Култура и туризам

КОЈ Е АВТОРОТ НА ПЕСНАТА „КОГА ПАДНА НА ПИРИНА РАНЕТ ЈАНЕ САНДАНСКИ“?

1JANE

1JANE

Речиси нема кој во Македонија не ја знае патриотската песна „Кога падна на Пирина ранет Јане Сандански“ посветена на последните мигови од животот на пиринскиот цар Јане Сандански. Меѓутоа малкумина знаат дека тоа не е народна песна, туку е авторска  композиција од извесен Венко Темеќаров од пиринскиот дел на Македонија, како и дека песната е од релативно понов датум (најверојатно од 1960-те години на ХХ век).

Децидни податоци за ова за првпат се објавени во книгата „Жестокоста на бугарскиот национализам и неговите слуги против Македонците“ од неодамна починатиот Јордан Костадинов (1932 – 2019), кој беше еден од основачите на ОМО „Илинден“ и кој своевремено трипати бил затворан заради Македонија од страна на бугарскиот комунистички режим. Неговата книга е објавена во 2018 година и истата е подготвена и преведена од бугарски од А. Донски. Во книгата се опишани членувањето на Јордан Костадинов во илегалните македонски организации во пиринскиот дел на Македонија, како и неговото апсење, судење и затворање од страна на режимот на диктаторот Тодор Живков за време на кој Македонците во пиринскиот дел го живееја својот најтежок период. Книгата од Јордан изобилува со голем број документи од неговото полициско досие, како и со толкувања на истите од негова страна, а секако и со описи на сето она што го доживувал додека во три наврати лежел по бугарските затвори заради неговите заложби за признавање на националните права на Македонците во Бугарија во тој мрачен период. Би било добро секој да ја прочита оваа исклучително интересна книга, а од бројните имиња, настани, автентични записници од сослушувања, пресуди и сл., овде ќе ја издвоиме само епизодата поврзана со насловот на овој текст.  Авторот на песната „Кога падна на Пирина ранет Јане Сандански“  Венко Темеќаров се родил во 1942 година во село Мусомиште во Благоевградскиот округ во пиринскиот дел на Македонија. Бил извонреден хармоникаш, свирел во свадби, но и самиот компонирал песни. Една од овие песни е и „Кога падна на Пирина…“, која подоцна некако стигнала до тогашната Радио Скопје, каде наскоро била снимена и емитувана на радио брановите во  СР Македонија. Венко и самиот отпрвин членувал во македонска илегална организација, но бил уапсен од бугарската комунистичка милиција, поради што лежел затвор. 

Во јули 2020 година од страна на македонски активист од пиринскиот дел на Македонија, добив податоци за илегалната македонска група во која членувал Венко Темеќаров. Според овие податоци, групата била илегално вооружена, но на крајот о 1950-те години била откриена од бугарската милиција. За време на распитот    неколку дена биле држани без храна, а потоа им биле дадени солена риба, леб и алва. Гладните членови на групата се нафрлиле врз храната, но потоа сфатиле дека не им била дадена вода. Милиционерите им рекле дека ќе добијат вода само ако кажат сѐ што знаат за илегалната група. На тој начин, во затворот некои биле „превоспитани“ и подложени на голем притисок, мачења и уцени, па по излегувањето тие станале соработници на милицијата.       

Што се однесува до самиот Венко, еве неколку сведоштва за него објавени во книгата на Јордан Костадинов. Од Записникот за распит  на обвинетиот македонски активист и член на групата на Јордан Костадинов, по име Иван Василев Ѓуџанов, од септември 1974 година, во врска со Венко читаме: „За Венко можам да го кажам следното. Го познавам од 1958 – 1959 година, кога доаѓаше во нашето село да свири на младинските забави. Венко е добар хармоникаш и е познат во речиси целиот Гоцеделчевски крај. За него знаев дека учествувал во некаква организација која се залагала за создавање самостојна македонска република и дека самиот компонирал песни кои и денес се емитувале на Радио Скопје“.           

Во продолжение истиот македонски активист, во истиот Записник (од септември 1974 година),  Иван Василев Ѓуџанов, сведочи: „Како што спомнав претходно, целта ни беше да се обедини Македонија и да биде независна република. За постигнување на оваа цел требаше да се соберат здрави момчиња, кои ќе бидат целосно посветени на реализирањето на оваа цел. Оваа насока и план ни беа посочени од Учителот (Јордан Костадинов, з.м.). Во моментот не можам да се сетам кој прв ги посочи: Учителот или Киро, но обајцата имаа исти ставови и го поддржуваа овој план. Откако ме прашаа дали познавам доверливи момчиња, подготвени за исполнување на оваа задача, јас за да се пофалам пред Учителот му реков дека го познавам Венко за кого сум слушал дека работел за македонската кауза. Му реков и дека Венко има напишано македонски песни, кои и денес се пеат. Една од тие песни е „Кога падна на Пирина Јане“, која се пушта и на скопското  радио“.           

Во книгата на Јордан Костадинов е пренесен  Записник и од сослушувањето на самиот Венко Темеќаров, но како сведок.           

Во врска со Венко, самиот Јордан Костадинов пишува: „Во периодот по 1950 година во Пиринска Македонија се одржани неколку политички процеси  на малолетни младинци од 16-17 години, кои формирале македонски илегални организации. Венко Темеќаров во тој период и самиот учествувал во таква организација. Осудените младинци беа испраќани во воспитните домови во Бојчиновци. Некои од нив се: младите од село Катунци и село Јаново: Димитар Бундов и Благој Гуштеров, како и Венко Темеќаров од гимназијата „Гоце Делчев“. Од гимназијата во Сандански беа: Методи Григоров Божков, Младен Александров Глухарски, Стојко Василев Давчев и други. Некои од тие младинци, по отслужувањето на казните, останаа верни на македонската кауза,  но некои беа врбувани од СДБ, каков што беше случајот со Венко.           

Во продолжение Костадинов нуди и други податоци во врска со  авторот на песната Венко Темеќаров.         

Да заклучиме. И покрај својата превртлива активност (за која не знаеме реално каква штета нанела врз други македонски активисти и која без сомнение била резултат на жесток притисок, измачувања и уцени од комунистичката милиција во Бугарија, од кој страдале не само Македонци, туку и Бугари, Турци и припадници на други народи), Венко Темеќаров ќе остане овековечен преку бесмртната песна што ја создал. Според некои искази тој бил автор и на други песни кои денес кај нас се познати како народдни, но тоа треба дополнително да се истражува.           

Една од најдобрите испеани верзии на оваа песна е снимена неодамна од страна на младиот оперски пејач Давид Миладинов од Штип:

https://www.youtube.com/watch?v=e1z7DB8IqLo

1KPP

Јордан Костадинов Иванов (1932 – 2019), еден од основачите на ОМО „Илинден“ и трипати осудуван за Македонија за време на бугарскиот комунистички режим. Прв во јавноста објави податоци околу авторството на песната „Кога падна на Пирина ранет Јане Сандански“.

 1donski

Александар ДОНСКИ

Најново од: Култура и туризам

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

To top