Култура и туризам

ОД ЈОВАНОВИТЕ ПОСЛАНИЈА – ДО ВОЈСКОВОДАЧОТ ЈУЈ КОЈ СТАНАЛ ЦАР НА ИЗРАЕЛ (19)

191

191Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…кои се во „Библискиот речник“: од Јовановите посланија во кои е даден текст за проповедникот и пророкот, роден во ридестата област на Јудеја – Јован Крстител  до Јуј, односно Јахве војсководач кој станал цар на Израел

Јованови посланија – Јован Крстител – проповедник и пророк, роден во ридестата област на Јудеја. Неговиот татко Захарија бил свештеник, а мајката Елисавета и била роднина на Марија, мајката на Исус. Јован проповедал во пустината покајување и крштевање со покајување, зашто се приближило доаѓањето на ветениот Месија. Го крстил и Исус во водите на Јордан (Мт 3,13-17). Ирод Антипа го уапсил и го фрлил во темница зашто го критикувал неговиот развратен живот со жената на брат му, која станала негова жена уште за животот на мажот ѝ. Му била отсечена главата после гозбата на која Ирод толку се воодушевил од играта на Салома, ќерката на Иродијада, што невнимателно и понудил исполнување на било која желба. И таа ја побарала главата на Јован Крстител по наговор на мајка си (Мт 14,1-12). Некои од неговите ученици подоцна му се придружиле на Христос (Лк1-3).

Јована – жена на надзорникот на Иродовото домаќинство во Ерусалим. Станала следбеничка Христова и била една од жените што го нашле празниот гроб (Лк 8,3).

192Јодај – Јахве знае, првосвештеник во храмот за време на владеењето на Охозија, Готолија и Јоаз (4 Цар 11).

Јоил – Јахве е Бог, еден од малите пророци, син на Петуел. Ги опишал опасностите што го демнат Јудејскиот народ и го преколнувал да се отклони од својата грешност. Ветувал Божји благослов и навестувал дека Јудејското царство сите маки докрај ќе ги поднесе.

Јом Кипур – в. Ден на очистување.

Јона – гулаб, Книга на пророкот Јона, од СЗ, напишана околу 400 г.пр.И.Х. Не содржи пророштва, туку ги напаѓа Евреите заради тесноградост. Целта на книгата е да покаже дека Бог се грижи за сите народи. Тридневниот престој на Јона во утробата на рибата, односно китот е праслика на тридневниот престој на Христос во гробот. 

Јонатан – Јахве даде, 1) левит, потомок на Мојсеј.  Основал свештеничко семејство. а Дањаните го заробиле на Гората Ефремова{Суд 17,7); 2) синот на Саул и голем пријател на Давид (1 Цар 18). Неговото убиство Давид го оплакува преку врвните стихови на еврејската поезија (2Цар1,19-27). Јонатан бил племенит, скромен, храбар и лојален (1 Цар31, 8-13;2Цар21,12-14).

Јонатан Макавеецот – предводник на Хасмонеите во востанието против Сирија (160-142 г.пр.И.Х.). Го зазел Ерусалим и станал првосвештеник и намесник на Јудеја. Бил убиен во Галад.

Јопа – убава; пристаниште во Јудеја, каде се истоварувало градежно дрво кога се градел храмот. Таму Јона се качил на брод за Тарс. Во Јопа апостолот Павле го вратил во живот Тавит (Дап 9,36-41). Денешното име на градот е Јафа и се наоѓа на периферијата на Тел Авив (2 Лт 2,16).

Јордан – кој се спушта, или пак голема река, тече на 220 км на север од планината Хеврон, протекува низ Генисаретското Езеро и се влева во Мртвото Море. Протекува низ најголемата депресија на Земјата, Галилејско-то Езеро е 215 м под иултата надморска височина, а северниот дел на Мртвото Море е на 397 м. Многу настани опишани во СЗ се

одвивале на бреговите на таа река, неа ја преминале Евреите при освојувањето на Ветената земја (ИН 1-4). Јован Крстител таму проповедал и во неа Го крстил Исус Христос (Мт 3,13-17).

