Култура и туризам

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

2.9.3

2.9.3

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот речник“ кој е на македонски јазик, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографски термини… : од Гедеон (Јероваал) – смели услешенвојсководецвоизраелскатавојска, до Гробови – Евреите гробовите кои ги правеле длабоко засечени во карпите, со хоризонтален отвор кој се покривал со камена плоча

Делото „Библиски речник”, чиј автори се м-р Петко Златески и Славе Николовски – Катин е отпечатено во 1997 година на 215 страници на македонски јазик, со благослов на поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија, неговото блаженство, архиепископот г.г. Михаил, а во редакција на д-р Јоаким Хербут, Скопски бискуп на Католичката црква во Македонија, д-р. Ратомир Гроздановски и м-р Ѓоко Ѓерѓевски, двајцата професори на Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, при што голем е придонесот на уредникот на Библиски речник”,  Елена Стојанова.

Инаку, м-р Петко Златески беше почитуван вонреден професор на Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, по предметите Македонско црковно пеење – теорија; Црковно пеење; Типик; Апологетика и Историја на религијата. Тој како долгогодишен Генерален секретар беше душата на Библиското здружение на Република Македонија, кое е посветено на превод, подготовка, издавање, и дистрибуирање на Светото писмо до сите граѓани кои живеат во Република Македонија и оние кои се насекаде во светот и сакаат да го читаат ова значајно дело на македонски јазик.

Почитуваниот професор м-р Петко Златески беше роден на 10 јуни 1955 година во реловуционерното село Дуње, Прилепско, а во Господа се упокои на 13 мај 2020 година, на празникот Преполовение. Затоа и овие продолженија за „Библискиот речник“ се во негова чест, да се смопени неговото име и дело, за Бог да го прости.

Во врска со печатењето на „Библискиот речник“ треба да се нагласи дека темелите беа поставени во 1988 година кога беше издаден Новиот Завет во нов превод на архиепископот  Гаврил, а целата Библија беше издадена од United Bible Societies (UBS) во 1990 година, која  е позната како „Гаврилова“ Библија. Новото ревидирано издание, познато како Македонска стандардна Библија, беше издадено во 2006 година од Библиското здружение на Република Македонија. Оваа Библија е одобрена и со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а ја користат голем број македонски христијани нашироко во светот.

2.9.4  2.9.5 

Коавторот на „Библискиот речник” Славе Николовски – Катин, кој како публицист е познат само како Славе Катин, е аналитичар на Македонците во светот и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Античка Македонија.

Исто така, неговото творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е aвтор на шеесет публикации, од кои седум се лексикогравски изданија, потоа на стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми, трибини и други собири, како и на околу 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот, меѓу кои одреден број можат да се видат и прочитаат на веб – страницата: www.slavekatin.com.

Гедеон (Јероваал) – смел и услешен војсководец во израелската војска (Суд 6,11-8,35), во нивната борба со Мидјаните. Се спротиставил на обожувањето на идолите кај Израелците и ја утврдил нивната вера во Бога. Од местото Офра го отстранил обожувањето на ваал (баал) и затоа се вика Јероваал.

Геена– 1) во НЗ назив за долината Хином, на еврејски Гехином, каде многубошците жртвувале деца на богот Молох (2 Цар 16,3;21,6; 23,10); се наоѓала кон запад и југ од Ерусалим. Изразот Геена се користел со значење на ,,пекол”. 2) во НЗ подземно место каде грешниците се фрлале во „огнениот пекол” (Мт 18,9), во ,,неизгаслив оган” (Мк 9,43.45.47). Во времето на лошите цареви Евреите кои се приклониле на идолопоклонството, на тоа место му ги жртвувале дури и сопствените деца на бакарниот амонитски бог Молох. За да ги одврати од тоа место, побожниот цар Јосија наредил таму да се фрла секое пцовисано животно и труповите на престапниците (4 Цар 23,10-14). За да се избегнат зарази, цело време горел оган. Затоа Геената била наречена „Огнена Геена”, односно пекол.

Гезер – ханаански град против кого војувал Исус Навин (ИН 10,33), Бил сместен меѓу ридовите, кај еден од премините од Јафа за Ерусалим. Бил египетски град, се додека еден од фараоните не и го дал на својата ќерка и жена на царот Соломон. Соломон го утврдил и го користел првенствено каќо база за снабдување во воено време (3 Цар 9,15-17). Таму е откриен т.н. ,,гезерски календар”.

Гелвуја – планина во која бил преминот од Равницата израелска до реката Јордан; таму победил судијата Гедеон (Суд 7,1-22), а царот Саул и неговите синови биле поразени иубиени (1 Цар31; 2Цар1,21).

