Култура и туризам

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА БЛАГОЈ МЕХАНЏИСКИ – ЗЕГИН (2)

1zegi

1zegi

КОЈ Е БИЗНИСМЕНОТ БЛАГОЈ МЕХАНЏИСКИ – ЗЕГИН? 

Животната приказна за м-р Благој  Механџиски-Бари, или Зегин, како што неговите другари и пријатели го завикаа од млади години, започнала во убавата Малешевија, во селото Русиново. Питом и мирен регион, исто толку и дарежлив и сѐ уште неоткриен дел од природата, а богат со културно наследство. 

Предел во кој се родени или имаат потекло плејада македонски револуционери, интелектуалци, бизнисмени, професори, новинари, научници, книжевници, различни стручњаци и други личности кои се борат за афирмација на својот крај  и на својата земја и кои постигнале видни резултати на различни полиња. 

Со Русиново се поврзани животот и смртта  на големиот македонски револуционер Даме Груев, чија судбина била да погине за Македонија, токму во атарот на селото Русиново, на планинскиот врв Петлец. Тоа е место од каде Даме Груев ја рашири љубовта кон етничка Македонија и со истата таа исконска љубов ги задои младите македонски генерации, кои со почит се поклонуваат пред неговата спомен-плоча.

Името и делото на Даме Груев е тесно поврзано со голем број знајни и незнајни револуционери од Малешевијата, особено со револуционерот од Русиново, Никола Петров-Русински (Чукарски). Личност кој со  спомен – обележјето, донација на Благој Механџиски, го краси центарот на Берово, а со своето име на Основното училиште во Русиново ги потсетува и старите и младите генерации да ги чуваат придобивките на слободата.

Благој Механџиски е познат бизнисмен, истакнат хуманист и докажан донатор. Тој е признат, уважен и респектиран на низа полиња и децениски потврдено во бизнис заедницата во Република Македонија и на пошироките простори. Максимално  повеќе од 30 години е посветен на веледрогеријата „ЗЕГИН“ и е пример за развојната нагорнина на оваа компанија.

1zegi2Благој Механџиски добитник на признание 

Тој постојано се залага за афирмација на аптекарството во Република Македонија, на Балканот и пошироко. Таквата угледна бизнис ѕвезда, легенда во аптекарската фела, вљубеник во народот, во својата татковина, секогаш го водела светата мисла да го претстави бизнисот и да остави траги за генерации.

М-р Благој  Механџиски-Бари, или Зегин, е исклучително позната, призната и неодминлива личност меѓу македонските деловни луѓе. Него со право веќе  неколку децении во Македонија и регионот го претставуваат како хуман, благороден човек и голем бизнисмен, кој управува со фармаколошки бизнис и паралелно со тоа им помага на луѓето. Тој е познат како голем христијанин, посветен и верен на вредностите на Македонската православната црква, на македонскиот народ и на Македонија.  

Бизнисменот Благој Механџиски е голем човекољубец,  добар сопруг, родител, дедо и продолжувач на лозата Механџиски чии корени потекнуваат од прекрасното Русиново. Тој е човекот кој го слави своето седумдесетто лето Господово на неговиот бурен живот, за кој со право се вели дека е еден од најуспешните македонски бизнисмени во Република Македонија. Тој е бизнисменот кој прослави успешни 25 години од формирањето на неговата веледрогерија „ЗЕГИН“, неповторлива компанија која високо котира во фармацевтската индустрија.

Благој Механџиски е исклучително голем, докажан и неодминлив деловен и хуман човек,  мошне познат и почитуван во Македонија. Според Европската компанија за истражување на богатство „Велт Х“, тој како основач на „ЗЕГИН“, првата приватна комапнија за продажба и производство на лекови во Македонија, е на 9. место меѓу богаташите во Република Македонија.

Тој ја води веледрогеријата  „ЗЕГИН“ цели 25 години и слободно може да се каже дека нема човек во Македонија и пошироко кој не слушнал за „ЗЕГИН“ и за самиот Благој Механџиски. Имено, овој интересен и, според некои, на моменти контроверзен бизнисмен, претставува вистинска енигма на многу теми од животот и бизнисот.

Личноста Благој Механџиски воопшто не е лесно да се опише. Имено, неговите пријатели често велат дека тој е човек кој во текот на бизнисот се претвора во „машина“, додека во приватниот живот и во ретките слободни моменти знае да се пошегува, да викне и да го забавува друштвото. Како негов биограф го познавам уште од студентските денови и знам дека неговиот животен пат не бил лесен. Тој секогаш се борел за својот став, па дури и по цена на пропаст, затоа Бари, како што го викаме Благој, заедно со „ЗЕГИН“ е еден-единствен и неповторлив.

Животната и бизнис сага на Благој Механџиски, истовремено е еден вид сторија и историска вистина на Малешевијата, на Македонија, на деловното живеење, на успесите, падовите и постигнувањата на една голема компанија како што е „ЗЕГИН“. Во биографијата што авторот на овие редови Славе Катин ја подготви за него, за неговиот животен пат, дело и постигнувања, сублимирано се проектира најновата фаза на историјата на деловниот живот во  Македонија. Затоа, монографијата ги надминува рамките на обично дело за животот на еден бизнисмен од Македонија.

