Култура и туризам

БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ КАКО ВОЈНИ НА ИСТРЕБУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (3)

1ka1

1ka1Восхитувањето од слободата спласнало брзо, како што пламените jазици од селата што гореле го запалиле ноќното небо. Македониjа била повторно во пламен. “Ослободителите” се претвориле во окупатори и опсипале пустош врз македонското население. Политичкото, економското и етничкото единство на Македониjа веќе го немало.

Грчките воjници кои дошле да ги ослободат своите “христиjански браќа” од турските угнетувачи и од страшните Бугари, сега палеле, мачеле и убивале луѓе. Според зборовите на сер Едмонд Греj /Sir Edmond Grey/, “Балканската војна почнала како војна за ослободување, брзо прераснала во војна за анексирање, а завршила како војна за истребување.” (Стр. 294, Васил Богов, “Македонско откровение, Историски документи, карпи и кршевини, современа политичка идеологиjа”).

Грчките злосторства му биле обелоденети на светот кога била пронаjдена една изгубена поштарска торба во која имало писма од грчките воjници во Македониjа, адресирани до нивните семејства во Грциjа. Таа и била предадена на Карнеги комисиjата за помош и содржините на писмата биле обjавени на јавноста. Очекуваjќи да се борат за славата на нивната татковина, воjниците сепак се нашле во ситуациjа да мачат, убиваат, палат куќи и да протеруваат жени и деца од нивните домови, на наjподол начин.

Писмата откриле дека воjниците деjствувале според директни наредби од грчките власти и од самиот крал. На македонските семејства на познати егзархисти (Македонци што припаѓале на бугарската црква) им било наредувано со сила да “си понесат со себе она што може да го носат и да си заминат”. “Ова сега е Грциjа и овде нема место за Бугари.”

Оние кои останале биле присилени да се заколнат на лоjалност кон грчката држава. Секој коj одбивал да положи заклетва на лоjалност, или бил погубуван, како пример што може да им се случи на оние нелоjалните, или бил истеран од земjата. За да јa обjаснат масовната евакуациjа, грчките функционери тврделе дека жителите на Македониjа си заминале според сопствениот избор или станале Грци според сопствениот избор. Но, вистината е дека на никого воопшто не му бил даден никаков избор.

1ka12  1ka13

Sер Едмонд Греj (Sir Edmond Grey) 

 “Илjада грчки и српски публицисти почнале да го исполнуваат светот со нивниот вик за суштинскиот грчки или српски карактер на населението во нивните различни сфери. Србите на несреќните Македонци им дале дваесет и четири часа да се откажат од својата националност и самите да се изјаснат за Срби, а и Грците го сториле истото. Одбивањето значело убиство или протерување. Грчките и српските колонисти се слевале нa окупираната територија…

Грчките весници почнувале да пишуваат за македонски народ во целост на грчки јазик – и тие го објаснувале фактот дека никој не зборува грчки, со тоа што го нарекувале народот “бугаро-фони Грци” … грчката војска влегувала во села каде никоj не зборувал на нивниот jазик. “Што мислите со тоа што зборувате бугарски?” викале офицерите. “Ова е Грциjа и вие мора да зборувате грчки.” (Стр. 104, Џон Шее, “Македониjа и Грциjа, Борбата да се дефинира една нова балканска нациjа” /John Shea, Macedonia and Greece, The Struggle to Define а New Balkan Nation/).

Во 1913 година професорот Р. А. Реис /R. А. Reiss/ ја известил грчката влада: “Оние за кои вие велите дека говорат бугарски, јас едноставно би ги нарекол Македонци… македонскиот jазик не е jазикот на кој зборуваат оние во Софиjа… повторувам дека масата население таму (Македониjа) останува едноставно Македонци.”

Историjата повторно го свртела погледот од грчките, бугарските и српските злосторства во Македониjа, за да се фокусира на новите настани кои само што не почнале да се развиваат и кои се заканувале да го прегазат целиот свет.

