Култура и туризам

ОД КРАТКАТА МАНАСИИНА МОЛИТВА – ДО ГЛАВНИОТ ВАВИЛОНСКИ БОГ – МЕРОД (24)

01115

01115

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите, лексикографските термини…кои се во „Библискиот речник“: од Манасиината молитва, која е кратка молитва во поетска форма до Мерод – (Бел, Бал, Ваал, Баал), главниот вавилонски бог

Манасиината молитва – кратка молитва во поетска форма, најкраток и најубав запис од девтероканонските книги. Се наоѓа и на крајот на 2 Лт.

Мандрагора – растение со светкав, долгнавест корен и сладок, донекаде и отровен плод. Растело во Палестина и од него се правеле љубовни напитоци,

Маној – член на Давидовото пле-ме и татко на Самсон. Се проти-вел на женидбата на својот син со Филистејка, но присуствувал на венчавката (Суд 13; 14,2-10).

Мараната – извик на арамејски со значење: а)Господ доаѓа (Мараната) или 6) Господе наш, дојди (Мараната). Се подразбира како молба за повторно Христово доаѓање (1 Кор 16,22; Откр 22,20).

Мардохеј – она што му припаѓа на Мардок, една од главните личности во книгата за Естира, Еврејката која станала персиска царица. Тој го налутил царот Аман, миленикот на царот Асвир и за малку не бил погубен (Ест 1 -10). 

Мардук (Меродах) – (Бел, Баал, Ваал), главниот вавилонски бог. Го обожувале Навуходоносор. Асирците и Кир (Ис 46,1).

Марија – на еврејски Маријам – возвишена ипи спротивставување- 1) мајката на Господ Исус Христос и вереница на Јосиф. Потекнувала од племето на Јосиф и домот на Давид. Била во родбинска врска со Елисавета, мајката на Јован Крстител (Лк 1,32); 2) Марија Магдалена (Марија од Магдала); блудница, која станала следбеничка на Исус Христос. Таа е една од жените што стоеле под крстот и биле сведоци на Христовата смрт и погреб. Прва го видела празниот гроб (Лк 23,55-24,2); 3) Марија од Витанија, сестра на Лазар и Марта. Господ му дал предност на нејзиното слушање на Неговите зборови, во однос над гостопримливото настојување на нејзината сестра Марта да Го нахрани (Лк 10,42); 4) мајката на Јаков и Јосиф и сопруга на Клеоп (Алфеј) (Мт 27,55-56). Го следела Исус од Галилеја, била сведок на Неговото распнување и погреб и го посетила празниот гроб на денот на Воскреснувањето; 5) Мајката на Јован и Марко, вдовицата во чија куќа во Ерусалим се состанувале првите христијани (Дап 12,12); 6) Марија од Рим, христијанка, на која апостолот Павле и испраќа поздрави (Рим 16,6); 7) в. Марија, сестрата Мојсеева; в. Миријам. 

01116

Песната на Марија – химната што ја испеала Марија, мајката на Исус и во неа се прославува Бог (Лк 1,46-58).

Мариса – град во Јудеја, источно од Газа (ИН15,44). Царот Јеровоам го утврдил, за да го брани Ерусалим. Родно место на пророкот Михеј (Мих1,15).

Марко (Јован Марко) – син на Марија, богата жена и пријателка на повеќемина христијани. Марко ги придружувал апостолите Павле и Варнава (Неговиот вуј-ко, Кол 1,10) во Антиохија на првото мисионерско патување. Подоцна со Варнава заминал на Кипар и им помагал на Петар и Павле во Рим. Според преданието тој ја основал Црквата во Александрија, каде се смета и дека е погребан. Писател е на едно Евангелие, кое го носи неговото име (Дап 12-13).

Марково евангелие – евангелие од НЗ, најкратко и наједноставно. Го напишал Марко, најверојатно во Рим, околу 65 г. Засновано е на сеќавањата на Петар. Го напишал на античко грчки јазик за многубошците.

Марта – ,,господарка”, сестра на Марија и Лазар од Витанија. Во нивниот дом Исус и учениците биле топло пречекувани. Марта Му се жалела на Исус дека сестра ѝ не ѝ помага во подготвувањето на храната,заради штоТој ја укорил (Лк 10,38-42).

Маса – место во пустината Син, близу до Синајската Гора, каде Мојсеј со стапот ја удрил карпата и од неа потекла вода. Тоа се случувало во периодот кога Евреите ожеднале и сакале да Му свртат грб на Бога (2 Мој 17,1 -7).

Маслина – дрво што многу се одгледувало во Лалестина во овоштарници {2 Мој 23,11; Суд 15,5; 1 Цар8,14), заради плодот. Тој можел да се јаде, а со преработка давал и масло за готвење, лечење или светење. Самото дрво служело како градежен материјал за мебел, врати и др. Палестинското маслиново дрво требало да се калеми на диво стебло, зашто со време заслабувало. Маслината била симбол на Божји благослов, убавина и сила (Пс52,8; Ер 11,16; Ос 14,6). Маслиновата гранка е симбол на мирот, зашто после Потопот таа му била знак на Ное дека водата се повлекла (1Мој 8,11).

