Култура и туризам

ОД ИЗРАЗОТ МЕСИЈА – ПОМАЗАНИК – ДО ИЗРАЗОТ МУЗИКА (25)

1rod

1rod

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите, лексикографските термини…кои се во „Библискиот речник“: од Месија – име што доаѓа од еврејскиот збот Машиах – помазаник, до изразот музика – многу значајна уметничка гранка за еврејската култура

Месија – доаѓа од еврејскиот збот Машиах – помазаник. Првобитно го означувала секое лице помазано со освештено масло, за првосвештеник (3 Мој 4,3; 5,16; 1 Цар 12,3.5) или цар (2 Цар 1,14.16). Кога Бог му ветил на Давид дека престолот за секогаш ќе остане во неговиот дом (2 Цар 7,13), титулата се здобила со ноѕа димензија и го означувала претставникот на царската Давидова линија (Пс 2,2; 18,50; 84,9; Плач 4,20; Ав 3,13). Давид бил личност со таков углед што станал прапример на Месија. Затоа се споменува на повеќе места во СЗ дека Месијата ќе произлезе од Давидовиот дом (Ис 9,6-7; Мих 5,2-5; Ер 23,5-6). До почетокот на христијанската ера, изразот Месија, добил значење на избавител чие доаѓање се очекувало и конечно се остварило во ликот на Исус. Христос е изразот за Месија. Но Исус ги разочарал повеќето Свои сонародници, кои очекувале Месија со политичка моќ и ослободител од паганската власт на Рим, додека Тој ги уверувал дека Неговата власт не е од овој свет.

Месопотамија – меѓуречје, во СЗ назив за земјата источно од среден Еуфрат и Тигар. На тоа тло се сменувале Асирското, Халдејското и Вавилонското царство. Стотици години имала големо влијание врз жителите на Палестина, врз нивната уметност, начините на наводнувањето, организацијата на градовите, трговијата и законодавството. Евреите таму го поминале ропството и поголем дел од СЗ е пишуван во Месопотамија.

Метрит – некаде се преведува како мерка од 80-120 литри (Јв 2,6), а некаде изразот се остава непреведен.

Мечка – последната кафеава мечка во Палестина е убиена во триесеттите години од 20 в. (2 Цар 17,8; Ам 5,19). 

Мидија – името на денешен северозападен Иран југозападно од Каспиското Езеро. Мидијците ја населувале како наследници на Јафет (1 Мој 10.2).

Милет – древно пристаниште на југозападниот брег на Мала Азија, од каде бродовите испловувале по Црното Море. Александар Велики (Македонски) го освоил во 334.г.пр.И.Х. Апостолот Павле го посетил накратко овој град на своето патување за Ерусалим пред крајот на своето трето мисионерско патување. Таму ги повикал старешините од Ефес и одржал прекрасен проштален говор (Дап 20,15-37). 

11rod

Мидијанци (Мидјани, Мадијанци) – древен индоевропски народ, кој имал напредна цивилизација јужно од Каспијското Море. Подоцна, Ниневија, престолнината на Асирија, потпаднала под нивна власт. Владееле над Персијанците се додека Кир Велики не ја освоил Мидија околу 549 г.пр.И.Х. Биле познати по своите строги закони (Ест 1,19).

Милја – мерка за должина – 1,478 м (Мт5,51).

Милост – се мисли на Божјата милост, во денешно време се објаснува со други термини, благонаклоност, благодат, љубов. Ја разоткрива Божјата грижа за грешниот човек. Бог е милостив {Пс 25,6; 89,49; 24,6; 88,50;2 Кор 1,3; Лк 6,36).

Мир – превод на старозаветниот збор шалом, што значи здравје, спокој, безопасност, сигурност или душевен мир, сврзан со правда и вистина (Пс 122,6; 121,6; 4,8,9). Се подразбира како Божји дар, Христос носи мир и го дарува на учениците и следбениците (Лк1,79; Лк7,50).

Мира – главен град на ликиската област (Римска провинција од 43.г.), {Дап 27,5),

Миријам – сестра на Мојсеј и Арон. Го спасила животот на Мојсеј како девојче, кога тој како бебе бил оставен во кошница да плови по Нил, ја предложила својата мајка за доилка на детето, откако фараоновата ќерка го пронашла (2 Мој2,4-8). Кога Израелците го преминале Црвеното Море, ги предводела жените во играње и пеење во знак на благодарност кон Бога (2 Мој 15,20-21). Умрела во Кадис (Кадеш), пред да влезат Евреите во Ханаан (4Мој20,1).

Мирисно дрво – зимзелено дрво, расте во Северна Африка. Од него се правел мебел и украсни предмети заради неговата богата боја и миризливост (Откр 18,12). 

Миро – смола што тече од стеблото и гранките на едно дрво со низок раст и се претвора во маслеста смола. Бил една од состојките на маслото за помазување кај Евреите, а се користел и како парфем (Пс 45,8).

Миса (Меша) – моавски цар, кој се побунил против израелскиот цар Ахав и извојувал победа за својот народ. Изградил многу утврдени градови и патишта (4 ЦарЗт4).

Мисах– еден од придружниците на Даниил на дворот на Навуходоносор во Вавилон (Дан 3,13-30).

Мисир– в. Египет.

Миспа – стражарница, 1) место во северните висорамнини во Јордан, каде Јаков и Лаван подигнале куп камења за да го обележат склопениот пријателски сојуз {1 Мој 31,45-52).; 2) центар што го одбрале Евреите во Јудеја, кога мнозинството народ било одведено во ропство, во Вавилон; таму е погребан и Годолија, намесникот на Јуда (4 Цар 25,22-25). Таму бил религиозниот центар на макавејското востание.

