Култура и туризам

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН СЛАВИСТИЧКИ КОНГРЕС ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ БРАЌА ВО РИМ ВО 1985 ГОДИНА (31)

00111 1

00111 1ОСУМНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ЧЕСТ НА 1100 ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА СВЕТИ МЕТОДИЈ 

Единствено во Рим тече постојана река на посетители, кои можат во сите четири годишни времиња да ги разгледуваат монументалните уметнички галерии, споменици од минатото, низ улиците, на плоштадите, во центарот и периферијата на градот. Овој музеј и единствена светска галерија има свој центар, најпосетениот уметнички паметник – црквата „Свети Петар”.

До неа е сместен и Ватикан, со не помалку значајните експонати, канцеларии, голема библиотека. Овде некаде беше и центарот на одржаниот Интернационален славистички конгрес. На славистичкиот конгрес учествуваа научници-слависти од словенски и несловенски земји. Македонската делегација ја сочинуваа четворица научни работници: акад. Петар Илиевски, проф. Радмила Угринова-Скаловска, проф. Вера Стојчевска-Антиќ и д-р Наум Целаковски.

Во аулата на Универзитетот „Урбанизам”, каде што се одржуваше Конгресот, беше поставена изложбата „Македонска книга“, којашто се состоеше од 200 книги. Насловите се однесуваа на областите: историја, литература, култура, јазик, уметност и наука. Во оваа аула славистите разговараа, ги минуваа паузите од работата и имаа можност да добијат претстава за македонската издавачка дејност. За одредени наслови постоеше и поголем интерес.  Конгресниот комитет изрази благодарност за подарените книги, коишто ќе останат во трезорите на ватиканската библиотека.

Во секцијата литургија-култ-археологија, проф. Јижи Марија Весели говореше за современите културни дострели во Македонија, базирани врз традицијата. Посебно се осврна на значењето на култот, на поширок план, во којшто го вклучи дејствувањето на браќата Кирил и

Методиј. Со длабочината на културниот култ, засведочен во Македонија, треба поблиску да бидат запознати европските и другите народи.

00111 2Ватикан

Како продукт на браќата се појави плодотворниот Климент Охридски, Охридската книжевна школа во Охрид и Македонија. Преку неговото дело кирилометодиевскиот култ продолжи да живее и да се шири и надвор од Македонија. Весели посебно ги истакна специфичностите на Славените, кои не се зародиле во новата татковина. Свети Кирил и Методиј ним им дале многу културни продобивки, но и тие самите не почнале тогаш од нултата точка. Тој истакна дека на градот Охрид му претходела долговековна културна традиција.

Учесниците на Конгресот ги посетија гробовите на значајните христијански проповедници и мисионери, меѓу кои и на свети Петар и на свети Кирил.

По повод 1100-годишнината од смртта на свети Методиј во повеќе словенски и европски центри се одржаа разновидни манифестации и изложби. Во Рим покрај Славистичкиот конгрес, беше отворена изложба од копии на македонски фрески од средниот век (IX-XIII) во уметничката галерија „La Pigna”. Изложбата траеше од 5 до 19 октомври и ја посетија голем број посетители, и домашни и странски.

За оваа изложба посебен свој придонес даде проф. Јижи Марија Весели, во соработка со Републичката комисија за културни врски со странство од Скопје.

Ве чест на прославите на свети Кирил и Методиј во Рим беа приредени повеќе изложби. Меѓу нив треба да се апострофираат изложбата на средновековните македонски икони и изложбата на новопронајдените теракотни икони од Виница, коишто ги подготви д-р Коста Балабанов.

Во јубилејната 1985 година во Болоња (од 20 декември до 12 јануари) беше отворена изложба на фотографии од Ристо Шапкар, од македонските фрески од IX до XIII век, по повод соработката меѓу Република Македонија и регионот Емилија Ромања во Италија.

Чествувањата во Рим и Италија беа проследени и со заеднички научни собири, со предавања од повеќе научни области и во разновидни научни и културни институции, како и во цркви, уметнички галерии и сали.

00111 3Ватикан 

Во јубилејната 1985 година беше снимен документарен филм во два дела во копродукција на Италијанската телевизија (РАИ) и Телевизија Скопје со наслов „Учениците на Методиј”. Филмот го режираше Роберто Алтамура од Рим, а сценариото го подготвија професорите Јижи Марија Весели, археолог од Универзитетот „Свети Томазо” во Рим и Вера Стојчевска-Антиќ од Универзитетот „Кирил и Методиј” во Скопје. 

Од 13 до 17 јануари 1986 година, откако филмот беше реализиран, Вера Стојчевска-Антиќ, со уредникот на Телевизија Скопје – Васил Тоциновски, престојуваа во Рим за дефинитивното одобрување на филмот. По долги дискусии забелешките беа заеднички прифатени. Всушност,

филмот се состои од три дела. Првиот дел е работен од РАИ, а вториот и третиот дел се снимени речиси целосно во Македонија, поточно во Охрид во 1985 година.

На приемот кај папата, по повод Интернационалниот славистички конгрес во знак на јубилејот за свети Методиј, проф. Вера СтојчевскаАнтиќ му беше претставена на папата Јован Павле II од страна на проф. Јижи Марија Весели. Разговараа околу реализираниот филм, за учеството на Телевизија Скопје, при што папата го изрази своето задоволство, бидејќи веќе го гледал филмот.

Во февруари 1985 година, по повод прославата од смртта на свети Кирил во Рим, на првата програма на РАИ се емитуваше триделниот документарен филм за браќата свети Кирил и Методиј и нивните ученици. Филмот беше прикажан и во други европски земји, во Република

Македонија, а посебен третман доживеа во Германија. Директорот на документарната редакција од РАИ, господинот Ѓузепе Лизи, изрази задоволство од заедничката работа и пројави интерес за нови остварувања. Филмот наиде на одѕив во информативните гласила во Италија и Македонија.

Продолжува

00111 4 
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top