Тој е исклучително позната и неодминлива личност меѓу македонските деловни луѓе. Него со право веќе  неколку децении во Македонија и регионот го претставуваат како хуман, благороден човек и голем бизнисмен, кој управува со фармаколошки бизнис и паралелно со тоа им помага на луѓето.  Познат е како голем христијанин, посветен и верен на Македонската православната црква –Охридска архиепископија, на македонскиот народ и на Македонија.    

Личноста Благој Механџиски воопшто не е лесно да се опише. Имено, неговите пријатели често велат дека тој е човек кој во текот на бизнисот се претвора во „машина“, додека во приватниот живот и во ретките слободни моменти знае да се пошегува, да викне и да го забавува друштвото. Како негов биограф го познавам уште од студентските денови и знам дека неговиот животен пат не бил лесен. Тој секогаш се борел за својот став, па дури и по цена на пропаст, затоа Бари, како што го викаме Благој, заедно со „ЗЕГИН“ е еден-единствен и неповторлив.

Често се вели дека Благој Механџиски е душата на веледрогеријата „ЗЕГИН“, чија идеја за формирање датира од 1974 година, кога тој го завршил Медицинскиот факултет. Тогаш му се отворија патиштата да влезе во бизнисот со лекови. Како претставник и во соработка со „Кемофармација“ од Љубљана, Механџиски ги покажа неговите квалитети и капацитети во бизнисот со лекови.

Овој бизнисмен  како водечка личност и сопственик на веледрогеријата „ЗЕГИН“, е донатор и поддржувач на голем број културни, спортски, фолклорни и национални активности, особено во Малешевијата и Скопје. За период од 26 години, колку што постои  неговата фирма „ЗЕГИН“ има донирано во домови со деца без родители, поединци, училишта, спортисти и спортски настани, здравствени и други установи и институции и најразлични манифестации, како и дарител на бројни македонски православни храмови во Република Македонија. 

Механџиски отсекогаш бил добротворец. Тоа го правел уште во средно училиште – како гимназијалец, а и подоцна како студент. Лично присуствува на сите свои донации, секогаш знае за што се наменети парите што се даваат и редовно плаќа данок, од што, за жал, не е ослободена ниту една хуманитарна организација. Затоа, со право се вели дека за големината на една личност најмногу зборуваат делата кои таа ги прави.

Механџински е познат донатор на бројни македонски православни храмови во Република Македонија. Имено, како своја донација ја дари иконата (акрилик, природна големина) со ликот на свети Никола за најстарата македонска православна црква во Малешевијата, „Света Петка  Параскева“ во неговото родно Русиново.

1zegi3Осветување на аптека на ЗЕГИН

Затоа, мај 1999 година за Русиново е запишан како светол ден за спас на душите на македонските револуционери Дамјан Груев, Сандо Китанов, Атанас Карчев и Никола Петров Русински, како и на соселаните на Механџиски кои почиваат на селските гробишта.

Потоа, во 2000 година, во период од 100 дена, Механџиски своето донаторство го насочи во реставрирањето и конзервацијата на иконите од црквата „Света Петка Параскева“. Беа конзервирани повеќе од 60 икони, а по велигденските празници во Русиново се изврши реставрирање на иконостасот во црквата, за која податоците тврдат дека е најстара и најубава црква во Малешевијата, односно во родното место на донаторот Благој Механџиски.

Исто така, во летните месеци беа изведени и градежни работи на црквата, и до крајот на 2000 година „Света Петка Параскева“ во Русиново беше во ново руво.

Во 1999 година, неизмерната хуманост на Механџиски се потврди со неговата донација на Клиниката за онкологија. Тогаш Клиниката доби лекови, односно цитостатици, во вредност од 80.000 германски марки. Потоа, за 45 лица со бубрежна инсуфициенција од источниот дел на земјава, тој подари линија за реверзна осмоза во вредност од 20.000 германски марки и тоа за Медицинскиот центар во Делчево, со што се овозможи да профункционира Центарот за дијализа, а болните од Кочани, Делчево и Берово повеќе да не патуваат во Струга, за што беше прогласен за донатор на годината во Република Македонија.

Во почетокот на април 2002 година хуманитарна помош му беше доделена на населението на Лешок, во Тетовскиот регион. Таму беше разрушен македонскиот православен храм „Свети Атанасиј“ големо македонско историско светилиште, а помошта, исто така,  беше доделена од веледрогеријата „ЗЕГИН“,во соработка со француската амбасада. Притоа, во  старата црквичка „Света Богородица“ која потекнува од XIV век, сместена во внатрешноста на Лешочкиот манастир беше одржана молитва со порака за мир меѓу луѓето.

За неговата докажана хуманост и солидарност, тој е  лауреат на многу домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои и на наградата „Најхумано лице“ за 1999 година; во истата година, тој беше прогласен за донатор на годината во Република Македонија: во 2007 година, Механџиски е избран за најменаџер за Југоисточна и за Средна Европа; веледрогеријата „ЗЕГИН“ чиј сопственик е Благој Механџиски, е македонски лауреат на престижната награда „Бизнис партнер 2009“, што по петнаесетти пат се одржа во Белград, потоа добитник е на наградите: „Признание за најпознат бренд на Југоисточна Европа“, „Супер бренд во Македонија 2009 година“, „Најменаџер на Југоисточна и Средна Европа“ и „Регионален бизнис партнер за 2009 година“.

Продолжува 

1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top