Култура и туризам

ОД ГРАДОТ СИХЕМ ВО ЕФРЕМОВАТА ЗЕМЈА – ДО ОБЛАСТА СУР НА СИНАЈСКИОТ ПОЛУОСТРОВ (36)

1sihsen

1sihsen

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од Сихем, ханаански град во ридестиот дел на Ефремовата земја до Сур – област близу до египетската граница на врвот на Синајскиот Полуостров

Сихем – рамо, ханаански град во ридестиот дел на Ефремовата земја,   во кој се одвивале многу значајни настани за еврејската историја. Таму Исус Навин ги собрал сите племиња и ги опоменал на Божјата љубов кон нив. Ровоам, синот на Соломон, одржал говор со Сихем, во кој ги испровоцирал и ги свртел советниците на татко му против себе, што придонело царството да се подели на два дела: Израел и Јудеја. Јеровоам I, првиот цар на Израел живеел таму. Градот паднал во рацете на Асирците меѓу 742 и 721 г.пр.ИХ(ИН24,1.32).

Скакулец (Локуст) – еден вид скакулци што се споменуваат во СП. Летаат во роеви и ја уништуваат вегетацијата, На блискиот Исток служат се’ уште како храна (ЗМој 11,22; Мт 3,4).

Скинија – в. Шатор на состанокот.

Смола – битумен, некој вид на кал или асфалт, се користел како малтер (1 Мој14,10).

Соборни посланија – 7 новозаветни книги, писма упатени со некоја намена до група верни или, пак, до поединци. Тоа се Посланието на Јаков, две Петрови, три Јованови и едно Јудино. Најверојатно се наречени соборни, зашто нивната содржина не се однесува само на одделни групи, туку има општо значење за сите христијани 

Советници – членови на Синедрионот, кои не биле ни свештеници, ни теолози (Мк 15,53; Лк 23.50).

Содом – еден од петте градови во областа јужно од Мртвото Море. Порано сите биле над морското ниво, но земјотресот некаде во 1900 г.пр.И.Х. ги уништил. Во времето на Аврам, градовите биле ограбени од напаѓачи од Месолотамија. Авраам одел по нив се’ до Дамаски го спасил својот внук Лот, кого го зеле во заробеништво (1 Мој 14). Содом, како и Гомора (1 Мој 19) е пример на морално расипано општество, кое Бог го уништува. Во СЗ се спомнуваат гревовите на жителите на Содом и Гомор и тие се пример за народ за кој нема милост (Ер 23,14). Денешниот израз Содомија (сексуален чин со животни), СЗ им го припишува исклучиво на Содомците. Христос се осврнува на судбината на Содома и Гомора, како опомена за сите оние кои нема да го прифатат Божјиот збор (Мт 10,15).

Сокот- копиби, сеници, древен град источно од Јордан, на висорамнината близу до потокот Јавок. Тоа е местото каде Јаков подигнал шатор за своето семејство заедно со неговиот брат Исав (1 Мој 33,17). Во времето на Соломон во Сокот се правеле предмети од повеќе видови метали кои го украсувале храмот.

Соломон – мирољубив, синот на Давид и Вирсавија, третиот цар на Израел. Владеел во периодот од 960-922 г.пр.И.Х. Многу истакната личност од еврејската историја, кој ги преминал границите на популарност кај својот народ, па е дел од легендите и преданијата и кај други народи. Познат е по мудроста, моќта и мирниот период во текот на владеењето. Ја развил трговијата и подигнал ланец на одбрамбени градови. Во СЗ се спомнуваат неговите врски со странските владетели и земји. Склопил политички брак со ќерката на фараонот, заради зацврстување на врските со Египет (3 Цар 3,1), ја примил во посета савската царица, заради одржу-вање наодносисо Арабија(3 Цар 10,1-13), со Феникија одржувал трговски врски ија уредил заедничката граница (3 Цар9,10-14), како и со Едом и Дамаск (3 Цар 11,14-25). Го изградил храмот во Ерусалим (3 Цар 5,16-6,38), како и царскиот двор (3 Цар 7,1 -51), Поседувал бродови, големо богатство, а особено мудрост (3 Цар 3.28; 5,9-14; 10,7). Осветувањето на храмот е главниот историски настан за време на неговото владеење. После неговата смрт царството пропаѓа. Една од причините е што се интересирал за туѓите богови (3 Цар 1-11).

