Култура и туризам

ПОСВЕТЕНО ДЕЛО НА ПОКЛОНЕНИЈАТА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ (21)

1k1

3.4.7

ДЕВЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Делото „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и викарниот епископ хераклејски Климент е едно од значајните изданија на книгоиздателството „Македонска искра” (2008) на 228 страници. Во ова издание се одразени повеќеродни дејности, манифестации, собири, институции, личности, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста, работата, на светите Кирил и Методиј и нивните ученици.

Инаку, книгоиздателството “Македонска искра” е формирано благодарение на демократските процеси што настанаа по осамостојувањето на Република Македонија како независна, демократска и самостојна држава. Тогаш се создадоа поволни услови за приватна иницијатива, меѓу другото и во областа на културата, со посебен акцент во развојот на книгоиздателството. Така,  е формирано денешното Друштвото за издавачка и образовна дејност, производство и промет (Книгоиздателството) „Македонска искра” ДООЕЛ увоз-извоз-Скопје.

„Македонска искра“  е крстена по весникот „Македонска искра“, првиот македонски весник што започна да се печати во Перт, Австралија  во 1946 година. Таа за првпат е регистрирано во Окружниот стопански суд во Скопје, на 28.03.1995, за потоа да ги следи сите законски измени. Меѓутоа, својата издавачка дејност “Македонска искра” ја започна во текот на 1997 година и досега има објавено стотици наслови од значајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од илјадници примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји, особена меѓу македонското иселеништво

На оваа скромна, но со видни резултати издавачка куќа посебна област во издаваштвото се учебниците и дидактичката литература  одобрена од Министерството за образование на Република Македонија. Сите учебници и различната дидактичка литература на „Македонска искра“ се користат во основните и средните училишта, и имаат значаен прилог и придонес во образовниот процес во Република Македонија.

3.4.83.4.9

Публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, од авторите д-р Вера Стојчевска – Антиќ, Славе Николовски – Катин и викарниот епископ хераклејски Климент е едно од значајните изданија на оваа реномирана издавачка куќа во Македонија, чиј главен и одговорен уредник е авторот на овие редови, Славе Катин. Рецензенти на ова дело се Архиепископот г.г. Стефан и проф.д-р Ѓоко Ѓорѓиевски, декан на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а беше издадено во 2008 година, кога се навршуваа шеесетина  години самостоен слободен, просветен и културен живот и растеж во Република Македонија.

Треба да се нагласи дека во публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”,се проследени јубилеите кои во одредени години ги потенцираат активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така, своевиден простор е посветен на манифестација „Во чест на св. Кирил” и поколенијата на гробот на св. Кирил Солунски во Рим, во период од 40 години (1969-2014). 

За ова дело Архепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан ќе напише дека пораката на светиот апостол Павле – помнете ги вашите наставници, што ви го проповедаа Словото Божјо (Евр. 13, 7), нашла и има вистинско место меѓу македонскиот народ кога е во прашање чествувањето на македонските и сесловенските просветители, браќата од Солун – светите Кирил и Методиј.

Во книгата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим” е запишано дека во 1977 година Деновите на културата на СФРЈ во Италија се одржаа како комплексна југословенска културна манифестација, со која беше презентирано современото културно творештво и културната традиција на СФРЈ пред италијанската публика. СР Македонија зеде учество во оваа манифестација на тој начин што акциите што беа планирани за македонските Денови во чест на свети Кирил, беа приклучени кон „Месецот на југословенската култура”, што се одржа од 21 април до крајот на мај истата година. На тој начин чествувањето на сесловенските просветители прерасна во општојугословенска манифестација.

Во програмата на Месецот на културата на СФРЈ, СР Македонија беше застапена со следните содржини: по еден концерт во Рим, во областа Лацио и во Неапол одржа Камерниот хор на Радио Телевизија Скопје, а од македонските филмови беа прикажани „Црносеме” на Кирил Ценевски и кусометражните филмови „Оган” од Столе Попов и „Стоп” од Дарко Марковиќ.  Музејот на современата уметност од Скопје, пак, беше организатор на изложбата за современата југословенска карикатура, а проф. д-р Ѓорѓи Старделов учествуваше во дискусијата за самоуправувањето во културата.

