Култура и туризам

ПРВА ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД КАРОЛИНА РИСТЕСКА

1kar123

1kar123

Деновиве во издание на „2 Август“ од Штип излезе од печат збирката поезија „Вечна љубов“ од поетесата Каролина Ристеска. Тоа е нејзина прва збирка.  Каролина Ристеска е позната во јавноста, посебно среде македонската дијаспора, по својата интензивна активност во промовирањето податоци за македонската историја и култура, како  во социјалните мрежи, така и во некои електронски портали. Меѓутоа, Каролина Ристеска уште од раната младост, па до денес, се занимава и со поетско творештво, кое со оваа збирка, почнува посериозно да се експонира пред пошироката јавност.         

Во поетската збирка првенец под наслов „Вечна љубов“ поетесата Каролина Ристеска ни се претставува со вкупно педесет и шест песни, поделени во два циклуса, на кои љубовта им е заедничка компонента. Во првиот циклус (што се состои од  четириесет и една песна) содржински главно доминира љубовта кон спротивниот пол, а во петнаесетте песни од вториот циклус опеана е љубовта кон Македонија, т.е. нејзината историја и сегашност.

          Во својот осврт кон песните на Ристеска, писателот Александар Донски ќе запише:

          „Стилот на Ристеска во првиот циклус опфаќа дијапазон што се протега од поедноставни поетски артикулации, па сѐ до мистично луцидни експресии во дескрипцијата на различните аспекти и сегменти на персонификацијата на љубовта. Иако во овој циклус доминира љубовта кон спротивниот пол, поетесата Каролина Ристеска не ја одминала ни љубовта кон мајката и семејството. Присутни се и одите посветени на жената и на мажот, а посебно импресивна е песната „Птица“, посветена на птицата во која  симболичната персонификација претставена како птица, која стои на работ од гребенот, е обвиена во мистичен облак низ кој само делумно се наѕира нејзината суштина, препуштајќи му на имагинацијата на самиот читател да протолкува дали птицата во оваа песна ја симболизира љубовта или можеби е симбол на слободата или можеби на нешто сосема трето?

          Еј, птицо,

          што стоиш на гребенот стрмен.

          Не се плашиш ли и ти од него?

          Не знаеш ли за бездната долу

          што проголта илјадници како тебе?

          Во некои песни од овој циклус, поетесата Каролина Ристеска низ стиховите реди последователни слики преку кои умешно и успешно го доловува мотивот, субјектот на кој е посветена песната.

          Метафорично-симболичното и сеопфатно опејување на чувствата поврзани со љубовта (невозвратената љубов, копнежот по саканата личност, разделбата на вљубените, но и заедничката среќа и сл.) се најчестиот нуклеус на најголем дел од песните во овој циклус. Овде се лоцирани и најубавите песни од збирката преку кои Каролина Ристеска се претставува како  сериозна зрела поетеса.

          Во циклусот патриотски песни, Ристеска се концентрира како на природната и вродена љубов кон татковината Македонија, така и кон опејување на истакнати личности од македонската историја (Александар Трети Велики Македонски, свети Наум, цар Самоил, Гоце Делчев, јасновитката баба Ванѓа, но и на личности од нашата современост). Историските податоци овде се презентирани, а воедно  и испреплетени низ лирско-емотивна, на моменти и романтична, интерпретација. Во стиховите не изостанува ни загриженоста и тагата по сето она што се случува во Македонија

          Во стиховите не е одбегната ни носталгијата, непрежаленото детство во стариот крај, преку потенцирање на дамнешни сегменти кои тогаш и таму ги имало, а денес во новата татковина не постојат во секојдневниот живот, но останале заробени на посебен пиедестал во сеќавањето на поетесата, нераскинливо врзани со татковината Македонија.

          Да заклучиме дека пред нас се наоѓа збирка поезија чие читање без сомнение ќе претставува вистинско задоволство кај љубителите на добрата поезија“.

          Инаку, Каролина Ристеска е родена на 30 јули 1973 година во Скопје, Македонија. Основно образование завршила во ОУ „Вера Јоциќ“, а средно во ПТТ „Владо Тасевски“. Како првенец на генерацијата Каролина е мотивирана да го продолжи образовниот процес. По две години на Правниот факултет запишана како вонреден студент одлучува да го напушти и да се запише на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломира и се здобива со диплома за професор по одделенска настава. Работи како учителка неколку години, а во 2008 година заминува со фамилијата на печалба во Саудиска Арабија. Од 2016 година со семејството живее во Торонто, Канада. 

            Љубовта кон пишаниот збор Каролина ја стекнува уште во својата рана младост од нејзината мајка која исто така пишувала поезија. Талентот и љубовта кон пишувањето секогаш биле наградувани од нејзината наставничка по македонски јазик. Учествувала на литературни натпревари, литературни читања, приредби и драмски секции. Пишувала и уредувала ударнички (бригадирски) весник во летото 1988 година во Жужемберг, Словенија. Во 2003 година добива награда за поемата „Прости ѝ“  на конкурсот организиран од редакцијата на Првата програма на Македонската телевизија (МРТВ1) со учество во емисија за литературно читање. Во 2013 година била иницијатор и еден од организаторите на културната манифестација „Роденденот на цар Александар Трети Македонски“. Денес Каролина пишува за весникот „Македонија“ од Торонто, активно соработува со македонските цркви во Торонто, а свои текстови објавува и во електронското списание „Македонска нација“. Каролина е член на литературното друштво “Браќа Миладиновци” при Црквата “Свети Климент Охридски” од Торонто, Канада.

            Нејзините амбиции кон пишувањето на поетски, прозни, историски и новинарски текстови не престанале да постојат до ден денес.

Македонска НАЦИЈА

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top