Култура и туризам

„ЗЕГИH“ – ФАРМАЦЕВСКИ БИСЕР HА МАКЕДОHИЈА(7)

1zeg123

1zeg123

Гигантот „ЗЕГИН“, чиј директор е Благој Механџиски, кој потекнува ие вљубеник во Малешевијата, поседува и работи со еден синџир од 86 аптеки во Република Македонија. Веледрогеријата „ЗЕГИН“ продава лекови, помошни лекови и медицински помагала, диетални производи, како и додатоци во исхраната, макробиотска храна и козметика. Компанијата, исто така, се занимава и со промет на големо на сите наведени производи.

Покрај тоа, „ЗЕГИН“ нуди здравствени услуги што вклучуваат општи прегледи со биохемиска лабораторија за општи биохемиски анализи, комплетна анализа на крв, ЕКГ, абдоминален ултразвук и остеопорозна терапија и специјалистичко-консултантска услуга.

Основните активности на веледрогеријата „ЗЕГИН“ вклучуваат внатрешна и надворешна трговија со лекови, медицински помагала, диететски, макробиотски и козметички производи. Компанијата е една од најголемите и најуспешните во Република Македонија, со најдобра инфраструктура и најширока дистрибутивна мрежа.

Во30-годишното постоење„­ЗЕГИН“ стана лидер на македонскиот пазар, глобална компанија со удел на пазарот од 60%. Соработува со 400 аптеки низ Републиката, со клинички центри и општи болници.

„ЗЕГИН ДОО“ е прва приватна компа­ ниjа регистрирана за продажба и про-изводство на лекови во Република ­ Македонија. На иницијатива на господинот Благој Механџиски, компанијата е основана во 1989 година. Во основните актив-ности на веледрогеријата „ЗЕГИН“ влегуваат внатрешна и надворешна трговија со лекови, медицински помагала, диететски, макробиотски и козметички производи.

„ЗЕГИН“ започна со работа само со еден вработен. Денес, бројот на врабо-тени е повеќе од 1.700, од кои 300 имаат универзитетска диплома, 200 од нив имаат диплома по фармација и 20 се доктори на медицина. Останатите имаат диплома по економија, право, технологија, ветерина и инженеринг. Во своите 30 години ра-бота, „ЗЕГИН ДОО“ постојано достигнува одлични резултати и има континуиран развој. Денес таа е една од најуспешни-те компании во Република Македонија.. Како резултат на својата успешна работа, од 2004 година „ЗЕГИН ДОО“ го спрове-дува стандардот ISO 9001:2000.

Успехот на компанијата се должи на доброто управување, стратегијата за развој врз основа на најсовремени светски дос-тигнувања во оваа област, како и користењето на најмодерните компјутерски системи и соодветни компјутерски програми кои ги покриваат сите работни активности.

1zeg1234

Уште на почетокот по самото формирање, „ЗЕГИН“ на чие чело беше Благој Ме-ханџиски имаше многу добра соработка со фирми од Словенија, Хрватска, Србија, од Босна и Херцеговина, како во придружните сфери, исто така, и во компензациските работи околу извозот на лековите. Сето тоа се одвиваше надвор од границите на државата, а само со околу 5% во вкупниот промет на лекови беше застапена на просторите на Република Македонија.

Во кризата кога општествениот сектор најмногу добиваше, во исто време се по-кажаа бројни слабости и неорганизираност. Така, кога се појави епидемијата на грипот, почнувањето на војната, прекинувањето на сите комуникативни врски со тогашните ЈУ фабрики, „ЗЕГИН“, предводен од Благој Механџиски, во тие момен-ти ги направи првите чекори со приложени аргументи дека приватните работни организации многу повеќе нудат отколку постојните во јавниот сектор.

Затоа, слободно може да се рече дека кога се умираше на клиниките, кога нема-ше вакцини за децата, кога немаше анти-биотици, „ЗЕГИН“ тогаш обезбедуваше лекови и му ги даваше на располагање на народот. За жал, уште на почетокот некои се обидоа да обвинат дека за лековите „ЗЕГИН“ добил пари од Владата и дека е привилегиран. Меѓутоа, вистината  е друга и поинаква, бидејќи сите тогашни средства биле на фирмата „ЗЕГИН“ и од сопствени доверители. Денес, во состав на веледрогерија-та „ЗЕГИН“ со успех работат следните здравствени организации: „Зегин фар-м“,„Зегин Медика“ и „Зегин шпедиција“.

Така, со цел лековите од целосниот асортиман на „ЗЕГИН“ да бидат лесно достапни до пациентите беше основана посебната здравствена организација „Зегин фарм“. Таа има синџир од 86 аптеки, кои имаат широк асортиман од над 12.000 производи со најприфатливи цени. „Зегин фарм“ започна со работа во 1993 година, нејзината основна дејност се состои од продажба на мало на лекови, пара-леко-ви и медицински помагала, производи за исхрана, додатоци во исхраната, макро-биотска исхрана и козметика. Таа е ли-дер во Република Македонија по бројот на опслужени клиенти, со пазарен удел од 62%. Затоа, слоганот „­Фармацевтски бисер на Македонија“ со право го заслужува веледрогеријата „ЗЕГИН“.

