Култура и туризам

МАКЕДОНСКО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1980 ГОДИНА (25)

2.6.7

1svetiДВАНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Како и во изминатите, така и во оваа година, во Рим се оддаде почит на свети Кирил, всушност , на кирилометодиевското свето дело. На манифестацијата што имаше општо југословенски карактер се одвиваше богата програма од 24 до 29 мај.

Така, на киното ,,Планетариум” се изврши проекција на играниот филм „Посебен третман” во режија на Горан Паскаљевиќ, на анимираните филмови „Рака” на Дарко Марковиќ и „Уфо” на Петар Глиговорски, како и на филмот „Барања” на режисерот М. Клопчич (СР Словенија).

По тој повод во Рим престојуваше југословенска филмска делегација во состав – Горан Паскаљевиќ, Милена Дравиќ и Љубиша Тадиќ. Во салата „Санта Чечилија”, пак, Јован Колунџија (виолина) и Нада Колунџија (пијано придружба) од СР Србија одржаа концерт , а во салата на Историскиот институт на средниот век на Италија, д-р Бранко Фучиќ од СР Хрватска одржа предавање на тема: ,,Културно-историските видови на глаголските натписи”. Посебно внимание кај италијанската поблика привлече изложбата „15 македонски современи ликовни уметници” што ја подготви Музејот на современата уметност од Скопје, а којашто се одржа во малата галерија на Изложбената палата на Италија.

Во текот на одржувањето на манифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил” , чиј реализатор од италијанска страна беше „Театро клуб премио” , во Рим допатува југословенска културна делегација чиј шеф беше г. Стјепан Хумо, директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата на СР Хрватска , а членови беа Душан Белиќ, секретар на СИЗ за култура на САП Војводина и г. Цветан Станоевски, помошник претседател на Републичката комисија за културни врски со странство на СР Македонија.

2svetiКарта на етничка Македонија

Делегацијата, пак, на Светиот синод на МПЦ ја предводеше митрополитот дебарско-кичевски г. Ангелариј, а членови беа протојерејот-ставрофор Трајан Митревски и ѓаконот Јован Таковски, професори на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски “ во Скопје, како и пртојерејот Јован Каревски,сегашниот преспанско-битолски архијереј митрополит Петар и г . Славе Јовановски , сегашниот дебарско-кичевски архијереј митрополит Тимотеј, кои се наоѓаше на постдипломски студии во Рим.

Делегацијата од Скопје за Рим појде на 19 мај, а се врати на 25 мај. По пристигнувањето, црковната делегација на чело со митрополитот Ангелариј го посети Секретаријатот за единство на христијаните при Ватикан, каде беше примена од бискупот Мелер и од господата Шмит и Вирвол . Разговорот со нив покрена и низа заемни прашања и мина срдечно, во пријателска атмосфера.

И оваа година делегацијата беше примена со најголеми почести на генерална аудиенција од Неговата Светост папата Јован Павле II. Притоа, од името на Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г. Доситеј, поглаварот на Македонската православна црква, на папата Јован Павле II му беше предаден подарок – пригодна издание на беседата од свети Климент Охридски за римскиот епископ Климент.

Папата посебно внимание посвети на југословенската делегација и на делегацијата на МПЦ, при што посебно поразговара со митрополитот г. Ангелариј и со другите членови, нагласувајќи дека му е драго што делегацијата е дојдена да оддаде почит и да учествува на прославата за свети Кирил Солунски.

Исто така, делегацијата на Македонската православна црква го посети државниот секретар на Ватикан, кардиналот Аугустино Казароли, кој во срдечниот разговор, меѓу другото рече: „Љубовта е силна за меѓусебно разбирање. Ние имаме една вера и треба да имаме и едногласна теологија, за што почнуваат разговори на Патмос овие денови”.

Потоа делегацијата беше примена од кардиналот Шепар, како и од ам басадорот г. Зденко Свете кој приреди ручек во чест на делегацијата на кој присуствуваа истакнати личности од државата и црквата, меѓу кои кардиналите Шепар и Каприо, монсињор Вирвол , делегати од Секретаријатот за единство, ректорот на „Словеникум” д-р Језерник и други.

И таа година централната прослава се одржа на 24 мај, кога беше отслужен традиционалниот молебен во црквата „Свети Климент Римски” во Рим. На свечената служба што ја водеше митрополитот Анеrлариј, во сослужение на свештените лица Трајан Митревски, Јован Каревски и Јован Таковски, покрај југословенската културна делегација присуствуваше и хорот „Русикум”, амбасадорот во Светата столица г. Зденко Свете, монсињор Вирвол, ректорот д-р Језерник, проф. Лацко и бројни поклоненици.

По полагањето венци и свежо цве ќе, митрополитот Ангелариј го одржа следното слово пред гробот на свети Кирил Солунски и, меѓу другото, рече:

„Делото на свети Кирил е универзално, апостолска. Тоа е целосноисполнување на Христовата заповед: „одете и научете ги сите народи крштевајќи ги во името на Отецот и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал” (Мт. 18, 19). 

Поради ова, тоа не може да се смести во географски граници на еден народ, зашто „нивниот глас се слуша дури до крајот на вселената”. Евангелското дело секогаш е ново, бесмртно и вечно, проткаено со препородувачка потенцијална сила, импресивно и поучно за младите поколенија како ориентација во нивниот верско-просветен прогрес…

Македонскиот народ, облагодарен со животната сила на големото дело на свети Кирил, преку употребата на словенските богослужбени книги, одобрени и благословени од римскиот папа Адријан II, со што е манифестирана љубовата Христова како цврста спона на една единствена света, соборна и апостолска црква, се здоби со сите благодети на Божествената премудрост и му дава примарно значење на употребата на мајчиниот јазик кое го потврдува и свети апостол Павле:  ,,Во црквата повеќе сакам да кажам пет збора разбрани, за да поучам други, отколку илјада зборови на непознат јазик” (I Кор . 14, 19).

3svetiДел од Ватикан 

Манифестацијата „Во чест на свети Кирил” и, особено, посетите на делегацијата беа одбележани во средствата за информирање на Ватикан и пошироко. Така, опширни извештаи дадоа Радио Ватикан, службениот орган на Ватикан – „Осерваторе Романо“, „Глас Концила“

од Загреб, „Дело” од Љубљана, „Релационе Мачедониа“, „Релационе религиозе” и други. По повод одбележувањето на светите браќа Кирили Методиј, средствата за јавно информирање во СР Македонија дадоаширок публицитет. 

Коста Балабанов, Антоние Николовски, Димитар Ќорнаков, „Споменици на културата во Македонија“, „Мисла”, Скопје 1980. 

Авторите на ова значајно дело даваат преглед на поважните споменици на културата во Македонија и тоа според следните нејзини области: Скопје и Скопско, Кумановско, Штипско Струмичко-Злетовска, Титоввелешко, Битолско-Прилепско-Демирхисарско, Тетовско, Гостиварско, Охридско-Преспанско.

Продолжува  

1katinПишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top