Соломонов трем – трем со столбови во предворјето на храмот во Ерусалим, каде имале пристап и многубошците. Местото се користело за верска настава (Јв 10,23; Дап 3,11; 5,12).

Солун – град во Македонија, римска поморска база и трговски центар. Го основал царот Касандар во 315г.пр.И.Х. како античка населба и го нарекол според името на неговата жена, а една од сестрите на Александар Македонски, Тесалоники. Во времето на римското владеење во 148 г.пр.И.Х., Солун станал главен град на Македонија. Апостолот Павле на своето второ мисионерско патување таму затекнал христијанска црква. Обратил во христијанство и некои Евреи, како и угледни граѓанки (Дап 17,1-4). Во рамките на своето трето мисионерско патување можеби повторно дошол во Солун (Дап 20,1-4).

(Послание) на Солуњаните, 1 и 2 – книга од НЗ. Претставуваат две писма кои ап. Павле ги пратил од Коринт за црквата во Солун, околу 50 или 51 г. Првото послание ја изразува Павловата благодарност кон народот што ја примил верата во Господ Исус Христос. Второто послание предупредува на Второто Христово доаѓање. Првото послане до Солуњаните е најстариот новозаветен запис.

Сорок, долина – природен пристап кон Ерусалим од Јопа, Долината ги пресекува ридовите меѓу Филистејската рамнина и висорамнината Јудеја. Самсон и Далила живееле таму, а таму биле водени и борбите меѓу Евреите и Филистејците (Суд 16-4). 

1sihsen1

Состан – старешина на синагогата во Коринт, чии обвинувања на ап. Павле римскит проконзул ги одбил (Дап 18,12-17).

Софонија – Јахве засолнил; еден од малите пророци, правнук на Езекија и припадник на угледно семејство. Современик на Еремија и пророкувал околу 626 г.пр.И.Х. Зборувал против идолопоклонството и го повикувал народот на покајание.

Софонија – Книга на пророкот

Софонија – книга од СЗ. Содржи три кратки глави, а напишана е пред реформата на Јосија, во 621 г.пр.И.Х. Во неа се повикува на борба против, гордоста и идолопоклонството; но и на понизност и потчинување под Божјата волја.

Спасител – назив кој се однесува на Исус Христос. Тој е Спасителот, зашто не спасува од гревот (Лк 2,11). Божји син, Кој станал човек за да го спаси човекот. Науката за спасението се нарекува сотирологија.

Списи – третиот дел од еврејската Библија, на античкогрчки наречен Хагиографа (свештени списи). Го сочинуваат книгите: Псалми, Изреки Соломонови, Јов, Песна над песните, Рута, Плачот на Еремија, Проповедник, Естира, Даниил, Ездра, Немија и двете книги Летописи.

Сребреник – пари (Мт 26,15; 27,3-9). Јуда примил триесет сребреника, односно шекели или статири; в. Пари.

Старешина – во СЗ лица кои заземаат различни општествени положби во домашните, граѓанските и црковните работи. Биле предводници на собирите. Првите формално избрани старешини биле избрани во пустината, кога 70 биле избрани да му помагаат на Мојсеј (2 Мој 18,25-26; 4 Мој 11,16-30). Се спомнуваат во текот на целата израелска историја, ги имало во секој град, каде раководеле со граѓанските и верските работи (5 Мој 19,12; Рута 4,2-11; 1 Цар 11,3; Ездра 10,14). Во Синедрионот имало 70 старешини, според НЗ. Имале големо влијание врз народот и уживале голема почит. Постоајно Му се противеле на Христос и на Неговите ученици. И раната Црква имала свои старешини, во Антиохија се спомнуваат за прв пат, а потоа и во Ерусалим (Дап 11,30; 15,2).