Здравствената организација „Зегин медика“ е поликлиника за јавно здравје, а започна да работи во 1998 година, во прилог на обезбедување на пациентите со лекови, со цел да им се овозможи стручна помош за нивните здравствени проблеми. Во рамките на поликлиниката, има 4 итни служби, кои по принципот на матичен доктор опслужуваат повеќе од 5.000 пациенти. Здравствената организација „Зегин медика“ ги нуди следните услуги: општи прегледи со биохемиска лабораторија наменета за општи биохемиски анализи, комплетна крвна анализа, ЕКГ, абдоминален ултразвук и остеопорозна терапија. „Зегин медика“, исто така, нуди совети и консултации од страна на специјалисти за различни области од медицината.

Покојната д-р Верица Механџиска, специјалист по медицина на трудот и сопругата на Благој Механџиски беше директор во „Зегин медика“ од почетокот до нејзината смрт во 2014 година.

Друштвото за транспорт и шпедиција „Зегин шпедиција“, пак, е основанo во 1999 година, со цел олеснување на транспортот и шпедитерските операции на веледрогеријата „ЗЕГИН“. Фирмата врши подготовка, комплетирање и финализирање на целата царинска документација потребна за увоз и извоз, ги контактира сите министерства и нивните оддели за потребната документација, ги складира лековите и останатите стоки во приватен царински склад, како и врши логистика и организирање на превозот на стоката. Инаку, веледрогеријата „ЗЕГИН“ располага со свој возен парк кој се состои од 18 патнички и 23 товарни возила како и возила за брза помош како и складиште со површина од 2.500m ².   

Кога се пишува за растежот на овој фармацевтски гигант, треба да се нагласи дека политиката на работа на компанија-та „ЗЕГИН“, меѓу другото, е да обезбеди работна атмосфера; да ги реализира об-врските кон партнерите и персоналот; да има тимска работа, компетентност, свест, одговорност на персоналот; целосна одговорност и сигурност за задоволство-то на потрошувачите; широк асортиман, најдобар квалитет и најниски цени на производите и испорака во согласност со законските прописи во најкус можен рок; да има систем за управување со сите расположливи ресурси, поврзување и оп-тимални процеси и учество во најновите информативни системи; да се обезбеди превентивна активност и континуирано подобрување, со цел да се исполнат оче-кувањата на купувачите: континуирано следење на најсовремените достигнувања во секторот на фармацијата и медицина-та; да иницира и активно да учествува во добротворни настани и да дава целосна поддршка на еко-заедницата.

Според статистичките податоци од официјалните институции, претпријатието „ЗЕГИН“ константно се наоѓа меѓу првите десет фирми според остварената нето-до-бивка. Од извозот во минатите години „ЗЕГИН“ оствари голем приход, особено од пласманот на производи на домашни-от пазар. Инаку, „ЗЕГИН“ ја има организи-рано и мрежата на аптеки, претставништ-ва и една шпедиција. Претпријатието има вработени, главно, со висока стручна подготовка. Тоа располага со модерна информативно-технолошка структура во којашто е инвестирано миолиони евра.

Во врска со сопственостите на „ЗЕ-ГИН“ треба да се нагласи дека во април 2007 година, Винарската визба на „Ло-зар“, сопственикот „ЗЕГИН“ ја превзеде во владение, откако во утринските часови неговото обезбедување влегло во служ-бените и работни простории. Ова откако претходниот корисник, винаријата „Света Елена“ од Неготино не се иселувала од објектот, кој е во сопственост на „ЗЕГИН“.

1zeg1235

1zeg12366666

Според зборовите на бизнисменот Благој Механџиски, за Винарската визба „Лозар“ имал имотен лист, во предвиде-нот рок ја платил цената по која ја купил, имал и извршно судско решение за влез, така што сите правни аргументи беa на негова страна.

Според него тој имал разбирање и чети-ри месеци повеќе од рокот му допуштил на претходниот сопственик да ја корисити визбата, а тој продолжувал просториите да ги узурпира иако немал никавка закон-ска основа таму и да остане.

Како гест на добра волја на сите до-тогаш работно ангажирани работници, „ЗЕГИН“ им понудил да потпишат работ-ни договори за ангажирање и да останат таму да работат.

По објавениот оглас за склучување на договор со кооперантите, четири илја-ди лозари дотогаш потпишале со „ЗЕ-ГИН“ за соработка и пласман на нивното грозје. Дотогашниот корисник, винарија-та „Света Елена“ се жалела дека доколку „ЗЕГИН“ ги имал сите документи треба-ло да ангажира судски извршител, а не да влегува со приватно обезбедување.

Инаку, Механџиски Визбата ја купил на јавна лицитација во јануари, за 69 ми-лиони денари додека „Св.Елена“ понуди 67,7 милиони денари.

Во август 2007 година, пак, Благој Ме-ханџиски, газдата на веледрогеријата „ЗЕГИН“ стана сопственик на лозовите насади и на површините под житарици на земјоделскиот комбинат „Црвени Брего-ви“ во Неготино, со кои досега стопани-суваше велешкото претпријатие „Жито Вардар“. Со тоа успешно завршените разговорите за купување на речиси цели-от имот на земјоделскиот комбинат (без фармата за кокошки).

По купувањето на винарската визба од некогашниот агро-комбинат ,,Лозар“, од Велес, Механџиски од 300-те хектари лозови насади на „Цр-вени Брегови“ собира повеќе од седум милиони килограми грозје од сортите ,,вранец“, ,,бургундец“ и ,,совињон“, кои се преработуваат во медицинско вино во визбата во Велес.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top