Гераса – древен назив за Џераш, околу 80 км југоисточно од Галилејското Езеро, во Јордан. Еден од градовите на Декаполис (Мк 5,20). Во Мк 5,1 се споменува „страната гадаринска” и најверојатно значи „гадарински” или ,,герсерински”.

Гергеса – во Мт 8,28 се однесува на Гадара.

Гергесејци – старо племе за кое многу малку се знае, било поразено од Израелците под водство на Исус Навин (ИН 3,10; 24,11).

Гесем (Гесемска земја) – долина во североисточен Египет, каде Јосиф ги населил татко му и браќата (1 Мој 46,28); од цел Египет најблизу до Ханаан. Оттаму Израелците избегале преку Црвеното Море.

Гетсиманија – преса за масло, градина или овоштарник на падините на Маслинската Гора, каде Христос се молел после Тајната вечера (Мк 14,32; Мт 26,36; Јв 18,1; Мк 14,32-50).

Гијезиј – слуга на пророкот Елисеј. Не му бил верен, па се разболел од лепра (4 Цар 5,20-27).

Гилгал – круг од камења, име на повеќе градови во СЗ, а наречени така најверојатно заради купиштата камења поставени во спомен на убиените војници. Место меѓу Ерихон и реката Јордан. Таму логорувале Евреите после преминот на реката и таму направиле куп од камења. Оттаму тргнале да ја освојат земјата Ханаан. Се споменува како седиште на значајно светилиште, спаѓал во областа во која Самуил бил судија, а се споменува и во извештаите за пророците Илија и Елисеј. За пророците Осија и Амос богослужењето во Гилгал не било богоугодно, (ИН4.20; Суд 3,19; 1 Цар 7,16; 10,8; 2 Цар 19,15; 4 Цар 2,1; 4,38-41; Осија 4,15; Амос4,4).

2.9.6 

Библиски гилгал

Гласник – човек што пренесувал одредена порака, било усно или писмено, од војничка или политичка природа (ИН 6,25; Суд 9,1; 1 Сам 19,1). Можел да преговара или да склучува договори (ИН2; 9,3-15); в.ангел.

Гог – назив за северните народи, непријателски расположени кон Израел (Ез 38,2). Нивните територии се нарекувале со заедничко име Магог, а се наоѓале најверојатно во Мала Азија. Праслика за сите израелски и божји непријатели.

Годолија – се покажа голем Јахве, лично име што го носеле пет личности од СЗ. Најзначаен бил еврејскиот намесник поставен од вавилонскиот цар Навуходоносор II после разорувањето на Ерусалим 586 г.пр.И.Х., а бил убиен од Исмаил, синот на Натанија (4 Цар 22-25).

Гоим – општ израз за незнабожечките народи (1 Мој 14,1; ИН 12,3). Во ИН 12,23 се употребува како лично имеза народ или место.

Голгота – на латински калвариа, черепница, наречено така најверојатно заради изгледот што потсеќал на череп; место каде е распнат Исус Христос, надвор од ѕидините на Ерусалим. Се споменува само во НЗ и не е позната неговата прецизна локација (Јв 19,17).

Голијат – филистејски џин, висок преку три метри, кого го убил Давид со прачка, додека бил уште младо момче (1 Цар 17).

Гомер – еврејска мерка за течност; в. Мерки.

Гомора (Амора) – еден од петте градови во рамнината јужно од Мртвото Море. Според 1 Мој 19,1 -28, Бог со земјотрес и сулфурен дожд го уништил овој град заедно со Содом, околу 1900 г .пр. И.Х. Жителите на тие градови живеле многу неморален живот. Христос ги споменува овие градови во Мт 10,15 како пример на Божја казната.

Горчливи треви – билки што се јаделе со бесквасниот леб на пасхалната вечера, во спомен на маките низ кои поминале Израелците пред да излезат од Египет (2Мој 12,8).

Господ над војските (Саваот) – еврејскиот израз што го означува Господ над Небеските војски.

Готониел  (Отниел) – полубрат на Халев, од Јудиното племе, му ја дал за жена ќерка си Ахса, парче земја и неколку извори, како награда што извојувал победа во Киријат-Сефер (,,град на книгатат“), за време на освојувањето на Ханаан (ИН 15,16-19).

Гошен – в. Гесем.

Гривна – оклоп на нозете, од коленото од зглобот (3 Цар 17,6).

Гробови – Евреите гробовите ги правеле длабоко засечени во карпите, со хоризонтален отвор кој се покривал со камена плоча -,,голал”. Исус ги споредува лицемерите со варосани гробови, однадвор бели и чисти, однатре – трули и распаднати (Мт 23,27- 29).

Продолжува

 9.9.9  5d

Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top