Срна – црвен или црвеножолт елен, ,,чисто” животно, дозволено за јадење (5 Мој 12,15). 

Стадиј – 200 м (Лк 24,13; Јв6,19; 11,18; Откр 14,20; 21; 16). Овој израз не еист со саботниот ден на одење, кој изнесува 1 км (Дап 1,12); в. Мерки.

Стариот завет – еврејски свети книги, со заедничко имеза поголемиот дел од нив. Постојат четири различни канони (листи) на книгите кои спаѓаат во СЗ: протоканон, православен, католички и протестантски. Протоканонот е еврејскиот список на свети книги и е составен од три дела: Тора (Законот), кој ги опфаќа петте Мојсееви книги; Пророците, во кој се опфатени пророчките и историските книги; и Писмата, во кој се поетските и мудросните книги. Православниот канон ги содржи и девтероканонските книги (вкупно 11), но одделни цркви се разликуваат според опфатените девтероканонски книги. Католичкиот канон исто така содржи некои од девтероканонските книги. Девтероканонските книги се преземени од Септуагинтата; в. Септуагинта. Протестантскиот, пак, е идентичен со еврејскиот, но редоследот и распоредот на книгите е променет. СЗ ја искажува идејата за единствениот Бог Кој создал се’ и се грижи за се’. 

1sihsen2

Статир – храмовна даночна обврска (Мт 17,24-27). Износот во платежно средство (дидрахми) во различни преводи различно се именува.

Стефан – венец, првиот христијански маченик, еден од првите седум ѓакони во ерусалимската црква. Бил обвинет и доведен пред Синедрионот, каде држел говор и се бранел од лажните обвинувања. Го осудиле на каменување, со што бил согласен и апостол Павле (Дап 6,8-8,1). Додека умирал се молел Бог да им прости на неговите убијци (Дап 7,54-8,2). заради зачестените прогони, многумина од првите христијани морале да бегаат од Ерусалим и на тој начин го шир-ле Евангелието.

Стефана – првата личност што апостол Павле ја крстил во Ахаја (античка Грција) (1 Кор 1,16).

Стоици – филозофи, кои строго се придржувале до учењето на Зенон (Дап 17,18). Верувале во судбина, а како филозофски правец се развил околу 300 г.пр.И.Х.

Стратиште – местото на Христовото погубување (Калварија, Голгота).

Судии – Книга за судиите – книга од СЗ. Тоа е историја на првите години на престојување на Евреите во Ханаан и изобилува со приказни за хероите од народот. Судиите биле народните водачи штово времето после Исус Навин станувале народни водачи. Во книгата има делови што се однесуваат на многу стари времиња, и дејствието опфаќа многу голем временски опсег. Денешниот изглед книгата го добила околу 400 г.пр.И.Х. Познати судии биле Готониел, Јехуд, Девора (единствената позната жена судија), Варак, Гедеон, Ефтај и Самсон.

Сузана, Книгата за Сузана – лил-јан, спаѓа во девтероканонските книги. Напишана е околу 130 г.пр.И.Х. и е додаток на Книгата на пророкот Даниил (13 глава).

Сур – област близу до египетската граница на врвот на Синајскиот Полуостров. На еден од тамошните извори, ангел и се јавил на Агара, откако била протерана од Сара, жената на Аврам и ѝ наредил да се врати. И рекол дека ќе роди син и ќе го нарече Исмаил (од него потекнуваат Исмаилитите) (1 Мој 16,7-16). Саул и Давид се бореле и ги победувале Амалиќаните и другите народи, кои живееле во граничните предели со Сур(1 Цар27,8).

Продолжува

Пишуваат:

1slave 4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top