Култура и туризам

ОД СВЕТИ ПЕТАР – ЕДЕН ОД ТРОЈЦАТА ХРИСТОВИ УЧЕНИЦИ – ДО ТЕРМИНОТ ПОМАЗАНИЕ (30)

1pet

1pet

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од Петар – еден од тројцата омилени Христови ученици, до терминот Помазание – излевање на масло на некого на главата, или на некој предмет

Петар – еден од тројцата омилени Христови ученици. Познат е и како Симон Петар, Симон или Кифа (со значење на ,,камен”). Потекнувал од рибарското село Витсаида на брегот на Галилејското Езеро, а со брат му Андреј биле рибари. Името Петар или Кифа значи камен, карпа, му го дал Исус, со зборовите: ,,Ти си Петар (Кифа) и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја (Мт 16, 18)”. Ги предводел апостолите и прв проповедал меѓу паганите. Се одрекол ол Христатри пати, а пред да Тој да воскреснеПетар три пати Му ја посведочил својата љубов на Исус. На Педесетница, по слегувањето на Светиот Дух, смело проповедал пред група луѓе во Ерусалим. Тогаш поверувале и се крстиле околу 3000 луѓе (Дап 2:41). Во почетокот им проповедал само на Евреите, но Бог во визија во Јопа му наложил да зборува и пред другите. Царот Ирод го уапсил, но на молба на христијаните го ослободил (Дап 12,3-11). Напишал две новозаветни посланија во Рим. Според преданието умрел со маченичка смрт на крст, распнат со нозете нагоре, по наредба на царот Нерон, околу 67-68 г.

Петрови посланија, 1 и 2 – првото е пишувано за време на гонењето на христијаните околу 65г., а второто подоцна. Им пружиле поддршка на христијаните кои биле подложени на страшни прогони и ги опоменува на лажните пророци. Спаѓаат во групата на „соборни” посланија.

Петефри (Потифар) – капетан на телесната гарда на египетскиот фараон, го купил Јосиф од Мидјаните и го поставил за пехарник. Но по лажната оптужба од жена му, Јосиф бил фрлен во темница (1 Мој37,36).

Петокнижие – в. Пентатеух.

2pet

Печат – на првосвештеникот, кој бил ставен на каменот со кој бил затворен гробот на Исус (Мт 27,66).

Печка огнена – заграден простор во кој се наложува оган илисе пече леб, грнчарски производи, се затоплува куќата или, пак, се топи руда (Мт 13,42). Во преносно значење, означува вечни маки. Тројцата другари на Даниил биле фрлени во една таква печка (Дан 3).

Пешадијци – војниците што трчале покрај бојните коли во битките (1 Цар8,11).

Писидија – дел во јужна Мала Азија иво римската провинција Галатија. Апостолите Павле и Варнава два пати поминале оттаму (Дап 13,14-51; 14,24).

Писмо – областа на „Плодната полумесечина”, му дала на човештвото писмо, како трето средство за изразување на човечките мисли. Веројатно под влијание на сликовитото писмо на Египќаните, семитските работници на Синај развиле свој посебен начин на пишување. Тоа била првата фаза од северосемитското писмо, кое е директен предок на латиницата. Се користело во Палестина, Ханаан и Феникија. Кон крајот на 9 в.лр.И.Х. го лрифатиле и античките Грци, а од таму се раширило во Рим, а понатаму и низ целиот свет.

Плач Еремиин – дваесет и петта-та книга од СЗ, се состои од пет песни со кои се оплакува разору-вањето на Ерусалим (во 587 г.пр.И.Х.}. Некои научници веру-ваат дека се пишувани од повеќе автори, во Вавилон, но според преданието нивни автор е про-рокот Еремија (Еремија).

