
Св. ВИРУС ОСВОЈУВАЧОТ СО МАСКЕНБАЛ КАРНАВАЛ
Маските владеат
со луѓето веќе.
Преку маски
Расне цвеќе
на злото, антички
анти-човечно.
Се замаскираа
Виновните прво
Против невините.
Исправни ќе се
Кои маски сега,
Кој лек
Ако овој век
Оздравее па
Да демаскира
Окупација
од болеста
И во молекули
И во кули
И во космодроми
Вештачки…
Природното
Го нападнаа
Болести изУмени
Од избезумени
Земни богови
Со тајни рогови
За да не знае
Здравото
Кое му е правото
Против маските:
Без или со маска
Да продоложи
Да е… човечно.
Марија Емилија Кукубајска
(илустрација: Драган Ѓоргиев)