Култура и туризам

Марија Емилија Кукубајска: СВ. ВАСИЛИЕ, 4 век, ГРЕГОРИЈАНСКА НОВА ГОДИНА, 16 век, ВАСИЛИЦА 21 век

1 Vasilij

1 Vasilij

Фреска на Св. Василиј, катедрала Св. Софија (1035–1056), Охрид

Св. Василиј Велики напишал во 4ти век: „Многу време изгубив на глупости и скоро цела младост потрошив на безначајности, посветен на лажни учења кои се глупости за Бог. Кога се пробудив од тој длабок сон, ја препознав прекрасната светлина на вистината од Божјето духовно слово и ја признав ништожноста на учењата на владетелите на овој свет“.

Св. Василиј е роден во Кападокија, денешен Кајзери-Турција, во богато и побожно христијанско семејство во кое сите пет браќа постанале светци. Дедото на Васил од страната на мајка му Емилија, починал за својата христијанска вера измачуван од тогашниот Римски поредок. Баба му по татко, Макрина, ги воспитувала и образувала него и неговите четири браќа спрема Библијата и христијанската литература. Васил своето образование по правни закони и реторика го усовршувал и го предавал во Александрија-Сирија, Константинопол и Атина, но подоцна се откаажал од таа нехристијанска филозофија и законодавство, уверен дека законите и моралот на Бог се единствено праведни и вечни. 

Мини есеи за Стара Нова година

Грегоријанска година, или јулијанска … Постојан роденден на Бескрајот е. Славиме Вера трпелива, Надеж жизнерадоста, Љубов семоќна. Се чуваме од терор-окупации заколнати нас да не’ забрзуваат во себе-уништување, да дрогираат и да сушат здрав род од историски берби. Ние, во вените питоми, благи, благословени – со зрачна чистина пробиваме патишта; по нив живот да се слави во земно-космички, не во насилни промени на календарите и во темни, оргиски колежи на коледарите наши. Вените ни’ – текови на мир, лекови се за војни внатрешни и за зависност од центрите на светски беснила. Ние – камени крстилници со свети води, планински очи со поглед кон душата. Нашето славење не е давење во луди слободи. Природата не` учи, сите: Познавај си го семето за да знаеш (на)родот да си го браниш од бремето. Од трговец со слободата напредок нема – души зема, отров сади тој, city-човекојадецот. И мисли и медиуми менаџира со дезинформации, теледирижирано копа души детски, богатства светски цица контролирано неконтролирано.

Дете мое, ти душа што имаш, учи, разликувај, помни…

Целина на светот, животен круг од ѕвездени сезони, од природни небесни сокови излеан, гори посилно од мразот, и од урнати ѕидови ги спасува праведните на четири страни рас(п)нати. Заедно тргаме, сами против Голи-Јат(а) Метални, сами, само со вистини одржливи, отворени, иако под р’ѓава закана од гробари со златни лопати платени. Плеќите – непоткопани брегови, нас нѐ крепат под тие проСтранства подивени поплави, под тие правила на Неправедноста насекаде надојдени од радиКалишта, тие со златно теле стелни, копиле на злото. А ние, верни на органски градини во нас и во светот: Божји дух нѐ води нас, да чистиме полиња пореметени од нивните новодобски палео-вируси. Со вас сме, мили деца и родители, небо наше благословено, земјо родна, за напредок и наследство на мирот и правдата, бесправно вознемирувана од илузии и илузионисти, лажни носители на светлината, непоправни, непокајни господари на темнината.

Современи а трајни мисли и дела славиме, против хаос на зли заблуди и подли поредоци. Чисти, нови и пак исти сме, кодови верни на човечноста од почеток на времињата во просторот. Доме, верен доме наш, во милениумска татковина дизајниран, во прегратка на вис(т)ината. Не угинуваш закопан во минато и во рудници на вселенски лорандит. Те љубиме, доме наш, плането прекрасна, чудесно планирана за човечност, а не за чудовишни пост-човечни планови за прогрес на регресот. Менливи се неверните, од љубов не разбираат. Ние знаеме за мината мака, затоа иднина браниме со срце, со ум, со душа, со рака – за вас, мајко, татко, деца наши, фамилија света, не за заЕдница од уништувачите проколната. Благодариме Боже, за богатства од сонце навезени во идентитетот наш, за кристален ред во светата вода и за неутрино меморија, за врвови во нашата историја. Природно огреани и од будно сонце и од сонлива месечина – благодариме народе, за трајни патеки на доброто, за фактот дека човек не го открива актот на правда, но само го докажува, создаден од Бог. 

Да владееме со себе, верни кон трајна традиција во современа едиција, без анти-материја, таа  не е Божја честичка, не е ни портал за човекот, туку премин во луциферна фурна на Лажниот Принц на светлината. Нова година славиме, и браниме од контролиран хаос на ехо-комори контра-хумани.

Господе, благодариме што не сме нивни. Ти си ни цветна порта, мост кон слободата, крст на четири чесни страни. На планетава – градител, хранител, бранител, светител – ние и работиме и славиме Нова небесна година! Чествуваме Божја пропорција, со човечна порција на трпези совест полни, сложни со природата и науката. За јасно, човечно разбирање, без апсурдни театри со  мајмуни и маѓесници Римски. Без лукави фермиони енергетски, анти-природни, тие цепат вистини и сВест бомбардираат, и низ уни-верзитети и низ полит-верзии прогонуваат, ликвидираат. Нашата Мудрост доаѓа од мирот и редот во писмото на Бог, Содржина за проСлавата на Славата Божја. Срца ни’ грее лорандит македонски од вселената принос, испратен со Божји неутринос.

1Marija Emilija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top