Култура и туризам

МОРИКОНЕ, КАЗАКОВ, КУКУБАЈСКА – Македонски етно џез и италијански наратив

2.5.8

2.5.8

Успешниот македонски музичар Зоран Казаков живее, компонира, изведува и снима во Швајцарија и има специјализирано труба како и италијанската легенда Енио Мориконе. Заедничка им е пасијата кон звуците на битот и етносот од стариот свет и предизвиците од новиот, италијански, американски, европски и македонски. Музиката на оскаровецот Мориконе за италијанскиот филм Cinema Paradiso, 1988, со својата емотивна и мисловна сила го инспирираше Казаков да компонира сопствен авторски аранжман за труба. Македонскиот писател и поет Марија Емилија Кукубајска, која ги има следено предавањата по мастерс предметот „Филозофија и филм“ кај филмскиот критичар Иван Свитак, Државен Калифорниски Универзитет Чико, ја толкува идејата на овој филм:

свеста за реален живот и фантазијата за филмски успеси надвор од стабилниот и навидум стагнантен свет. Во тој калеидоскоп се препознава и светот на Сицилија и Македонската современа – светска и Балканска драма. Музичкиот аранжман на Казаков и книжевниот аранжман на Кукубајска, ги озвучуваат културолошките и социолошки тензии во Cinema Paradiso поставени помеѓу постмодерните одумирања на дотогашното проектирање на измислена реалност, и традиционалните тежнеења кон рамнотежа и идентитет. Тоа е повторливата драма на номадскиот немир кај младите да ја искусат „другата страна“, борејќи се со себе и со другите, заробени помеѓу фиктивни филмски измами и соништа за привидниот рај надвор од природниот и присебен, разумен и рационален хабитат.

Мини есејот „Бездомните филмски илузии“, е дел од соработката на Марија Емилија Кукубајска со Зоран Казаков на серијата етно џез аранжмани и мини наративи инспирирани од македонски народни песни и европски приказни: Сношти минав покрај вази, Стар бел дедо,  Јано мори, Си заљубив едно моме и Чизми од седум милји. Серијата е создадена во текот на изолацијата од ковид-19, и ќе биде виртуелно изведена годинава, во чест на 70 години од животот на Марија Емилија Кукубајска.

БЕЗДОМНИТЕ ФИЛМСКИ ИЛУЗИИ                                                                                                                     

Познатиот уметник Тото одбра да биде, далечен, сокриен, недостапен, непрепознатлив

за средината во која се родил, од која излегол и не се вретил со децении. Кога му јавуваат за смртта на татко му, пред да се врати во родниот крај, две сценарија замислува. Едното: Ах, требам да одам, тој ми беше, иако недостижен за мене, пример за рајски човек. Другото: Не, за секогаш ме одбива строгото воспитување негово, иако бев прв тепач во улицата. Да одам ли? Цел живот не се зближив душевно, а душата ни потекнува од иста лента днк и тахиони. Да одам ли? Од таму ние децата шампиони постанавме во рани патувања по светот. Таму, само во нашата куќа списанија филмски имаше, Дуга, Филмски Свет… само Ал-Фредо мој носеше прозападни шапки, громби капути, бели свилени марами, алпско-словенски пумпарици по неговото школување на север. Само тој знаеше да проектира филмови за осигурување на индустрија и цивил, по ѕидови на заостанатите гратчиња и села. Но, несреќа ли, или проклетство Балканско е – децата да ги снемува од  семејните огништа. Во еден од огновите, слеп остана не Ал-Фредо таткото, туку синот.

Иако без очи, а само со желба и фантазија, оди Тото далеку. Куќата богата и славна како на филм, остана изгорена, напуштена. Ниту гради ниту напредува граѓанинот Чичо, тој што сака моќ да проектира, а останува во темна ноќ на пороците. Тото пак, како да е копија, плукнат имиџ на Чичо: едно срце женско заведува, друго разведува, трето едновремено во рајски пекол го воведува, во име на уметноста на слободата. Кога една од девојките го проколна оти Тото побегна, и не ја зема со себе, и не се врати по неа… Што да каже татко му, што мајка му!? Да бараат да се врати, Тото одново ќе пати од големи соништа во мал град. Да се помират далеку оти е тој – знаат дека големиот град може и гранд-соништа да срози во црни рози, во ружи пластични, во кошмари еластични од ноќ во ден во ноќ, во немоќ…

Ни е да се врати ни да остане, во лимбо виси и се вее од една до друга фабрика

на нов дизајн на животот во големиот свет на новиот филм. Никогаш ли да не гледа наназад?! Но, што ако: напред на новата Лева обала значи назад кон нечисти срца, загадени мисли, продадени тела??!! А, што ако пак на онаа другата, некогашно лева страна во стариот крај, одново десните се заробени од левите. Да се врати – никогаш – нема да загине – Да живее ли спрема конфузни Делфи пророштва, и да биде ни таму ни ваму?! Или, никогаш да не се враќа, ниту за посета. Не е Тото носталгичен веќе. Грешниот град го научи да не плаче ни за куче, ни за маче, а камо ли за писма да разменува, и близина со фамилијата стара и славна како на филм, од девет генерации зачувана во иконостасот, во куќата на спасот близу Л’џите. Крадците лажеле: требало да се чува вековното наследство од таа куќа – во туѓи музеи, а куќата музеј – не била во план!? 

Куќата ја срушија комунистите, откако изнесоа се’ историско од неа. Сребрени шандани

и саани од Божјиот гроб, кожи од ѕидовите во иконостасот насликани со библиски сцени,

резбани резеда розети од таваните, резбани канабети и фајанс вазни, дури и англиски клозет од 19 век. Без трага изнесоа богатства од куќата, а од полињата – најубави ниви од двете страни на Брегалница… ги грабнаа, во државна сопственост за лажен имот на државата, ги оттуѓија од приватна, лична сопственост, со пот и крв заработена со народот заедно.  И ретко чесно заработеното злато го ископаа, и од темели на куќата со 12 соби и од темели на чифликот. Амбари сметоа, стока однесоа, заклаа, во име на народот, ама не за народот да го хранат. Така, тоа Кино Парадизо го срушија, го срамнија со земја, паркинг да биде за новото време на безумните колари што возат кон пустош.

Дали Тото ќе се помири со минатото свое, дали ќе сфати конечно кој е, откако најважните животи беа погребани, а тој не го пушти филмот да ги разгледа внатрешните содржини, скриените парчиња ленти некогаш што ги проектираше во име на страста за слободата. Ни солза ни збор не пушти да се повре со последните преживеани. Ни гробот на Ал-Фредо не сака да му е причина да се врати на родниот Рај, до крај да го изгледа филмот во родниот крај, покај родителите починати и другите, сеуште незаминати од киното. Мачна носталгија, безмилосно практичарење.

Траги-комично криумчарење на душата во туѓина.

 1МК

Проф. Марија Емилија Кукубајска 

Најново од: Култура и туризам

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

To top