Митилина– главен град на островот Лезбос. Имал две пристаништа, едното го користел апостолот Павле при третото мисионерско патување од Мала Азија до Хиос (Дап 20,13-15). 

Михаил– којекакоБог, архангел, ги чува и им помага на Израелците (Дан 10,13.21; 21,1). Во Откр 12,7 се опишува неговата борба со Сотоната, некаде во иднината.

Михала– ќерка на Саул. татко и му ја понудил на Давид за жена во замена за 100 убиени Филистејци. Но Давид убил двесте и се оженилсо Михала (1 Цар18,20-27).

Михеј– којекакоГоспод, пророк од Јудеја, живеел во 8 в.пр.И.Х. Бил земјоделец и добро ги познавал страдањата на селаните. Зборувал за Божјата правда и верноста што Бог ја очекува од Својот народ. Прорекнал дека Исус ќе се роди во Витлеем (Мт 2,6). Михеј е современик на пророкот Исаија.

Михеј – КниганапророкотМихеј– книга на СЗ; се состои од седум кратки глави, поделени со три пророчки целини: Стравување од суд над Израел; Ветување на златно доба и Опомена на Божјата љубов и милост.

Михмас– град на ридот северно од Ерусалим, во негова близина бил судирот меѓу Израелците под водство на Саул и Филистејците, кои уплашени побегнале (1 Цар 14,31).

Моав – одтатко; древно царство на богатите висорамнини, источно од Мртвото Море. Таму умрел

Мојсеј (5 Мој 34,5). Моавците и Израелците честопати војувале.

Мојсеј – од вода изваден; како што популарно се објаснува, инаку вистинското значење на староегипетски е син. Законодавец и првиот и најголемиот еврејски пророк и водач. Околу 1300 г.пр.И.Х. ги извел од египетското ропство и го повел кон Ветената земја Ханаан. Роден е во Мемфис во скромно семејство, но во Египет станал многу значајна личност. Побегнал после убиството на еден Египѓанец во Мидија. Таму се оженил со една од ќерките на тамошниот свештеник Јотор. Во една визија на капина што гори, а не изгорува, му се јавува Бог и му наложува да го избави својот народ од ропство. Израелците по долги перипетии избегале од Египет преку Црвеното Море и 40 години лутале низ пустината. На планината Синај Мојсеј ги примил од Бога Десетте Заповеди. Пред својата смрт ја видел Ветената земја од гората Навав, но немал право да влезе во неа, како ни останатите од народот што тргнале од Египет, како казна за нивната непослушност кон Бога. Неговиот наследник Исус Навин ги довел Израелците во Ханаан. Не се знае местото каде е закопан Мојсеј (2 Мој), а умрел во 120 година од животот.                

111rodМолитва Господова (Оче наш) – молитва што Христос им ја кажал на Своите ученици. Зборува за Божјата светост и Царство, како и за потребите на човекот. Пократката верзија на молитвата е во Лк 11,2-4, а подолгата во Мт 6,9-13.

Молох – амониќански бог, чиј култ барал жртвување на деца со спалување во огнена печка. Пророците го осудувале тој чин како спротивен на еврејскиот Закон (3 Мој 18,21; 4 Цар 16,3).

Море бакарно (мијалник) – голем базен во Соломонскиот храм во кој свештениците си ги миеле рацете и нозете пред служењето во Светињата или кај жртвеникот (3 Цар 7,39; 2 Лт 4,6). Стоело на 12 бакарни коњи, во 4 групи по 3. Навуходоносор при освојувањето на Ерусалим, го скршил бакарното море {4 Цар 25,13,16; Ер 19-22).

Морија -1) местото каде Авраам се подготвувал да го жртвува својот син Исак (1 Мој 22,2); 2) рид во Ерусалим, на кој бил подигнат Соломоновиот храм (2 Лт 3,1).

Мрежи – во библиско време се користеле при риболов (Лк 5,4; Јв 21,6); за ловење птици (Изр 1,17), но и за животни (Ис 51,20).

Мртво Море – се нарекува и Солено Море, езеро на југ од Палестина, со 400 м под нултата надморска висина. Во него се влева реката Јордан, Арнон и други помали реки, а нема никаков истек на водите. Затоа водата мириса и има висок процент на сол, па жив свет и нема, освен во сливовите на реките. Секојдневно милиони тони вода доспеваат во езерото, но нивото на водата е константно поради огромното испарување (1 Мој 14,3; Ис 15,2;18,9).

Мудреци – трите мудреци или цара кои Му донеле дарови на новородениот Исус во Витлеем. Веројатно биле религиозни астролози и не биле Евреи (Мт2,1). Мудреците биле присутни на дворовите на античките цареви.

Мудри Соломонови изреки – книга од СЗ, претставува збирка од мудри изреки, составувани и собирани со векови, а оформена околу 400 г.пр.И.Х. Многу од изреките се засновани врз практични секојдневни упатства.

Музика – многу значајна уметничка гранка за еврејската култура. Се пеело и свирело во време на веселби, свадби, празници, но и за погреби (Ис 5, 12; 16,10; 2 Цар 19,35; Плач 5,14). Денес не се знае каква била таа музика, ниту пак дали Евреите имале некаков нотен систем. Некои од псалмите се пееле во храмот (Пс 13; 20). Музиката се изведувала со пеење и свирење. Музичките инструменти биле како и кај другите блискоисточни народи, удирачки и дувачки: харфа (гусли), китара, кавал (флејта, свирка), труба (рогодовен), кастанети, кимвали, тимпани…

Продолжува 

Пишуваат:

1slave 7ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 1СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top