Култура и туризам

ВИСОКА МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НАСВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ – ДЕЛ II (40)

1pokl

1pokl

ДВАЕСЕТ И ВТОРОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ – 1990

Во второто продолжение од дваесет и второто поклонение во вечниот град Рим во 1990 година ќе одбележиме дека  Повелбата на пергамент, испишана со калиграфија во духот наОхридската книжевна школа и иницијалите во позлата, што ја обликува ликовниотуметник Нико Този, а  Друштвото на писателите на Македонија со Повелбата од 15 мај 1990година го прогласи Карел Војтила (Папата Јован II) за свој почесен член.

Исто така, треба да се одбележи дека во овој период во Македонија излегле од печат одреден број публикации чии теми се поврзани со прашањето на религијата,  културата, науката и вистината, меѓу кои ќе ги споменеме следните изданија:

Цветан Грозданов „Студии за охридскиот живопис”, Скопје 1990. Во посочената книга своето место го наоѓаат вредни студии за значајниот охридски живопис, во кој својот одраз и израз ќе го најдат значајни општохристијански, но и локални светители. Не случајно во една од нив станува збор за месецословот на Асемановото евангелие и за постариот монументален живопис во Македонија. Во овој месецаслов ги среќаваме канонизирани имињата на светите Кирил и Методиј, на свети Климент Охридски итн. Покрај 19 студии, застапени се: предговор, библиографска белешка, резиме на француски јазик, листа на цртежи и слики и индекс на имиња.

„Свето писмо на Стариот и Новиот завет”, изд. Македонската православна црква во соработка со Британско и инострано библиско друштво – Лондон 1990.

Ова капитално издание на Македонската православна црква е прво од ваков вид на литературен македонски јазик и претставува голем придонес во семејството на многуте преводи на „Светото писмо”. Целта на „Светото писмо”, наречено уште „Библија”, е човекот и неговите поколенија да се запознаат со основните Божји поставки и пораки. Со тоа на луѓето им се дава можност, не само преку збор, туку и преку симболи да ја разберат вечната Божја правда. Библијата е составена од 77 книги , од кои 50 од Стариот, а 27 од Новиот завет .

Стојан Ристески ,Легенди и преданија за свети Наум”, Скопје 1990.

Авторот Стојан Ристески подготвил убаво издание , преку кое целосно може да се согледа свети Наум во народната традиција. Бројните преданиј а и легенди, групирани во четири циклуси, даваат колоритна претстава за односот и претставата на свети Наум во народот. Покрај тоа, авторот се погрижил да даде и опстоен предговор, со што посебно доаѓаат до израз целите и истражувањата на С. Ристески како автор. Покрај резимето на француски јазик следат и библиографски белешки и регистар на лични имиња.

1pokl2

Македонска резба 

Bibliski atlas, The times, uredio James В. Pritchard, “Cankarjeva zalozba”, Ljubljana – Zagreb 1990.

Ова ексклузивно издание на „Цанкарјева заложба” заслужува посебно внимание. Во неа својот интерес може да го најде и библиологот, и научникот, и обичниот љубопитник насочен кон вечната Библија. Посебно поглавје е посветено на развојот на Библијата кај Македонците, со примерите на кирилометодиевскиот превод на Библијата, и понатаму.

Ова поглавје и е доверено на Вера Стојчевска-Антиќ , која се јавува и како еден од соработниците и авторите на изданието број 51.

Мирослав Спировски „Борба за автокефалност”, Нова Македонија, Скопје 1990.

Со дејноста на светите Климент и Наум Охридски во Македонија се зацврстува темелот на организираниот црковен живот. Во Х век се формира и востановува Охридската архиепископија, која ќе се одржи се до 1767 година кога била укината и приклучена кон Цариградската патријаршија. Авторот на оваа книга понатаму го проследува патот на Македонската православна црква до нејзиното прогласување за автокефална.

Ратомир Гроздановски „Свети Климент Охридски основоположник на МПЦ”, Скопје 1990.

Авторот на овој труд ја нагласува светата кирилометодиевска словенска мисија, која го добила својот полн израз во делата на светите Климент и Наум Охридски. Тие својата широка дејност ја прошириле низ цела Македонија и свети Климент Охридски ја сфатил суштината на писмото, големината на „книгата” и започнал да ги расејува. На тој начин создал култура, услови за зачувување и потврдување на иден титетот и создал основа на црковниот живот во Македонија .

Митрополит Повардарски Михаил „Нашето свето православие”, Македонската православна црква, Скопје 1990.

Авторот на овој труд се задржува врз хронолошките периоди низ кои минале Македонците во осознавањето и прифаќањето, а потоа и афирмирањето на христијанството, на нашето свето православие. Започнува со ширењето на христијанството меѓу македонските Словени. Христијанизирањето на Македонците пред добивањето на писменоста, пред IX век, било стихијно, зашто се одвивало на друг јазик, недоволно разбирлив за Славените. Со апостолското и просветителското дело на светите браќа Кирил и Методиј христијанството започнало суштински да се прифаќа.

1pokl3

Вечниот дом на македонскиот великан Гоце Делчев

Нивното дело во Македонија го продлабочиле учениците – светите Климент и Наум Охридски. Климент бил хиротонисан за прв словенски епископ во Велика. Во Х век се создава самостојна Македонска православна црква, олицетворена преку Охридската патријаршија (архиепископија). Митрополитот Михаил понатаму ја следи историјата и развојот, како и укинувањето на Охридската архиепископија, се’ до прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква на 17 јули 1976 година .

Славе Николовски – Катин „Македонски холокауст“, „Студентски збор” 1990, 1-236

Публикацијата „Македонски холокауст“ на авторот Славе Николовски – Катин претставува значаен придонес во натамошното проширување на сознанијата за драмата на македонскиот народ и за нејзините режисери, кои што со невидена упорност ја продолжуваа со години, децении и векови и сé уште упорно ја продолжуваат и се надеваат до конечното искоренување на Македонците од нивниот дел на Балканот.

Авторот на публикацијата, меѓу другото, дава текстови за Македонската православна црква во Републиката и дијаспората, како и за судбината на Македонците во поделена Македонија.

Илија Велев: „Преглед на средновековните цркви и манастири во Македонија“, Скопје 1990.

Книгата на авторот Илија Велев претставува 887 македонски цркви и манастири, градени од времето на IX до XVIII век.

Списание „Свети Климентово слово”, Мелбурн , Австралија, 1990 година.

Ова Списание е периодична публикација и орган на Македонската православна епархија во Австралија. Првиот број се појави во април 1990 година, на 20 страници и 2 корици на среден формат, а го издава Епархискиот управен одбор при Австралиско-македонската православна епархија со седиште во Мелбурн. Се печати на македонски јазик со кирилица, а има и бројни текстови на англиски јазик. Во текот на трите години од излегувањето се отпечатени 12 броја кои содржат бројни материјали за активностите на македонските православни црковни општини во Австралија и за македонските иселеништва на петтиот континент.

Продолжува

1slave  Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top