Култура и туризам

ПОСВЕТЕНОСТ НА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА СВЕТИ КИРИЛ СОЛУНСКИ (29)

1k1

1solu

ШЕСТНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Делото „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и викарниот епископ хераклејски Климент е едно од значајните изданија на книгоиздателството „Македонска искра” (2008) на 228 страници. Во ова издание се одразени повеќеродни дејности, манифестации, собири, институции, личности, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста, работата, на светите Кирил и Методиј и нивните ученици.

Во книгата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим” е запишано дека одржувањето на манифестацијата „Во чест на св. Кирил” во 1984 година ја означи нејзината традиција и континуитет што започна 1969 година како чествување што го организираше Република Македонија и Македонската православна црква и доби нов квалитет прераснувајќи во општојугословенски настан.

По тој повод од 23 до 26 мај во Рим престојуваа две делегации, државна која ја предводеше Тихомир Илиевски, член на Извршниот со вет и претседател на Републичкиот комитет за информации и Михаил Банде, помошник-претседател на Републичката комисија за културни

врски со странство, која како и во минатото беше носител на организацијата и координатор на манифестацијата . Во договор со југословенскиот амбасадор во Рим, за член на делегацијата беше одреден Данило Малиќ, министер-советник, додека во својство на преведувач на делегацијата се приклучи Наум Китановски, лектор по македонски јазик во Неапол.

Црковната делегација, пак, ја предводеше архиепископот охридски и македонски г. Ангелариј, а во неа беа и митрополитот Горазд и прота-ставрофорот Методи Гогов. Во уметничкиот дел настапи Ансамблот за средновековна музика „Ренесанс” од Белград. За време на престојот во Рим, на 23 мај 1984 година, двете делегации, во придружба на амбасадорот Звонимир Стенек и скопско-призренскиот бискуп г. Јоаким Хербут, беа примени во приватна аудиенција кај папата Јован Павле II.

2soluСвети Климент Римски

До оваа средба дојде во рамките на екуменските средби што ги организира Светата столица, во знак на посебно почитување кон светите Кирил и Методиј. Приемот кај папата Јован Павле II помина во пријателска и срдечна атмосфера, што остави посебен впечаток. Во таа прилика шефот на државната делегација г. Тихомир Илиевски изрази задоволство од тоа што папата Јован Павле II годинава за првпат наверниците им го честита Велигден и на македонски јазик.

Притоа господинот Илиевски ги најави подготовките во врска со одбележувањето на 1100-годишнината од смртта на свети Методиј во 1985 година. И црковната делегација предводена од архиепископот охридски и македонски г. Ангелариј топло и срдечно се заблагодари за приемот и на папата Јован Павле II му предаде пригоден подарок, во знак на почитта што му ја укажува на споменот и делото на свети Кирил и за поддршката што и ја дава на Македонската православна црква.

Истиот ден, вечерта, во познатата црква „Света Ањезе”, во центарот на Рим, ансамблот за средновековна музика „Ренесанс” од Белград приреди мошне успешен концерт пред голем број љубители на оваа музика. Речиси една третина од програмата на „Ренесанс” ја сочинуваа музички творби посветени на делото и славата на свети Кирил и свети Методиј и на нивните ученици, што вонредно добро се надоврза со поводот на манифестацијата.

На 24 мај државната делегација, во придружба на амбасадорот на СФРЈ при Република Италија, г. Марко Косин, беше примена кај Фиорет Марио, заменик на министерот за надворешни работи на Италија. Во пријателската средба се разговараше за соработката во областа на информирањето и во други области од културата, науката и литературата.

Истиот ден се одржа значајна свеченост на гробот на свети Кирил во базиликата „Сан Клементе”, којашто помина во знакот на пригодна и достоинствено одбележување на делото и споменот на Свети Кирил. Венци положија амбасадорот Марко Косини и Звонимир Стенк, како и шефот на делегацијата Тихомир Илиевски.

Во присуство на бројни истакнати јавни и културни работници од Рим и од Ватикан, претставници на двете амбасади, католички свештеници од хрватска и Словенија и поголема група верници од Македонија. Најнапред, членовите на Ансамблот „Ренесанс” изведоа кратка пригодна програма, а потоа се одржа молебен, што заврши со говор на архиепископот охридски и македонски г. Ангелариј.

Во рамките на програмата на овие свечености двете делегации беа примени од монсињор Акиле Силвестрони, секретар на Секретаријатот за јавни работи на црквата на Светата столица. Во подолгиот срдечен и пријателски разговор беше искажано обостраното задоволство од досегашната соработка, како и желбата тоа во иднина уште повеќе да се унапреди. Исто така, се разговараше и за подготовките за одбележувањето на 1100-годишнината од смртта на свети Методиј која треба да се одржи во 1985 година, што наиде на поддршка и спремност за содејство од страна на домаќинот.

Делегацијата на Македонската православна црква имаше средба и со истакнати претставници во Светата столица, меѓу кои со префектот на Конгрегацијата на Светата столица во Источната црква, кардиналот Владислав Рубин и со секретарот за единство на христијаните монсињор Пјер Дипре.

Членовите на државната делегација имаа средба и со г. Антонио Јерков, уредник на списанието “Balcanica” што излегува во Рим и се испраќа на поголем број странски амбасади во Рим, институции, редакции, претплатници итн. Исто така, беше остварена средба и со проф. Јури, голем пријател на Македонија и македонскиот народ.

Манифестацијата „Во чест на свети Кирил” доби забележителен публицитет преку средствата за јавно информирање во двете земји, што придонесе за нејзината натамошна афирмација.

На Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Скопје и Охрид, во 1984 година, учествуваше проф. Јижи Марија Весели од Рим, кој заедно со проф. Вера Стојчевска-Антиќ, изработи предлог-програма за учеството на македонските претставници на јубилеите на свети

Кирил и Методиј во Рим, за 1985 година. Вера Стојчевска-Антиќ изработи текст за ватиканско-македонските врски, изработен по барање на Републичката комија за културни врски со странство во Скопје, на барање од проф. Весели.

3soluСкопје 

Во заедничкиот предлог на професорите Весели и Стојчевска-Антиќ, беа апострофирани : подготвување и реализирање на документарен филм за светите Кирил и Методиј и нивните

ученици (меѓу РАИ и Телевизија Скопје), учество на македонска научна славистичка делегација на Интернационалниот славистички конгрес во Рим во 1985 година, подготвување изожба на македонската книга, прикажана на Конгресот, како и други активности.

Републичката комисија за културни врски имаше слух за предлозите и тие беа успешно реализирани. Со подготовката посебно беше ангажиран и активиран Цветан Станоевски. Телевизија Скопје, со своите директори Љупчо Јакимовски и генералниот директор Стојан Димовски, мошне сериозно го прифатија предлогот за филмот во разговорите со директорот од РАИ-Ѓузепе Лизи и професорите Весели и Стојчевска-Антиќ. Во него беше вклучена екипа што ја предводеше режисерот Роберто Алтамура од Рим, додека освен главниот снимател којшто беше од Рим, останатиот дел од екипат ја претставуваше Телевизија Скопје, со главниот и одговорен уредник Васил Тоциновски.

Комисијата за културни врски издаде и посебен славистички зборник на италијански јазик.

Продолжува

1Slave Katin 2  
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top