Култура и туризам

ЈУБИЛЕЈНО ПОКЛОНЕНИЕ „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1988 ГОДИНА – ДЕЛ II (37)

1dvae

1dvae 2dvae

ДВАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Исто така, за време на престојот во Болоња, делегацијата направи три одвоени средби на владиниот комесар за Емилија Ромања, д-р Џузепе Колаче, на префектот на Болоња, д-р Џакоро Росана, како и на повереникот на Општината Болоња за проблемите во енергетиката, Џани Туњоли. Притоа, домаќините беа запознати со основната карактеристика. На историскиот и општествениот развој на СР Македонија, како и со некои клучни моменти од историјата на македонскиот народ.

За престојот на делегацијата во Болоња, каде што имаше мошне корисни и срдечни средби и разговори со претставниците на Владата и на регионот Емилија Ромања, со кои СР Македонија повеќе години остварува соработка, Глигорие Гоговски истакна:

... На средбата и разговорите што ги имавме со нашиот домаќин Лучано Гверцони, претседател на Покраинската влада на Емилија Ромања, дојде до израз заедничката заинтересираност и готовност за проширување на соработката и за нејзино интензивирање особено во областа на стопанството. Обострано беа посочени повеќе предлози и иницијативи на соработка и беа набележани некои конкретни подрачја во кои таа би можела во иднина да се остварува.

Тоа се однесува, пред се’, на соработката во областа на земјоделието, машиноградбата, хемиската, електроиндустријата, градежништвото и во други области, во кои во догледно време ќе бидат остварени и понепосредни средби на експерти заради натамошно конкретизирање на можностите за соработка. Нашите партнери од своја страна ќе ги проучат можностите за нивно учество во користењето на поволните кредити што ги одобри италијанската влада наменети за соработка со Југославија.

Беа набележани и други правци на соработка, особено онаа на Универзитетот „Кирил и Методиј” и Универзитетот во Болоња, кој годинава одбележува 900 години од своето постоење, како и соработката во областа на заштитата на човековата средина, соработка што ја остварува Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологијаод Скопје со партнери од Болоња …

На 24 мај 1988 година, Архиепископот охридски и македонски – Гаврил, му изрази писмена благодарност на Неговата Светост папата Јован Павле II, од името на Македонската православна црква, за братскиот прием на македонските црковни делегации, кои доаѓаат да се поклонат пред гробот на свети Кирил Солунски. Исто така, на папата Јован Павле II му е изразена благодарност за прогласувањето на светите браќа Кирил и Методиј за копатрони на Европа заедно со светиот Бенедикт, како и за признавањето на светите Климент и Наум Охридски во 1986 година за светители на Римокатоличката црква.

3dvaeСв, Климент во Рим

Во 1988 година во Новгород беше одржана „Словенска конференција” по повод 1 000 години од покрстувањето на Русија. На 24 мај на Конференцијата настапи претставникот од Македонија, д-р Блаже Ристовски, со реферат: „Кон запознавањето на заемните врски и односи помеѓу Македонија и Русија во периодот од Х до Х/II век”. Рефератот е објавен во зборникот „Охридската архиепископија и покрстувањето на Русија” што го издаде Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски” – Скопје, во 1988 година по повод 1 000-годишниот јубилеј.

Цветан Грозданов, како единствен претставник од Македонија и од бивша Југославија, учествуваше на научната конференција во Париз во 1988 година во организација на УНЕСКО, на тема „1 000 години од покрстувањето на Русите”. Рефератот на Грозданов беше со наслов:

„Ликовните врски на Македонија, Србија и Русија во средниот век”. Во ова излагање, своето место го најдоа и светителите: Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, како и други словенски светители. Зборникот со рефератите од оваа научна конференција беше отпечатен :

Cvetan Grozdanov: La Maciedonie, /а Serbie et l’art midiival de /а rus’: La christianisation de /а russie ancienne: 988-1988: ип millinaire. Paris: UNESCO, 1989, р. 119 -129.

По повод 20-годишниот јубилеј од манифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил”, во 1988 година се појави списанието: „ln gloria di Ѕап Cirillo” (20 anni dela manifestacione “La Jugoslavia in anore di Ѕ. Cirillo”).

Во овој број воведна статија за делото на светите Кирил и Методијобјави проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ.

Охридската архиепископија и покрстувањето на Русија (Зборникот излегува по повод 1 000-годишнината од покрстувањето на Русите, Скопје 1988 година).

Овој зборник го издава Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски” во Скопје, под уредништво на архиепископот г. г. Гаврил. Зборникот содржи повеќе студии.

4dvaeСв. Климент во Скопје

Михајло Георгиевски: „Словенски ракописи во Македонија”, опис III, IV, Скопје 1988. Овие два тома словенски ракописи претставуваат логично продолжение на два претходно споменати од Владимир Мошин . Опишаните ракописи се откриени во периодот од 1970 до 1985 година.

По опишаните 168 ракописи од Владимир Мошин, се надоврзуваат описите од Георгиевски на уште 152 нови словенски ракописи, пронајдени во Македонија. Предговорот на описите и самите показатели на ракописите даваат убав увид во новопронајдените значајни ракописи, особено нивните одбрани факсимили предадени во IV том.

Вангелија Десподова – Лидија Славева: „Македонски средновековни ракописи”, I, Прилеп 1988. Во книгата се опишани (и со одредени факсимили) 100 македонски значајни ракописи од Х до XVI век.

Угринова-Скаловска, Р., Рибарова, 3.: ,,Радомирово евангелие” , Скопје 1988. Обработен е значајниот македонски споменик со наслов Радомирово евангелие, со потекло од XIII век.

Цветан Грозданов: „Црквата Свети Климент – Охрид” – Kirche HI. Kliment Ohrid, Завод за заштита на спомениците на културата, Народенмузеј, Охрид 1988.

Монографски приказ и претставување на историско-уметничкитевредности на охридската  црква „Свети Климент”.

Цветан Грозданов: „Света Софија” – Охрид – Saint Sophia of Ohrid, Завод за заштита на спомениците на културата, Народен музеј , Охрид1988.

Делото претставува монографски приказ на охридската црква „Света Софија”.

Продолжува  

6slave Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top