Плодната полумесечина – израз искован од современиот научник Џ.Бристид, со кој ја означил плодната површина во облик на полумесечина, која се простира од реките Еуфрат и Тигар, а вообичаено позната како Месопотамија (Меѓуречје), па преку Сирија и Средоземното Море и западно до Палестина и долината на Нил во Египет. Таму се појавиле повеќе значајни древни култури, а откриени се и мноштво стари градови: Ур, Мари, Нузи, Алаке и др. Низ тие краеви поминувале Асирците, Хетитите. Таму се развивала еврејската традиција. Овој регион бил мост меѓу Европа, Азија и Африка за војските, трговците и поклониците. Значаен е и во денешно време.

Покривало – (1 Мој 24,65; 20,16), неопходен дел од источната женска облека. Еврејките не оделе постојано со покриено лице. Покривалото ја означувало скромноста и покорноста на мажот. Затоа веројатно апостолот Павле им препорачувал на жените на јавните собири да имаат покривала на главите (1 Кор 11,3-10). Мојсеј по враќањето од Синај носел покривало, зашто лицето многу му сјаело (2 Мој 34,33). Во Скинијата и во храмот со тешка завеса (покривало) се одвојувал просторот на Светињата над светињите. Расцепувањето на таа завеса, во моментот на смртта на Христос, означува крај на обредниот закон, кој ги одвојува Евреите од незнабошците. Во Ис 25,7 се наведува дека сите народи се покриени со покривало, што го означува нивното незнаење и суеверие.                            

3pet

Први плодови – плодовите од жетвата што се принесувале како жртва пред Господ во име на народот на Празникот на бесквасните лебови (3 Мој23,10.17) и од страна на поединци (2 Мој 2 ,19; 5 Мој 26,1-11). Изразот се користи и фигуративно во НЗ (Рим 8,23; 11,16;16,5;1 Кор 15,20.23; Откр 14,4). 

Покуќнина – мебел, предмети во домаќинството (1 Мој 31,34).

Првина – преороденото од животните кое Му припаѓало на Господ (1 Мој 4,4; 2 Мој 13,12). Од чисто животно се жртвувало, а од нечисто му се кршел вратот или се заменувал со жртвување на јагне (ЗМој 27,26).

Првороден син – најголемите права му припаѓале на најстариот син во семејството. Јаков го измамил својот татко и му го одзел правото на првороден на брат му Исав (1 Мој 25,29-34). Најстариот обично бил и водач на племето. Бог за Израел вели: ,,Тој е мој првороден”, (2 Мој 4,22). Христос е над сите, па се нарекува и Тој првенец (Рим 8,29; Кол 1,15). И синот единец се нарекувал првенец или првороден (Зах 12,10).

Полагање раце – симболичен чин на ставање на рацете врз некого, обично врз главата како обред на благословување. Се полагале раце врз животното што се принесувало како жртва (3 Мој 1,40, со што таа се прикажува како претставник на човекот пред Бога; врз децата (1 Мој 48,14), со што им се пренесува родителскиот благослов; врз болните (Мк 8,23) со што им се пренесува Божји благослов; кога апостолите, мисионерите и други полагаат раце врз некого, го обележуваат   дека е посветен за Божја служба (1Тим 4,14). Денес се нарекува и ракоположување.

Помазание – излевање на масло на некого на главата, или на некој предмет. Спаѓал во обичаите за дотерување (Рута 3,3; 2 Цар 12,20). Често пати бил знак на внимание кон гостинот (Лк 7,46) или, пак, се применувал за лечење на рани (Ис 1,6). Се помазувале и мртви тела (Мк 14,8; Лк 23,56). Инаку, помазанието било дел од официјалната церемонија за посветување на пророци или цареви (2Мој28,41;3 Цар 19,16). Бог Го помазал Исус (Дап 10 38). а Израел е од Бога помазан народ.

Прашина (прав) – кога Евреите се враќале дома од нееврејските краеви имале обичај да ја истресат прашината од нозете, за да не внесат нешто ,,нечисто” во Светата земја. Исус им го налагал истото на учениците, како раскинување со оние, кои не сакале да го прифатат Евангелието (Мт 10,14; Лк 9,5; 10,11; Дап 13,51).

Продолжува 

Пишуваат:

1slave 7 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 1 СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top