Јосафат – Јахве пресуди, четвртиот цар на престолот на Јудеја после поделбата на Соломоновото царство. Владеел 24 години, од 873 до 849 г.пр.И.Х. Ги обединил Јудеја и Израел преку бракот на својот син Јорам со ќерката на израелскиот цар Ахав. Неговото владеење довело до напредок во земјата, извел и реформа на религијатаи Законот (4Цар17-20).

Јосафатова долина – според пророркот Јоил 3,2.12 рамницата на која ќе се одвива последниот Божји суд над непријателите. Од 4 в. со тоа име Евреите, христијаните и муслиманите ја нарекуваат долината Кедрон и таму ги погребуваат мртвите.

Јосија – Јахвенекаисцели, 1) цар на Јудеја, се зацарил на осум години, по убиството на неговиот татко и владеел 31 година, од околу 640 до 609 г.пр.И.Х. За време на неговото владеење во 631 г.пр.И.Х. во храмот е пронајдена Книгата на законот, и врз основа на неа Јосија извршил реформа на законодавството и религијата во својата земја. Убиен е во Мегидо во борбата со Египќаните (4 Цар 22-23; 2 Лт33-35); 2) братот Христов, понекогаш се нарекува и Јосиф (Мт 13,55). Според некои, бил син на Марија, Клеоповата жена.

Јосиф – нека Јахве придодаде, 1) патријарх, синот на Јаков и Рахила. Бил продаден како роб во Египет. Станал пехарник на високиот египетски жрец Потифар, паднал во затвор поради лажна оптужба, но по толкувањето на сонот на фараонот поставен е за заповедник. Ја спасил земјата од глад, а на браќата и татка си им помогнал кога дошле од Палестина во Египет по храна (1 Мој 37-50); 2) мажот на Марија, мајката на Христос, по потекло од Давидовиот дом. Бил дрводелец од Назарет. Најверојатно умрел пред започнувањето на јавното делување на Исус (Лк 3). 3) Јосиф од Ариматеја, богат Евреин и член на Синедрмонот, Бил таен Христов ученик; по Неговата смрт го замолил Пилат да му дозволи да го погребе. Го погребал во својата гробница (Мк 15,43-6); 4) Јосиф Варсава, со прекар Јуст, еден од двата следбеници Христови кои претендирале на местото на Јуда како апостол, по неговото самоубиство. За апостол бил избран Матиј, другиот кандидат.

Јота – најмалата буква во античката грчка азбука. Христос вели дека ниедна јота од Законот нема да нестане додека не се случи се што е напишано (Мт5,18). 

Јотам – Јахве се покажа, цар Јудејски, пред да се зацари владеел заедно со својот лепрозен татко Азарија (4 Цар 15,5). Не стапил во сојуз против Асирија зедно со Северното царство и тие го нападнале.

Јотор (Јитро) – мидијански свештеник, пастир, кај кого Мојсеј се засолнил по бекството од Египет. Подоцна се оженил со неговата ќерка Сепфора. После четириесет години поминати кај Јотор, Мојсеј бил повикан од Бога да го поведе Израел од ропството во Мисир (2 Мој 2).

Јубилејна година – или уште се нарекува и проштална; најверојатно името потекнува од еврејскиот израз Јобел – знак за тревога. Но точното значење на изразот не е јасно. Секоја педесетта година е славена како Јубилејна година. Годината била објавувана со звукот на трубата на десеттиот ден од седмиот месец, тишрија. Таа година земјата не се обработувала, се ослободувале сите затекнати робови и секој имот земен под закуп се враќал на неговиот прв стопан. Прописите како да се постапува во прошталната година се наведени воЗ Мој 25,8-16 и 23-55. в. Празници.

Јувал – син Ламехов и Адин, според преданието автор на музиката која номадските племиња ја изведувале на лира и кавал (1 Мој 4,21). 

