Култура и туризам

ОД ИМЕТО НА РЕКАТА ЈАВОК (ЗЕРКА) – ДО ЕВАНГЕЛИЕТО НА ЈОВАН КРСТИТЕЛ (18)

1deb

7 evanВо ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини… кои се во „Библискиот речник“: од Јавок – име на река која денес се нарекува Зерка, доЈованово евангелие – четвртата книга од НЗ и последно Евангелие

Јавок – обилен; име на река, денес се нарекува Зерка, се влева во Јордан на околу 40 км северно од Мртвото Море. Била најзначајна река   на древниот Галад. Овде Јаков се борел со ангелот и после ноќната борба го добил името Израел. Исто така, на нејзините брегови се нагодил со Исав {1 Мој 32,22-30). Според 5 Мојсеева 3,16 подрачјето околу Јавок го добиле племињата Рувим, Гад и Манасија.

Јазици (Јазичници) – старословенски збор што означува пагани, „народи”, односно сите народи кои несе Евреи.

Јазовец – најверојатно се однесува на кожа од делфин или фока (2Мој26,14).

Јаил – дивокоза; жена на Хавер, го убила Сисара, ханаанскиот војсководец. Тој откако ја изгубил битката со Израелците, се сокрил во нејзиниотшатор, атаамузабила колец во слепоочниците. Така ги нарушила старите закони за гостопримството (Суд 4,17-22). Девораја величи восвојата благодарствена песна (Суд 5,24-27).

Јаир – старешина на синагогата во Капернаум, Христос ја воскреснал неговата ќерка (Мк5,22; Лк 8,41-56).

Јакинт – скапоцен камен, најверо-јатно станува збор за бледосин сафир (Откр 9,17).

Јаков – оној кој држи (за петата); самото име има двојно значење: оној кој некого ќе измами или оној кој некого ќе заштити; 1) третиот еврејски патријарх, помладиот син на Исак и Ревека. Бил миленик на својата мајка. Се оженил со Рахила, имал многу деца и богатство. Многу пострадал поради својата лична слабост, но примил помош иблагослов од Бога. Добил ново име Израел, а дванаесетте племиња ги добиле имињата по неговите синови; 2) еден од апостолите, син на Заведеј и брат на Јован. Го напуштил рибарењето и тргнал по Исус. Според МкЗ,17 Јаков и Јован го носеле прекарот Воанергес (на арамејски синови на громот). Јаков заедно со Петар и Јован се спомнува дека имале повластена положба (Мк 5,27; 9,21;13,3; 14,33). Во44г. За време на владеењето на Ирод отсечена му е главата (Дап 12,3); 3) син Алфеев, апостол, наречен „Јаков Помладиот”. Се споменува само во пописот на апостолите (Мт 10,3; МкЗ,18; Дап 1,13). Најверојатно бил брат на Матеј и Јосија; 4) братот Господов и прв епископ на Ерусалимската црква (Мк6,3; Гал 1,19). Го сретнал апостолот Павле при неговото враќање од Дамаск (Дап 12,17). Имал водечка улога на апостолскиот собор (Дап 15,13-29).Според записот на еврејскиот историчар Јосиф Флавиј бил каменуван во 62 г.

Јаса – место каде Евреите ги победиле Аморејците на патот од Египет кон Ветената Земја (5Мој 21,23). 

2evanЈасли – место за чување и хранење на стоката; се правеле од дрво, или пак се длабеле во камен или во ѕид, ако шталата се наоѓала на каменито место (Лк 2,7). Во јасли е роден Господ Исус Христос.

Јасон – исцелување; пријател на апостолот  Павле после средбата во Солун. Бил нападнат и доведен пред градските старешини од страна на разбесенетата толпа народ, зашто тврдел дека Христос е цар. Бил пуштен со откуп и продолжил да ја проповеда новата вера (Дап 17,5-9).

Јафет – убавина; третиот син на Ное и предок на жителите на западните висорамнини во Мала Азија (1 Мој 9,27). Ное претскажал дека неговите потомци нема да живеат во мир со потомците на брат му Сим (семитите) и дека Хананците ќе им бидат слуги (1 Мој 9,27). Јафет е прататко на индоевропските народи.

