Култура и туризам

ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА – ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

1ege

1ege

Делото „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ е публикација на Ристо Стефов (Chris Stefou). Оваа значајно историско дело кое за прв пат е печатено на англиски јазик во Торонто е огледало на вистината за македонскиот народ и за Македонија од антички времиња до денес. Книгата е поделена на 29 глави во кои се третира историскиот развој на македонскиот народ и Македонија од најпрвото македонско кралство преку издигнувавето на Македонската Империја, до денешното формирање на македонската независна, демократска и самостојна држава – Република Македонија.

Во неговиот богат опус на издадени книги, едно од најзначјните научни и негово капитално дело е „Историјата на македонскиот народ од антички времиња до денес“, на „Македонски јазик“ (2008), од Скопје, за чија промоција Ристо Стефов  дојде за прв пат во Република Македонија За ова многу значајно историско дело кое содржи над 500 страници, тврд повез, рецензенти се: академик  Антоније Шкокљев – Дончо, по потекло од  Дамбени, Костурско, Егејска Македонија и Славе Николовски-Катин од Преспа.

Оваа значајно историско дело кое за прв пат е печатено на англиски јазик во Торонто е огледало на вистината за македонскиот народ и за Македонија од антички времива до денес. Книгата е поделена на 29 глави во кои се третира историскиот развој на македонскиот народ и Македонија од најпрвото македонско кралство преку издигнувавето на Македонската Империја, до денешното формирање на македонската независна, демократска ја самостојна држава – Република Македонија.

Посебен простор во книгата “Историјата на македонскиот народ од антички времива до денес” од Риста Стефов е посветен на периодот на Филип Втори Македонски и на неговиот син најголемиот од сите европски кралеви Александар Трети Македонски, кој беше најголемиот освојувач на сите времива, господарот на Азија и  човекот кој ги прошири границите на Македонија до Индина.

Исто така, во ова романизирано историско дело Ристе Стефов поместува      опширни материјали за времето на Римската Империја,  за кралицата Клеопатра, последната од големите македонски владетели, како и за воздигнувавето на христинаството на македонмските простори, на чело со Јустинијан Први. Потоа, се поместени материјали за Цар Самуил,  времето на Византија и Отоманската Империја. Значаен простор е даден на настаните пред и после Илинденското востание, како и за Балканските војни и за трагичната поделба на Македонија.

1ege2

Во делото “Историјата на македонскиот народ од антички времиња до денес“, авторот Риста Стефов посветил особен простор за периодот на Македонија од 1939 до 1949 година, за Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција, која беше фатална за македонскиот народр од Егејска Македонија. Исто така, авторот се осврнува и на егзодусот на децата-бегалци од Беломорска Македонија, како и на сегашната состојба во Република Македонија.

Ристо Стефов е Македонец од Канада, публицист, канадски интелектуалец, инжинер по образование и сопственик на компјутерско биро, доблесен патриот, човек кој цел живот ги брани интересите и ја чува и афирмира вистината за Македонија и македонскиот народ пред светската јавност.

Покрај делото “Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес”,  тој е автор и на делата: “Македонија – илустрирано издание со карти, фотографии и биографии”, “Малата книга со големите грчки лаги”, “Монографија за селото Ошчима”, “Кратка историја за Македонија и македонскиот народ” и заедничкото дело со д-р Мајкл Серафинов “Ова земја не ја даваме”, како и на „Македонија во античко време“ и „Балканот и Македонија“, заедно со академик Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин, сите на англиски јазик

Ристо Стефов е ангажиран од Добротворното здружение на Ошчима, едно од првите македонски асоцијации, формирано 1907 година во Канада. Тој бил во управниот одбор, потоа бил избран за претседател на оваа друштво. Исто така тој е член и на Леринското друштво за Онтарио, на кое бил и претседател, потоа на Македонското научно друштво, а е многу активен и во македонската заедница .

Инаку, друштвото “Ошчима” во минатото, па и се’ до денешно време, било и е тесно повр­зано со жителите од селото, а посебно на оние кои во меѓувоениот период и по Граѓанската војна во Грција, кога селото ги претрпело најголемите несреќи. Тоа развило и издавачка дејност, во чии рамки е от­печа­тена и монографијата за селото, како и телефонскиот именик во кој се по­­местени телефонските броеви и адресите на сите жители од Ошчима, без оглед на сегашното место на живеење.

Ристо Стефов за прв пат по заминувањето во Канада се врати во родната Македонија и го посети слободниот дел, Република Македонија во 2008 година. Тоа за него беше голем предизвик, времеплов и своевидна сага за неговото интелектуално опстојување. Целиот свој живот делбата на Македонија ја сваќа како трагедија и погуба на македонското дело, на својот народ и на идните македонски генерации.