193Јуда – нека биде славен, 1) родоначелник на Јудиното племе, четвртиот син на Јаков и Лија. Бил омилениот Јаковов син. Неговото племе било во постојани конфликти со Ефремовото племе; се населило во Ханаан близу до Витлеем и освоило поголем дел од јужна Палестина. Племето било на страната на Саул и Давид (1 Мој 29-35); 2) братот или синот на Јаков, еден од дванаесетте апостоли (Лк 6,16); 3) роднина на Исус, кој можеби го следел апостолот Павле (Мт 13,55; Мк 6,13); 4) Јуда Искариот ( евр. иш Кариот – човек од Кариот). Еден од дванаесетте ученици и веројатно единствен кој не бил роден во Галилеја. Бил благајник и на списокот на апостолите во МкЗ,19 и Мт 10,4 се наведува на последно место. Се разочарал во Христовиот начин на работа, зашто се надевал дека ќе крене бунт против Римјаните и го предал на првосвештениците за 30 сребреници, колку што била цената на еден роб (Мк 14,10). Кога сфатил што направил, се обидел да ги спречи првосвештениците да му наштетат на Христос, но не успеал и подоцна се обесил (Мт 26,27). По него настанал изразот ,,Јудин бакнеж”, зашто со бакнеж го посочил Исус пред прогонителите, Изразот означува неискрен и предавнички потфат (Мк 14,44).

Јуда Макавејски – макавеј значи чекан. Зачетник на свештеничкото семејство кое се изборило за независност на Евреите и владеело од 166 до 63 г.  Тој   и неговите луѓе ги поразиле Сиријците, влегле во храмот во Ерусалим и го исчистиле, зашто го сметале за осквернет од Антиох 1У Сириецот. Загинал во битка, а неговиот помлад брат Јонатан ја продолжил борбата.

Јудеец – припадник на еврејскиот народ. Пред и после вавилонското ропство со овој назив се нарекувале луѓето кои биле принудени да го напуштат Ерусалим и Јудеја, а кои подоцна се вратиле од ропството во Вавилон.

Јудеја – јужниот дел на Палестина. Понекогаш под Јудеја се подразбира бившото Јудино царство, а понекогаш ја означува и цела Палестина (Лк 3,1). Во времето на Ирод Велики подрачјето на Јудеја потпаѓало под неговото царство. Во периодот од 4 г. пр. И. X. до 6 г. заедно со Самарија и Идумеја била дел од Тетрархијата на царот Архелај, синот на Ирод. Од 4 г. до 41 г. била под власта на римскиот намесник, кој управувал од Кезарија. Од 41 до 44 г. била дел од Агрипиновото царство; од 44 до 46 г. повторно потпаднала под власт на римскиот намесник. После јудејското востание против Рим, во периодот меѓу 70 и 135 г. била самостојна римска провинција, а потоа преминала во состав на провинцијата „Сирија – Палестина”.

Јудино послание – книга од НЗ. Претставува писмо напишано во периодот меѓу 90 и 100 г. од страна на некој кој се претставува како слуга на Христос и брат на Јаков. Неизвесно е дали авторот навистина бил брат на Јаков, зашто во тој случај тој бил и Исусов брат. Во посланието се напаѓаат учењата на луѓето кои себе си се сметаат за толку свети што не ги почитувале моралните прописи.

Јудино царство – Јужното царство што настанало после Соломоновата смрт (932 г.пр.И.Х.) и Јеровоамовата побуна против неговиот син Ровоам. Десет од дванаесетте племиња се обединиле во држава Израел, а Јудиното и Венијаминовото му останале лојални на домот  Давидов. Јудиното царство било многу помало и понеплодно од Израеловото. Но, сепак го надживеало Израеловото царство за 135 години. Паднало под власт на Вавилон во 586 г.пр.И.Х.; в. Цареви.

Јудита – девтероканонска книга, напишана на еврејски некаде околу 150 г.пр.И.Х. Во неа се опишува како вдовицата Јудита го спасила своето место Ветулкија за време на опсадата.

Јуј – тоа е Јахве; војсководач кој станал цар на Изреал околу 843-815 г.пр.И.Х. Го помазал Илија и му наредил да го отстрани од п рестолот царот Јорам и да ги завзеде неговото место. Возел брза војничка кола и во битка ги убил Јорам, неговата мајка Језавела, неговите деца и свештениците на Ваал (4 Цар). Плаќал данок на Салманасар III. Бил поразен од Азаил од Дамаск (4 Цар 10,32). 

Јуница- тригодишна, црвена, се користела при жртвувањето (Ос 10,11). Се колела надвор од логорот, на чисто место, и со нејзиниот пепел помешан со вода се попрскувал народот. Павле го споредува чинот на жртвување со Христовата жртва (Евр 9,13-14).

Продолжува 

Пишуваат:

4jovanПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

5jovanСЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top