Откако ги изгубила Босна и Херцеговина, во корист на Австриjа во 1908 година, но и албанските територии во 1912 година (повторно поради Австриjа), Србиjа станала огорчена и навредена. “За Србите-националисти, хабзбуршката монархиjа (Австро-Унгариjа) била старо злобно чудовиште кое спречило нивната нациjа да стане голема и моќна држава.

На 28 jуни 1914 година, еден млад српски националист, Гаврило Принцип, го убил наследникот на хабзбуршката монархиjа, надвоjводата Франсис Фердинанд и неговата жена, во Сараево.” (Стр. 104, Феликс Гилберт, 601 Крајот на европската ера, 1890 година до денес /Felix Gilbert, The End of the European Еrа, 1890 to the Present/).

1ka14  1ka15

За само две недели од атентатот, избувнала Првата светска војна која ќе јa прегази цела Европа. Тоа било неизбежно и прашање на време било кога една “светска војна” ќе избие на Балканот. Големите сили биле неспособни за спроведување дипломатиjа, ниту меѓу себе ниту со новите балкански држави, за чие содавање тие помогнале. Македониjа била жртвувана за да се задоволат новите балкански држави, но тие сториле малку за да ги задоволат своите екстремно интензивни апетити за земjа и за пљачкосување.

Додека Првата светска војна беснеела, уништуваjќи ги животите на милиони млади мажи и жени, Грциjа, Бугариjа и Србиjа му служеле на својот шовинизам во Македониjа. Наредните пет години, додека светот бил зафатен со своите лични проблеми, немало кој да ги слушне лелеците на македонскиот народ во рацете на новите тирани. Кога надгробните споменици на мртвите Македонци би можеле да зборуваат, тогаш тие би кажувале стории за мачења и погубувања, за измами и лаги. Тие би рекле:

 “Нашите христиjански браќа доjдоа да не ослободат нас, но наместо тоа, тие не убиваа поради тоа што им бевме на нивниот пат да станат моќни. Ние бевме етикетирани како ‘криминалци’, бидејќи не сакавме да попуштиме на нивните барања. Ве прашувам вас, дали е кривично дело да сакаш да живееш како слободен човек? Дали е кривично дело да сакаш да си Македонец? Дали е кривично дело да сакаш да си јa изразуваш својата слободна волjа? Криминалци се оние кои валкаат се што е христиjанско, кои кажуваат лаги и измами и не’ убиваат нас за да ја поседуваат нашата земја. Историјата ќе го забележи 10 август 1913 година како наjмрачен ден за Македониjа, денот кога нашата иднина умре.”

Тројната окупациjа ги влошила условите за живеење во Македониjа, но борбениот дух на македонскиот народ продолжил да живее во илегала и во странство. Борбата на трите генерации за слобода и за независна Македониjа заврши. Генерациjата на Илинден и на ВМРО беше поразена, не од Турците или од муслиманското угнетување, туку од христиjанската свирепост и измама.

Набрзо по окупациjата, насекаде се поjавиле илегални здружениjа, охрабруваjќи го македонскиот народ да не јa прифати својата нова судбина и да се спротивстави на поделбата. Како резултат на тоа, многу Македоници го направиле тоа така што одбиле да му се потчинат на новото чиновништво и што не учествувале во новите институции. Но, ова не ги сопрело воените режими кои јa окупирале Македониjа од систематска денационализациjа и насилна асимилациjа.

Борбата за “превласт во светот”, која започнала поради балканските работи, наскоро земала злокобен пресврт за повторно да jа инволвира Македониjа. Додека силите на Антантата (Британиjа, Франциjа, Русиjа и Италиjа) се бореле со Централните сили (Германиjа и Австро-Унгариjа), Бугариjа, која боледувала поради неjзините загуби од Букурешт, останала неутрална. При пресвртот на настаните, на изненадување на Грците, силите на Антантата и пришле на Бугариjа, нудеjќи и значително голем дел од македонската териториjа во замена за неjзиниот соjуз.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ  И

1slave 5 СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top