Затоа, тој е публицистот кој војува со перото и пишаниот збор се’ со цел да ја прикаже и афирмира вистината за Македонија и македонскиот народ во светот. Тоа го потврдува фактот дека кај него тлее убавата и правдољубива идеја за Македонија, а со своите дела за висината за Македонија се издигнува над времете во кое живее. Неговите дела, во исто време претставуваат поттик и инспирација за идните македонски генерации, особено во иселеништвото, а и пошироко во Македонија.           

Тој пишува дека во текот на дваесеттите години од минатиот век, во текот на размената на своето население со Турција, Грција увезла еден милион христијански Турци од Мала Азија што претставувало околу една петтина од нејзиното цело население и најголемиот дел од нив ги населила во Македонија.

Овие луѓе, исто така, станале Грци со сила. Вистинскиот недостаток, односно пукнатина, во генеологијата на претензијата на грчката држава врз античките народи е што, по осумдесет години живеење на македонска почва, таа ги убедила азиските новодојденци дека тие се законските сопственици на македонските земји и наследство, бидејќи им било кажано дека тие се вистинските директни потомци на античките Македонци, а не автохтоното македонско население што тие го замениле.

Грчката држава не се срами да прибегне кон измама и лаги, дури и кон својот сопствен народ, за да го убеди светот дека само Грција и само Грците се законски наследници на македонските земји и нивното наследство. Сето ова се прави на сметка на вистинските Македонци кои живееле на тие земји стотици генерации и кои сега се раселени и истиснати.

Бугарите, исто така, полагаат право врз македонките територии и користат секакви можни средства да го убедат светот дека Македонија законски им припаѓа ним. Бугарското тврдење е дека “Македонија е бугарска” бидејќи македонскиот народ е бугарски. Тие се Бугари бидејќи зборуваат на “еден дијалект” на бугарскиот јазик.

Делото „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ ги оспорува бугарските тврдења и ќе докаже дека тие, исто така, се погрешни и контрадикторни. Добро е познато дека Македонците веќе живееле на Балканот и зборувале на словенски јазик долго пред да пристигнат првите бугарски канови, со нивните турски и татарски хорди. Доказите покажуваат дека бројно инфериорните Бугари биле асимилирани во поголемото автохтоно население, кое зборувало на словенски јазик, и дека го прифатило словенскиот јазик и култура. Поточно, Бугарите зборуваат на дијалект на македонскиот јазик, а не обратно. По се, зарем не биле тоа македонските браќа Кирил и Методиј од Солун кои ги просветлиле Бугарите?

1ege4

Книгата ,,Македонија – земја на легенди”, од Ристо Стефов печатена на англиски јазик, а издадена од издавачката куќа ,,Македонска искра” од Скопје во 2010 година, пак, е дело за неговата голема љубов кон родната земја. Авторот ги опишува импресиите од првата посета на Република Македонија по четириесет и две години живеење во Канада.

Ова дело кое се однесува за неговата посета на Македонија, ќе остане тој вечно да се сеќава на се’ она што го виде и доживеа. Во исто време книгата ќе остане да биде значаен документ за бројните посети, настани, дејствија, личности, простори и збиднувања. Со своите репортерски видувања тој настојува да навлезе во суштината на македомнското живеење, во вистината, слободата, иднината… Затоа, Ристо Стефов вели: ,,Дојдете и посетета ја Македонија каде обичниот човек може да живее како крал”.

 Без да навлегуваме во премногу детали на ова место, сакаме да напоменеме дека целта на оваа книга е на читателот да му претстави едно македонско гледиште за историјата на Македонија. Време е светот да го слушне македонското гледиште. Спротивно на она што непријателите на Македонија изјавуваат, вистината е на македонска страна.

Постојат изобилни докази дека античките Македонци не само што опстанале низ многубројните несреќи и премрежја од античко време до сега, туку дека нивните потомци, навистина, постојат во Грција, Бугарија, Република Македонија, Албанија, Канада, Австралија, Соединетите Американски Држави, Европа и низ целиот свет. Тие сега се во процес на регрупирање и ги користат можностите на информатичкото доба да возвратат и повторно да го земат она што е нивно.

Книгата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ е хронопис на настаните во кои се вклучени Македонија и македонскиот народ од предисториско време до денес. Таа во никој случај не е потполно комплетна, ама на читателот ќе му даде една општа анализа на македонската историја. Книгава е напишана на англиски јазик, а овој е превод на македонски јазик. Таа треба да биде корисна посебно за помладите генерации во дијаспората кои сакаат да учат за македонската историја, но немаат време или ресурси за долги и опсежни истражувања.

Освен што обезбедува една сеопфатна анализа на историјата, книгава содржи скапоцени информации собрани од интервјуа и лични искуства што не можат да се најдат на било кое друго место. Исто така, бидејќи оваа книга го претставува македонското гледиште, во оваа пригода се користени македонски зборови за да се опишат некои попознати имиња на места како, на пример, Солун (Салоника), Цариград (Константинопол) и Православни (Византијци).

Продолжува  

Пишуваат: 

1slave5РИСТО СТЕФОВ  И

1slave 5 СЛАВЕ КАТИН                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                          

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top