈХВХ. Во 9в. Масоретите ги додале самогласките, па го измениле и овој израз. Но не ги додале одговарачките точки и вокали за ЈХВХ, зашто тој збор не смеел да се изговара, туку оние што одговарале на „Едонај”, другото Божје име. Така побожниот Евреин секогаш наместо Јахве читал Адонај. Подоцна тоа се заборавило и почнале да се читаат вокалите на другото име означено кај ЈХВХ, па се добил погрешниот изговор Јехова.

Брада – кај Евреите знак на мажественост. Како знак на жалост се бричела или кубела (Ездра 9,3; Ис 15,2; Ер 42,5). Кога царот на Амонитите ги избричил на половина главите на пратениците на Давид, многу ги навредил и понижил (2 Цар 10,4-5).

Браќа – браќа, роднини, припадници на иста група, племе или народ.

Браќата на Исус Христос – Се спомнуваат во НЗ (Мт 13,55; Мк 3,22; 6,3). Тие го испратиле во Јудеја, но не верувале во Него (Јв 7,2-9).

Броеви – Четвртата Мојсеева книга, во која се опишува историјата на Израелците од нивните последни денови на Синај, патувањето до ханаанската граница, лутањето низ пустината во текот на четириесет години и настаните што следеле потоа: смртта на Арон и Мирјам, победата над Аморејците и војната против Мидјаните. Содржи и делови од древната поезија.

Ваал- господар или власник, многубожечки бог на растот и плодноста. Го обожавале на различни начини Хетитите. Феничаните, Египќаните и Ханаанците. Тие верувале дека тој е потомок на Ел, татко на сите богови (Суд2,13).

Продолжува

 0.0.0   6G  

Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top