01117

Маслиновата Гора

Маслинска Гора – ридест предел со најголема висина од 830 м, долг околу 1,5км, на 1 км источно од Ерусалим. Во подножјето е сместена Гетсиманската градина, овоштарникот со маслини (Мт 24,3). Од Маслинската Гора Давид побегнал од Авесалом (2Цар 15,30). Од неа Господ Исус Христос патувал за Ерусалим (Мк 11,1-11). Оттаму Тој се вознесол на небото.

Мастило – во библиско време се правелод арабјанска гума, за да можеле писарите да пишуваат на пергамент или папирус. Понекогаш се правел во форма на мали колачиња кои се навлажнувале со вода. Се носеле во метална или дрвена кутија (2 Кор 3,3).

Матеево евангелие – првата книга од НЗ. Според преданието, негов автор е апостолот Матеј. Пишувано е на антички грчки, во периодот околу 85-95 г. Главно ги опфаќа настаните опишани во евангелието по Марко, како и додатни настани.

Матеј – Божидар; еден од дванаесетте апостоли. Го викале и Левиј. Бил Евреин, цариник во служба на Римјаните. Работел во Капернаум. (в. Цариник). (Мт 9,10).

Матија – наследник на Јуда, како дванаесетти апостол. Избран е со коцка, но за него понатака НЗ не бележи ништо (Дап 1,23-26),

Матусал {Матушалах) – потомок на Сит и Енох, човек кој според Библијата најдолго живеел. Па така денес, за некој долговечен, се вели дека имал век како Матусал. Според СЗ живеел 969 години. Негов син бил Ламех, таткото на Ное (1 Мој 5,21 -27).

Мев – амбалажа направена од козја или јарешка кожа (Мт9,17), а служела за чување на вино и вода. Такви мевови и до денес се користат во Ерусалим.

Мегидон (Мегидо) – постара форма на називот Армагедон, рид на битките. Бил значаен утврден град во централна Палестина, над Језраелската рамнина, на крстопатот на трговските и воените патишта.Се наоѓал на 32 км од денешна Хаифа. Соломон во него ги сместил воените возила. Околу 915 г.пр.И.Х. бил освоен од Египќаните. Во него загинал царот Јосиф во битка, околу 609 г.пр.И.Х. (4Цар23,29). Кај Мегидо се водени многу битки и НЗ (Откр 16,16) последната битка ја опишува како битката кај ,,Армагедон”, односно ,,ридот Мегидон”.

Мелит – островот Малта, каде апостолот Павле доживеал бродолом. Таму останал три месеци, а бил добро примен од тамошните жители (Дап 28,1-10).

Мелха – царица 1) титула на вавилонската божица Иштар; 2) ќерка на Аран и сестра на Лот, внукот на Авраам (1 Мој 11,29).

Мелхиседек – цар на правдата, свештеник на царот Салем (Еру-салим) (Евр 7,2). Авраам му однел десеток од својот воен плен, а Мелхиседек го благословил свечено и му дал леб и вино (1 Мој 14,17-20). Во Посланието до Евреите, Христос се нарекува ,,првосвештеник по

чинот Мелхиседеков” (Евр 5,10). Како и Мелхиседек, и Христос е цар и свештеник, зашто како жртва го принел сопствениот живот (1 Мој 14,18-20; Пс 110,4). Тој е вечен, зашто Мелхиседек е прикажан без мајка и татко, без потекло, односно без крај (Евр 7.13).

Мемфис – старата престолнина на Егилет, изградена на Нил, нешто појужно од денешен Каиро, Пророците Исаија, Еремија, Језекиил и Осија зборувале против злото на жителите на Мемфис (Ос9,6;Ис 19,13; Ер 2,16; Ез 30,13).

Мене, мене, текел, уфарсин – зборови напишани на ѕидот на дворот на вавилонскиот цар Валтазар. Пророкот Даниил го протолкувал нивното значење: изброено, измерено, разделено (царство) (Дан 5,25-28).

Мера – горка, првата оаза во која доспеале Израелците по преминот преку Црвеното Море, по бегството од Египет {2 Мој 15„22-25). Се спомнува во Рут 1,20, како синоним за горчина.

Мерава – пораст, најстарата ќерка на Саул. Татко ѝ му ја ветил за жена на Давид, но го погазил ветувањето. Таа се омажила за Адриел, а нивните пет сина Давид им ги дал на Гаваонците да ги обесат, заради неправдите штоим биле нанесени од нив (1 Цар 18,18-19).

Мерица – сад за мерење жито, количината изнесува околу 8,75 л (Мт 5,15; Мк 4,21; Лк 11,22).

Мерод – (Бел, Бал, Ваал, Баал), главниот вавилонски бог, обожуван и од Асирците, Навуходоносор и Кир.

Продолжува  

Пишуваат:

4jovanПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1Slave Katin 1СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top