Култура и туризам

ОД ИМЕТО ФАРИСЕИ – ПОБОЖНИ ЛУЃЕ – ДО РЕКАТА ХИТЕКЕЛ – ЕДНА ОД ГРАНИЦИТЕ НА ЕДЕМСКАТА ГРАДИНА (40)

1225

1225

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот реч ник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од терминот Фарисеи кои според историчарот Јосиф Флавиј, постоеле веќе од 150 г.пр.И.Х. и. се здобиле со водечко влијание во еврејството и понатаму со векови му давале свое обележје – до Хидекел – река која претставувала една од границите на Едемската градина

   Фарисеи – издвоени; се споменуваат само во НЗ, и тоа повеќе пати. Според историчарот Јосиф Флавиј, постоеле веќе од 150 г.пр.И.Х. Во 1 в.пр.И.Х. се здобиле со водечко влијание во еврејството и понатаму со векови му давале свое обележје. За разлика од Садукеите не биле свештеници, туку биле побожни луѓе, кои особено се придржувале до Законот – до таа мерка што често запаѓале во лицемерие (Лк 18,9-14). Верувале во воскреснување на мртвите и во постоењето на ангелите. Некои од нив му биле огорчени непријатели на Христос, зашто ги прекорувал заради неискреноста, па сковале план како да го осудат на смрт (Мт 23,6). Позната е приказната на Исус за фарисејот и цариникот (Лк 18,9-14). Но не може да се тврди дека сите биле неискрени.

Феликс, Антониј- окрутен намесник во Јудеја (52-60.г.), пред кого му било судено на Павле, во Кесарија, околу 60 г. Бил импресиониран од искреноста на апостолот и не сакал да го осуди за предизвикување побуна (Дап 24,10-27), туку го пратил во Рим, но не можел да го ослободи. Павле останал во затвор и откако тој ја напуштил службата.

Феникија – крајбрежниот дел на североисточното Средоземје, покрај Ливан и Галилеја. Претставува дел од старозаветната земја Ханаан; татковина на две древни писма: Алфавита клинестото писмо во Угарит и курзивното писмо од Библос. Фениќаните биле еден од најголемите народи во историјата, познати особено како морепловци. Единствената врска со Евреите ја остварувале преку трговијата. Христос ја посетил Феникија еднаш (Мк 7,26), а апостолот Павле со своите соработници поминале низ неа (Дап 15,3). Позначајни градови биле Библос, Сидон, Тир и Угарит.

Ферезејци – жители на Манаан, кои живееле во ридските области (ИН 11,3). Името најверојатно доаѓа од зборот што означува ,,село”.

Фест, Поркиј – намесник на Јудеја (60-62.г.), го наследнл на должноста Феликс, а бил поставен од Нерон. При сослушувањето на апостолот Павле, бил уверен во неговата невиност, а како римски граѓанин морал да го прати во Рим, но пред тоа средил да го сослуша царот Агрипа 2 (Дап 25,13-27).

Фива – светла; христијанка, ѓаконица во црквата во Кенхреја, предградие на Коринт. Павле зборува пофално за неа (Рим 16,1-2).

Филимон – оној што љуби; богат граѓанин од Колоси и пријател на апостолот Павле кого и го крстил. Павле му напишал Послание, осумнаесеттата книга од НЗ, а напишана околу 61 г, Содржински таа е приватно писмо и претставува молба на Павле упатена до Филимон да му прости на избеганиот роб Онисим, кој во меѓувреме го примил христијанството. Писмото било пратено по Онисим, и Филимон го ослободил.

Филип – љубител на коњи, 1) македонски цар (359-336 г. пр. И.Х.); 2) еден од дванаесетте апостоли, родум од Вирсавија, а пријател на Петар и Андреј. Го привел во христијаство својот пријател Натаниел (Јв 1,43-51); 3) ѓакон, еден од „седуммината”, што биле одредени да се грижат за раната Црква (Дап 6,1 -6).

Филипи – град во Македонија, основан од Август Цезар, римска колонија. Името го носел според македонскиот цар Филип. Апостолот Павле прв пат го проповедал Евангелието на европско тло, токму во овој град, во 51 г. (Дап 16,12-40). 

Филир – в. Ковани пари

Филистејци – множество од ахајски крајморски народи, кои ги протерале дорските племиња од Егејското Море. Во СЗ се споменува дека потекнуваат од Крит (Ам 9,7). Фараонот Рамсез III го одбил нивното продирање кон границата на египетското копно, а ги населил во крајбрежните делови на Ханаан. Отпрвин негови платеници, постепено се осамостојуваат. Го сочинувале владејачкиот слој во градовите Газа, Аскалон, Азот, Акарон и Гет. Доаѓале често во судири со Евреите, за првиот од нив се известува во Суд 4-5. По завршетокот на времето на судиите, имале превласт во Ханаанската рамница. По победата кај Афек, во 1050г. пр. И.Х. загосподариле со Западна Јорданија, а продреле и кон Силом. Седиштето на филистејските управители било во Гева. Првиот еврејски цар Саул неуспешно војувал против нив, а и самиот погинал во една таква битка. Давид, кој го наследил Саул, претходно бил нивни вазал и ја извојувал конечната победа против нив (1 и 2 Цар). По расцепот на Царството доаѓа до повторни борби со Филистејците. Воделе војни и со Асирците. По нападот на Навуходоносор, го губат политичкото значење.

Филозофи – во СП не се среќава „висока филозофија”. Во Дап се напомнува дека епикурејските и стоичките филозофи не го сфатиле сериозно апостолот Павле (Дап 17,18). Мудроста на светот не води кон разбирањето и прифаќањето на Христос (1 Кор 1,18-31). 

Филон Александриски – в. Еленизам. 

