Култура и туризам

Нова Книга:МАГИЧНИТЕ ЉУБОВНИ ЗБОРОВИ НА ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

12a13

12a13

Неодамна во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј излезе од печат најновото поетско дело „Магични љубовни зборови“ на поетесата Оливера Јовановска од Мелбурн, Австралија. 

Во збирката се објавени 56 песни поделени на три циклуси, а рецензент на истата е писателот Александар Донски.      

12a12

Како што рецензентот Донски забележува во предговорот на книгата, првиот циклус содржи осум песни наменети за вокална интерпретација, т.е. текстови за фолк композиции. Низ сите песни провејува македонскиот народен дух, а од мотивите доминира љубовта кон спротивниот пол и носталгијата на иселеникот кон родното место. Притоа Оливера Јовановска успешно (во склад со римата), покрај сегментите што асоцираат на старо време (срма, пенџерче, шеќерче…) вклопила и сегменти од современиот живот (мартини), а моќта на стиховите каде доминира носталгијата е засилена со спомнувањето на места поврзани со нејзиниот роден град Битола (Маџар маало, Довлеџик, Широк сокак, Саат кула, Пелистер…), кои како да го повикуваат иселеникот да им се врати и да се потсети на топлината на незаборавното детство кое таму го поминал.

Вториот циклус содржи дваесет и осум песни и е посветен на љубовта што жената ја негува кон припадниците на посилниот пол. Во овие песни доминира невозвратената љубов од која јасно се потенцирани некои нејзини аспекти, како на пример влијанието на трети лица во растурањето на успешната љубовна врска, каењето на момчето кое подоцна сфатило дека погрешило што ја оставило саканата и сл. Овој циклус содржи и стихови посветени на исконскиот повик или, подобро речено, притаена желба, на жената кон заеднички живот со саканиот.

Третиот циклус содржи дваесет песни и истиот е посветен на машките љубовни мотиви. Овде доминираат: воспевањето на женската убавина, тагата по невозвратената љубов, но и поуки како треба да се чува жената. Силните емоции што ги предизвикуваат стиховите на Оливера, посебно во овој циклус несомнено ќе допрат до душата на секој што се нашол во слична ситуација.

Преку песните на нејзината прва збирка поезија „Неостварена љубов“ што се издаде минатата година како и од најновата збирка се гледа дека Оливера е лиричар која ги пребарува нашите лирски нагони што ечат од длабочината на душата.

Инаку Оливера е родена во Битола и живее во Мелбурн од 1986 година. Свои песни има објавувано во весници и списанија од најмладите години. Нејзини песни и раскази се насградувани преку конкурсот за “Прличева награда“ а повеќе песни се интерпретирани од познати македонски интерпретатори.

БЛАГОСЛОВИ МАЈКО

Ајде мајко во чаршија

Да купиме прстен бурмајлија,

Вечер сватови да одиме

Неа дома да ја водиме.

Без неа дома не се враќаме

Ако треба три музики ќе праќаме,

Срцето мое, само за неа бие

Сиот град нека знае и чуе.

Снага тенка, висока

Убава како самовила,

Усни како цреши зрели.

Болен сум мајко за нејзини бакнежи врели.

Отвори мајко вратите

Во домот наш да се всели,

Да сме вечни, здрави и весели

Од тебе и Бога благословени.

Со рожба Бог да не дарува

Љубов, слога во домот да царува,

Адети стари да негуваме

Македонско име за век да чуваме.

Честитки за Оливера за нејзинот најново поетско дело со благодарност што не полива со магични љубовни зборови.

1Dusan Ristevski Душан Ристевски

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top