Култура и туризам

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОДРАМАТА „ЧЕНТО“ ОД ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН ОД СИДНЕЈ

1chent

1chent

Во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и „Австралиско – македонскиот театар“ од Сиднеј, деновиве излезе од печат монодрамското дело „Ченто“(на македонски и на англиски јазик) од познатиот македонски иселеник, познат и признат поет, драматург, автор на седум стихозбирки, 5 монодрами и 13 драми,  М-р Душан Ристевски – Македон. Ова монодрамско дело е посветено на страдалникот за обединета Македонија –  Методија Андонов – Ченто

Делото „Ченто“(на македонски и на англиски јазик) на М-р Душан Ристевски – Македон е посветено на македонскиот национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ – Методија Андонов – Ченто, кој се именува и како прв Претседател на Македонија.Тоа е една од значајните публикации на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и Австралиско – македонскиот театар од Сиднеј, чиј рецензент е новинарката Фиданка Танаскова, додека преводот на англиски јазик е на Ристо Стефов.

Според зборовите на познатиот и признат македонски иселеник од Австралија, Душан Ристевски испирација за ова театарско дело му бил мотивот што: Методија Андонов – Ченто бил претседател на привремената македонска влада за време на Втората светска војна кога Македонија беше окупирана од фашистите и монархофашистите на Германија, Бугарија, Италија и Грција и што тој бил и прв претседател на македонската влада после формирањето на Република Македонија во составот на југословенската федерација.

За жал, во еден подолг период Методија Андонов – Ченто небеше присутен во македонската историја, како да испарил од политичката сцена без некое објаснување. Секако неговите современици мошне добро знаеја дека подолго беше отстранет и затворен во самица повеќе години, но за помладата генерација тој беше енигма и токму поради тоа се јави љубопитност кај Душан Ристевски да се истражува делото на големиот Македонец Методија Андонов – Ченто. За него Ченто е еден идеолог за независна и обединета Македонија, идеолог за воспоставување демократска држава на Македонците кои самостално ќе ја решаваат својата иднина.

Голем дел од вистина за Ченто е потврден во рецензијата на Фиданка Танаскова, која, меѓу другото вели: „Во летописните страници на македонскиот историски незаборав, посебно место има делото, непокорот, визиите и трагиката на Ченто. Неговата животна драма се одигрува во средината на минатиот век и долго време беше табу-тема во заклучени архиви и тајновит молк. Таа тема била силен предизвик за истакнатиот автор Ристевски, кој ја обликува и ја компонира извонредно вешто, вообличувајќи ја во прекрасна монодрамска креација. 

Овој драмски текст на Душан Ристевски е своевиден историски хронопис и спојовник на дел настани од повоениот виор во турбулентни времиња. Во години, кога на политичкиот мегдан некои беа детронизирани, некои беа директно сместени меѓу неподобните, други спроведувани во занданите, а некои беа диригентите“, пишува Фиданка Танаскова.

М-р Душан Ристевски – Македон, пак, ќе напише дека тој бил лично шокиран кога во 1990 година ги читал написите во весникот „Нова Македонија“ од новинарката Фиданка Танаскова, на која иако и се претело поради написите, херојски истапувала пребарувајќи во забранетиот архив и разговарајќи со Чентовите другари и соборци,за потоа да изнесе факти кои дотогаш никој не ги знаел, од прости причини што истите не биле достапни на јавноста. Сето тоа го поттикнало и му дало инспирација да напише монодрама за личноста на Ченто,  за кој многу малку се знаело во македонското иселеништво.

1chent1

Исто така, Ристевски вели дека  во период од триесетина години Македонците во Австралија направија успешни обиди на полето на театарот. Така, театарски групи од македонски доселеници и бројни Македонци родени на петтиот континент, од повеќе градови ширум Австралија презентираа интересни театарски претстави кои оставија видливи траги на полето на театарската уметност.

 Една од тие македонски театарски групи е, секако „Австралиско-македонскиот театар“. Овој театарски состав е формиран во 2007 година со цел да ја промовира македонската драмска и театарска уметност и да ги обединува луѓето со македонско потекло кои се активни и креативни во драмските, сценските, театарските продукции и творештвото.

Еден од издавачите на монодрамата „Ченто“, „Австралиско-македонскиот театар“ од Сиднеј е познат и признат театарски состав на широко меѓу македонската и австралиската публика не само во Австралија, туку и со двете гостувањата во повеќе градови во Република Македонија ги освои симпатиите кај театарската публика и вљубениците во македонската иселеничката проблематика.

Според зборовите на драматургот Душан Ристевски, „Австралиско – македонскиот театар“ премиерно се претставил пред австралиската публика со делото  „Ченто“ на  28 ноември 2015 година, во просториите на Hurstville Civic Theatre, MacMahon Street, Hurstville. Ликот на Ченто го одиграл Васко Србиновски, кој повеќе од дваесет и пет години од животот ги посветил на театарот, на кој театарот постанал негов неразделен дел од секојдневниот живот, како актер и режисер. Режисер на претставата „Ченто“ бил познатиот иселеник по потекло од егејскиот дел на Македонија Стефо Нанцу, кој е драмскиот писател и режисер, а се јавил и како актер  во повеќе улоги. 

Исто така, Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ е издавач на монодрамата „Ченто“. Тоа е една од најзначајните македонски асоцијации во Сиднеј и пошироко како прво литературно друштво од таков вид во дијаспората. Друштвото беше формирано на 31 март 1978 година од група ентузијасти и вљубеници во македонскиот мајчин јазик, литературата и културата.

Како орган на Македонското литературно друштво „Григор Пр­ли­чев„ излегуваше списанието „Повод“, кое беше едно од најзначајните македонски гласила. Тоа беше прво македонско списание во Австралија и един­стве­но од таков вид во иселеништвото.

Душан Ристевски беше првиот избран претседател на Друштвото, во кое денес се зачленети десетици познати и признати Македонци од сите делови на Македонија кои се вљубеници во убавиот македонски литературен јазик, во поезијата и прозата, во публицистиката и новинарството, во зближувањето на македонските доселеници, коишто се активни на полето на литературата.

М-р Душан Ристевски – Македон, пак, е познат и признат поет, драматург, автор на седум стихозбирки, 5 монодрами и 13 драми, основоположник на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ (1978), на списанието „Повод“ (1978), на Австралиско-македонскиот театар (2007) од Сиднеј и голем афирматор на Македонците во Австралија. Тој е еден од најактивните и најценетите македонски општествени дејци во Австралија.

Сите активности на полето на журналистиката, литературата, публицистиката и театарот на Душан Ристевски придонесоа тој да стане член на Друштвото на писателите на Македонија, член на Друштвото на новинарите на Македонија и член на Македонското научно друштво од Битола.

М-р Душан Ристевски – Македон е битолчанец кој од 1973 година живее и работи во Сиднеј, Нов Јужен Велс. Се школувал во демократска Австралија каде завршил Виша социјална школа, дипломирал на Факултетот по социологија и во 1996 година магистрирал на Факултетот по социологија и хуманистика во Сиднеј. Во исто време, М-р Душан Ристевски е личност која е на распетието меѓу родната земја Македонија и втората татковина – Австралија. 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top