Јахве – Божјото име. На еврејски се пишувало со согласките ЈХВХ, без самогласки, зашто во тој јазик немало знаци за самогласки. Евреите на Бог му се обраќале со Адонај (Господ), од страв Божјото име да не го изговараат напразно. Па затоа овој тертаграм го изговарале поинаку од напишаното; в. Божјо име.

Јахин и Воас – Јахин бил десниот, а Воас левиот столб во тремот на Соломоновиот храм (3 Цар 7,15-22). Не се знае нивната точна намена, дали служеле како потпирачи за кровот, или, пак. имале само украсна и строго симболична функција. И значењето на нивните називи не е јасно. Се смета дека се работи или за кратенки на натписите во слава на Бог или, пак, Јахин бил симбол на цврстината, а Воас на јачината.

Јевус (Евус) – поранешно име на Ерусалим. Во него живееле Евусејците. После многу напади и опсади, паднал конечно во рацете на Давид (2 Цар 5,7-9). Подоцна Евреите во него го претставувале високиот општествен слој. Евусејците постепено се измешале со Евреите.

Језавела – чедна, кнегиња од Сидон, се омажила за израелскиот цар Ахав (околу 869-850 г.пр.ИХ), Била идолопоклоник на Ваал и го одвратила царот и народот од почитувањето на Бога. Ги прогонувала пророците и многу од нив го загубиле животот. Пророкот Илија се сокрил во пустината, за да ги избегне нејзините закани. Погинала кога приврзаниците на Јуј, кој станал цар (во 842г.пр.И.Х.), ја фрлиле низ прозорецот, после падот на Ахав (3 Цар 18,19.20; 4 Цар 9,30-37).

Језекиил (Езекиел) – Бог е силен, еден од големите пророци и свештеник, бил одведен во вавилонското ропство во 597 г.пр. И. X. во времето на воскреснувањето на еврејскиот народ после падот на Ерусалим.

Језекиј (Езекиј) – Јахве е мојата сила, дванаесетти цар на Јудеја (715-687 г.пр.И.Х.) и татко на царот Манасија. Извел повеќе реформи со цел да ја обнови еврејската религија и да ги подобри условите за живеење во неговото царство (4 Цар 18,4). Ги победил Асирците. Поучувал дека Јахве е Бог на сите, а не е ограничен само на Евреите (4 Цар 18-20).

Језраелска долина – се наоѓа близу до северозападниот крај на Гелвујската Гора во централна Јудеја. Таму биле водени повеќе битки меѓу Израелците и Сиријците (Суд 6,33). Се нарекувала уште и Јездраелонска долина, како и Мегидо, Мегидонско поле (2 Лт 35,22; 4Цар9,27).

Јеремија (Еремија) – Јахве нека исправи, пророк од Ерусалим (654-584 г.пр.И.Х,). За време на неговиот живот, овој град бил двапати освојуван. На народот му претскажал суд и осуда, па затоа не бил многу омилен, Во својата беда научил дека Бог е со секого; предвидел нов сојуз меѓу Бог и поединецот,

Јерихон (Ерихон) – Месечев град, многу стар, а можеби и најстариот град во светот, лежи на 250 м испод надморска височина, на 8 км западно од Јордан, а 10 км северно од Мртвото Море. Најпрвин го освоил Исус Навин, а подоцна по Божја наредба го запалил (ИН 6). По 500 години градот е обновен. Во НЗ се спомнува случката кога Закхеј цариникот го нагостил Христос во својот дом во Јерихон. Таму Христос го излечил слепиот Вартимеј (ИН 2; 6; Суд 12,13; 2 Цар 2; Мк 10,46-52; 1 Кор 19,1-10; 10; 30).

Јеремиина (Еремиина) книга – книга одСЗ – Ја уредил Варух, помошникот на пророкот Еремија. 

3evan

Дел од животот на Давид и Соломон 

Јеремииниот (Еремиин) плач – книга од СЗ. Составена од песни тажалки, напишани после разорувањето на Ерусалим (587 г. пр. И. X.). Некои сметаат дека песните се напишани од повеќе автори, во Вавилон, но според преданието тие се дело исклчиво на Еремија.