1226

Фригија – Подрачје во Мала Азија, со значајни места и крстопати; во неа се основале првите христијански заедници: Лаодикеја, Колоси и Хиерапол (Кол4,13). Во древните времиња постоело самостојно фригиско царство, кое во 6 в.пр.И.Х. потпаднало под персиска, а во 2 в.пр.И.Х. под римска власт. Во 200 г.пр.И.Х. се доселуваат и првите Евреи. Биле раширени во прилична мера и фригиските култови. Павле проповедал во Фригија (Дап 16,6; 18,23).

Фут -1) третиот син на Хам (1 Мој 10,6); 2) град во Африка, се спомнува во СЗ, но неговата точна местоположба не се знае.

Хазна – на старогрчки корван, жртвениот дар во храмот. Во Мт 27,6 изразот корван се преведува како црквена хазна, храмовна ризница или храмовна благајна; в. Корван.

Халеа – куче, еден од луѓето што Мојсеј ги пратил во Ханаанската земја. Заради неговата храброст бил награден со ветување дека тој и неговите потомци ќе ја наследат земјата (4 Мој 13-14).

Халдеја – првобитно земја меѓу врвот на Персискиот Залив, Арабиската пустина и реката Еуфрат. До 7 в.пр.И.Х. изразот ја означувал цела Вавилонија. Овде живеел Авраам пред да замине за Ханаан (в. Ур, 1 Мој 11,28; 4 Цар 24,2).

Халдејци – народ во Вавилонското царство, кој доминирал со него во последните години од неговиот славен период, од околу 626 до 539 г.пр.И.Х., кога Персијанците го освоиле Вавилон. Халдејабила, всушност, северниот дел на Вавилонија, кон Персискиот Залив.

Халкидон – се работи веројатно за зелен камен кој се наоѓа во близината на Халкидон во Мала Азија. Но не е истиот камен што денес го носи тој назив (Откр 21,19).

Хам – еден од синовите на Ное и татко на Хананејците (1 Мој9,18). Според 1 Мој 10,6-20, тоа езаеднички назив за северноафриканските и ханаанските племиња. Подоцна Египет се нарекува „Хамова земја” (Пс 105,23).

Ханаан (Канаан) – ветената земјат која Бог му ја дал на Авраам и на неговите лотомци. Тоа е земјата западно од реката Јордан, од Египет на југ, кон Сирија на север. Дел од таа област подоцна е наречена Палестина. Пред израелските освојувања била населена од многу племиња, со заедничко име Хананејци (1 Мој 12,1-7).

Хананела – Бог е милостив; кула во Ерусалим (Нем 3,1). 

1227Стариот град Хеврон

Харкемис – престолнина на Хетитското царство, на брегот на Еуфрат (Ер46,2).

Харфа – жичан инструмент, еден од најзастапените во старозаветно време. Жиците се правеле од трева, а подоцна и од овчји црева. Постоеле повеќе видови харфи, на едни се свирело со една рака, други биле високи колку човек. Имало и квадратии, во форма на коњска потковица или шише, а биле правени од кожа (ПсЗЗт2).

Хеврон – сојуз; еден од најстарите градови на светот, сместен во долината на 36 км југозападно од Ерусалим. Таму умрела Сара, жената на Авраам, абила погребана во пештерата Макпела. Првата Давидова престолнина била во Хеврон, пред заземањето на Еругалим (2 Цар 5,5). Јеровоам го утврдил,а Јуда Макавејски го разорил градот во 164 г.пр.И.Х. Денешното име на градоте Ел-Халил. Хексатеух – првите шест книги од СЗ.

Хептатеух – првите седум книги од СЗ; в. Седмокнижие.

Хермес – античко грчко божество, гласник на  Зевсовите  наредби  (Дап 14,12).

Херувим – (мн. од херув), духовни битија, се споменуваат прв пат во 1 Мој 3,24, каде се споменува дека по изгонувањето на Адам и Ева од рајот, Бог поставил пред неговите порти херувим со огнвнооружје. Потоа се споменуваат кога се зборува за уредувањето на Скииијата во пустината (2 Мој 25,18-22} и при градењето на Соломоновиот храм (3 Цар6,27; 8,6-7; 2 Лт 3,10-13). Ликови на херувими се извезени на завесите на храмот (2 Мој 26,1), а подоцна се изрезбарени на ѕидовите на храмот. По наредба на Соломон биле изработени два херувима, високи околу 15 стапки и со приближно иста ширина на крилјата. Уредувањето на Скинијата се вршело според директна Божја заповед.па присутноста нахерувимите во неа, треба да укажува на тоа дека тие се во непосредна Божја близина, Му служат и ја извршуваат секоја Негова наредба (2 Мој 25,18-22; 1 Пет 1,12). Во Давидовите псалми, а посебно во Исаија 37,16, Бог се претставува како седи на херувими, Мојсеј и Језекиил зборуваат за нив како за ангели (Откр 4,6-9;5,11).

Хетејци (Хетити) – полусемитско племе; Израелците ги среќавале додека лутале по пустината и се плашеле од нив. Го населувале подрачјето на централна Анадолија, а биле моќни се’ до 8 в. пр. И.Х. Биле одгајувачи на убави коњи и вешти изработувачи на оружје од железо, а биле познати и по умешноста на топење на бакарната руда (ИН 1,4). За Хетитите долго време единствен извор на информации беше СП, се додека во 20 в. и археологијата не го докажа нивното постоење.

Хешван (Мархесван) – осмиот месец од еврејскиот календар, одговара на делови од октомври и ноември.

Хидекел – река која претставувала една од границите на Едемската градина. Станува збор за реката Тигар (1 Мој2,14).

Продолжува  

Пишуваат:

1slave 4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top