Овогодишната културна делегација на СР Македонија ја предводеше г. Љупчо Копровски, републички секретар за образование и наука, а делегацијата на Македонската православна црква ја предводеше митрополитот американско-канадско-австралиски г. Кирил, со членовите

протојерејот Богољуб Димитриевски, парох при црквата „Свети Ѓорѓи” од Чаир, Скопје и протоѓаконот Александар Цандовски, секретар на Скопската митрополија, како и хорот на црквата „Свети Кирил и Методиј”од Тетово.

Молебенот во базиликата „Свети Климент Римски” се одржа на Денот на светите браќа, токму во 12 часот, на кој членовите на делегацијата на СР Македонија положи венец на гробот на свети Кирил. Таму се наоѓаа двата хора од Скопје, членовите на двете југословенски амбасади во Рим со амбасадорите г. Зденко Свете, при Светата столица и д-р Борислав Јовиќ, при Република Италија, членови на ватикански институции и околу 150 поклоници од Македонија, кои дојдоа да се помолат пред гробот на просветителот и учителот свети Кирили Солунски.

По молебенот митрополитот Кирил одржа слово во кое, меѓу другото, истакна:

… Евангелското слово, посеано од тебе длабоко во душата на нашиотнарод давало стократен плод, го хранело со здрава духовна храна и гопоело со животворна вода, така што, национално и духовно запазен,веднаш по ослободувањето, благочестивиот наш народ побара да имаи своја самостојна Црква, свои свештеници и свои владици. Цркватанаша, обновена и осамостоена, под постојаната молитвена закрила натвојот најдаровит ученик свети Климент Охридски – Чудотворец, постепеноги обновува древните црковно-народни традиции, ги поправастарите и изградува нови цркви ширум нашата слободна земја.

Последнивегодини, Македонската православна црква ги собра распрснатитечеда на Македонија по сите меридијани на Земјината топка. Поднејзината мајчинска закрила и духовно раководење, Македонците водалечниот свет го слушаат словото Божја на својот мајчин јазик… 

Свети оче, Кириле, ти си наш сопатник и предводник низ сите нагорнинии удолнини во нашето постоење повеќе од единаесет векови. Тија знаеш и нашата слава и нашите многубројни понижувања и патила.Ова што го говориме, го говориме не затоа што ти не го знаеш тоа, тукуда си припомнене за твојата голема љубов, за твоите богати дарови иза твојата безгранична саможртва …”

Во текот на престојот, делегацијата на СР Македонија, заедно со делегацијата на Македонската православна црква, беше примена во Ватикан, во одделни посети од монсињор Копа, помошник на заменикот на државниот секретар на Ватикан, и од монсињор Силвестрини, потсекретар во Советот за јавни работи во Ватикан. Ова беше првпат една државна делегација од СР Македонија, како и делегацијата на Македонската православна црква да бидат примени од високи ватикански личности.

3.5.0 

Колосеумот во Рим

Покрај Рим, државната делегација од СР Македонија го посети и Неапол, како и Семинарот за студии на Источна Европа при Ориенталниот институт на Универзитетот во Неапол. Притоа, беа водени разговори со проф. д-р Нула Миниси, директор на овој институт и со проф. Ѕигари, ректор на Унвиерзитетот во Неапол.

Што се однесува, пак, до делот од културата, треба да се одбележат настаните на Камерниот хор на Радио-телевизија Скопје, одржани во Рим и во Неапол, а кои наидоа на забележителен прием кај италијанската публика, како и проекциите на играниот филм „Црно семе” од Кирил

Ценевски, на краткометражните филмови „Оган” од Столе Попов и „Стоп” од Дарко Марковиќ. Не помал беше интересот за предавањето на проф. д-р Ѓорѓи Старделов и изложбата за карикатура.

Вера Антиќ: „Локални хагиографии во Македонија”, „Просветнадело”, Скопје 1977.

Со воведниот дел и петте локални македонски светителски ликови застапени во книгата, авторот има за цел да ги проследи развојните култни светителски традиции во Македонија. Основата на словенските локални хагиографии ја чинат светите браќа Кирил и Методиј, кои ги

формираа и вредните наследници Климент и Наум Охридски, кои ќе ја формираат значајната средновековна Охридска книжевна школа.

Нивниот подвиг остварува благопријатна почва и за наредните развојни линии на култните локални традиции: свети Јоаким Осоговски, свети Прохор Пчински, свети Гаврил Лесновски, свети Иларион Мегленски и свети Ѓорѓи Кратовски.

Продолжува

 0711  
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top