Култура и туризам

Иван ТРПОСКИ : Сеќавање на мојот прв настап на Поетската Манифестација „Мостови“ во Струга 1987 год.

Ivan Trpkovski

Ivan TrpkovskiСеќавање: ВО ПРЕСРЕТ НА ОВОГОДИШНИТЕ СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

Во августовска летна вечер глетката беше волшебна. На столбовите се вееја читириесетина знамиња од повеќе држави, а разнобојните свитилки се отсликуваа во црнодримските води, по кои со едрилички пловеа младите струшки кајакари, а на тревнатите кејови беше се собрале сите жители на Струга, од околните предградија и сите вљубеници на поезијата. Тука на „Мостот на поезијата“, на тој поетски аудиториум седнати се сите поети кои треба да настапат со своја поезија. Тука меѓу австралиската поетеса Катрин Калагер, од едната страна и овогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, Петко Дабески, од другата страна, седнав и јас. Пред да настапам ми беше предложено да изберам дали сакам да настапам како „Југословен“ или „Австралијанец“, јас без двоумење го одбрав второто.

И, еве, како наеднаш небото да се отвори на ова мое најубаво светско поднебје, повикан бев и јас да прочитам своја песна.  … Трпоски, Австралија и песната „Сонародничка порака“! Во моментот како некоја вртоглавица да ми се втропачи во мислата, па се запрашав: „Што, зарем и јас ќе застанам на овој интернационален поетски мегдан да им прочитам стихови на моите браќа и сестри Македонци и Македонки?“

Да! Тоа и се случи. Иако мислев мојот глас ќе покаже непослушност и ќе ме издаде, сепак тој издража до крај и песната најчувствително ја прочитав. Одеднаш по читањето грмнаа илјадници грла и уште толку раце се здружија за да ми аплаудираат, мене на нивниот сограѓанин, кој пред да прелетам во Австралија, постанав жител на Струга заради вработување, кое никогаш не го добив. Но никогаш не сум се откажал од оваа земја и од овој народ. И, еве, многугодишната желба најпосле ми беше остварена. Јас на ова поетско светилиште рамо до рамо со сите интернационални поети, првата професионална поетска бразда овде ја изорав. Но оваа поетска мисија не е само мој труд и моја желба, но таа е труд и заедничка желба на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, на Друштвото на писатели на Македонија, на Советот на струшките вечери на поезијата и на Матицата на иселеници од Македонија.  

По завршувањето на манифестацијата, моите роднини и пријатели најтопло ми честитаа, ме прегрнуваа… Ќерка ми Билјана се радуваше, а татко ми плачеше. И мене ми навреа солзи во очите, радосно, прерадосно чувство. За еден неискусен поет да застане и презентира свои стихови на овој светски поетски аудиториум заедно со познати поети професионалци, академци, тоа е повеќе од успех. Вечерта, убаво е да спомнам, бев поканет на свечената трпеза што ја имаше припремено во чест на шестмината поети од Австралија претседателот на републичката комисија за странство д-р Борис Петковски.  Ете, ова е само дел од Поетскиот настан кој традиционално се одржува во градот Струга – мојот град, градот на Миладиновци, а кои чувства да бидам искрен ми оставија вечен белег во моите сеќавања.                                                                                                                                                                                                                                                                                                            

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top