Јеровоам 1 – првиот цар на Израел после поделбата на Соломоновото царство. Владеел над десет од дванаесетте  племиња, во периодот од околу  922 до 901 г. пр. И.Х. Водел постојани борби со царот на Јудеја Ровоам. Го напуштил патот на еврејската вера, а со себе го завел и народот. Градел светилишта за обожување на идоли, за што пророците жестоко го напаѓале (3 Цар 11-12).

Јеровоам II – тринаесетти од деветнаесетте цареви на Израел. Владеел од околу 788-746 г. пр. И. X. За тоа време владеел мир и благосотојба, но луѓето во тоа време станале алчни и се стремеле само што подобро да живеат (ЗЦар 14,23-9).

Јесеј – човек (Божји); богат земјоделец, татко на осум синови. Најмладиот од нив, Давид станал прв цар на Јудеја и целиот Израел (1 Цар 16,10). Спомнат е во родословието на Исус Христос во МТ 1,5 и Пк 3,32. Тој е фиданка од Јесеевата пењушка, според Ис 11,1. 

Јехудија -Евреин, име наслужи-телот во дворот на царот Јоаким (Ер36,14).

Јоав – Јахве е татко, заповедник на Давидовата војска. Помогнал Ерусалим да се одземе од Евусејците  во 10 в.пр.И.Х. Го убил Авенир, Давидовиот син кој, пак, го усмртил својот брат и бил во немилост на својот татко. Го убил и другиот Давидов син Авесалом, зашто се побунил против татко му. Бил груб и окрутен човек. Соломон го казнил (2 Цар 2,3).

Јоакин – Јудин цар во Ерусалим (околу 609-598 г.пр.И.Х.). За време на своето владеење му плаќал висок данок на египетскиот фараон. Бил лош човек и не го почитувал Бога. Затоа пророкот Еремија го кренал својот глас против него. Загинал во битката против војските на Навуходоносор.

Јоас – Јахве даде 1) осмиот цар на Јудеја, владеел околу 837-800 г.пр.И.Х. Имал авантуристичко детство, но кога станал цар го укинал идолопоклонството кон Ваал и го поправил храмот. Но подоцна скршнал. Бил убиен после скоро четирисет години владеење (2Лт 22,11-24, 27); 2) дванаесеттиот цар на Израел, владеел околу 801 -786 г. пр. И. X. Ја прекинал долготрајната расправија меѓу Израел и Сирија. Го победил Јудесјскиот  цар Амасија и од таа битка се вратил и со многу плен и заробеници (4 Цар 13-14).

Јов – оној кој се враќа, односно пренасочува, богат и богобојажлив човек, кој живеел во земјата Узу, источно од Ханаан. Бог го ставил на испит, преку неволјите и маките што му биле зададени, но тој им одолеал на искушенијата и си ја запазил верата. Приказната за него е опишана во Книгата за Јов, за која се смета дека е една од најстарите, ако не и најстара старозаветна книга.

Јован – антички облик на еврејското име со значење Јахве е милостив, син на Заведеј и рибар на Галилејското Езеро. Бил брат на Јаков и заедно со него еден од првите Христови ученици. Според МкЗ,17 Христос ги нарекол Воанергес (Синови на громот), кога ги повикал за Свои ученици. Бил особено омилен кај Исус и зазема истакнато место во Четвртото евангелие. Според преданието, умрел во Ефес во длабока старост. Го напишал Евангелието по Јован, Откровението, како и три Посланија. Честопати се нарекува и Јован Богослов.

Јованово евангелие – четвртата книга од НЗ и последно Евангелие, според времето на пишувањето. Битно се разликува од преостанатите три евангелија, т.н. синоптички. Во оваа книга се мешаат духовните со историските податоци и посебен нагласок му е даден на духовниот живот на Исус.Поистакната е Неговата служба во Јудеја, одошто во Галилеја. А цела една третина од содржината се занимава со последните 44 часа од животот на Исус. Книгата не содржи приказни, но има четири чуда, кои не се спомнати во другите Евангелија. Најверојатно е напишана некаде околу 100 г. во Ефес.

Продолжува

Пишуваат:

5petkoПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

6slave katinСЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top