Култура и туризам

ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

3.0.0

3.0.5

3.0.7

Оливера Петрова-Јовановска

Деновиве, во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, излезе од печат првата зборка поезија под наслов „Неостварена љубов“ од Оливера Петрова-Јовановска. Оливера е родена во Битола на 21 јули 1970 година. Од 1986 година живее во Мелбурн, Австралија. Уште од најмладите години пројавува љубов кон пишаниот збор и на единаесетгодишна возраст ја објавува првата лична творба во „Битолски весник“, а потоа нејзини творби се објавуваат во разни детски списанија. Истовремено јавно настапува со свои творби на разни приредби.  Пред завршување на средното образование се иселува во Австралија каде работи во администрација и се здобива со диплома за бизнис-менаџмент. 

Оливера е сопруга на познатиот интерпретатор и музичар Љупчо Јовановски – Бубе и е мајка на четири деца. Некои од нејзините објавени песни се интерпретирани од познати македонски музички интерпретатори. 

Збирката „Неостварена љубов“ содржи 46 песни во кои се третирани неколку мотиви.  Еден од нив е носталгијата кон родниот крај со акцент на локал-патриотизмот (Битола е една, Пусти да се долари, Судбина клета и други). Овде носталгијата е артикулирана низ директен лирски говор, искрено и отворено. 

Мотив во песните на Оливера е и приврзаноста кон семејството (Внучиња мили, Деца мои), која е опеана како неприкосновена, безвременска и која продолжува дури и по заминувањето од овој свет.

Моралните вредности се исто така тема во стиховите на Оливера. Овде би ја издвоиле првата песна Исповед пред Бога,  во која се бара прошка од Господ за гревовите кои, патем, секој од нас ги има, но највозвишени се оние кои тоа го признаваат, иако во голем број случаи нивните гревови не се ништо во однос на гревовите од вистинските грешници…).

Доминантен мотив во збирката „Неостварена љубов“ е и љубовта и тоа не која било љубов, туку онаа невозвратената, која впрочем е артикулирана и во самиот наслов на збирката. Низ песните на Оливера како да провејува тажна сторија, како да е раскажан невидлив љубовен роман  за невозвратена љубов. Во стиховите се опеани сите позначајни можни причини и секвенци поврзани со феноменот на невозвратената љубов, кои авторката луцидно ги детектира и пластично ги елаборира.

Од технички аспект Оливера умешно се користи со римата, која е во служба на создавањето емоции, кои пак се движечката сила во пренесувањето на нејзините пораки од стиховите.

Посебен талент авторката пројавува во пишувањето текстови (песни) за музички фолк композиции, од кои некои веќе се снимени и интерпретирани од нејзиниот сопруг, познатиот фолк интерпретатор од дијаспората Љупчо Јовановски – Бубе (кој е познат и во Македонија), но и од Маријан Коцев и Милица Кузмановска. Овие песни се целосно во стилот на македонскиот народен дух, па доколку Оливера и нејзиниот сопруг Љупчо, живееле во  XIX  или на почетокот на XX век, сега веројатно нивните песни ќе ги пеевме како народни. Ова е и причината заради која некои песни се пишувани во машки род – нивното преточување во музика од страна на сопругот Љупчо, допрва ќе следува…

Во секој случај пред нас се наоѓа вредна збирка поезија од авторката Оливера Петрова-Јовановска, збирка во која преку моќни пораки низ стиховите, ни ги соопштува сопствените длабоки согледувања и сознанија на мотивите што ги третира. На авторката ѝ посакуваме уште многу вакви литературно-поетски подвизи.

1DONSKI

Александар ДОНСКИ

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top