Култура и туризам

СУРОВАТА СУДБИНА НА МАКЕДОНИЈА ОД 1912 ДО 1939 ГОДИНА (4)

1anta1

1anta1

Сепак, изгледа дека Бугариjа го претпочитала друштвото на Централните сили; можеби тие и понудиле поголем дел, бидеjќи до крајот на 1915 година неjзините вооружени сили упаднале и извршиле инвазиjа на Македониjа. Дa го цитирам бугарскиот министер за војна, генерал Николаев:

“Малку се грижиме за Британците, Германците, Французите, Русите, Италиjанците, Австриjците или Унгарците; наша единствена мисла е Македониjа. Било која од двете групи на сили ќе ни овозможи да јa освоиме неа, ќе го има нашиот соjуз!” (Стр. 154, Радин, “ВМРО и македонското прашање”).

Додека Србите биле ангажирани на нивната северна граница, Грците дебатирале на која страна да се приклонат. Двоумењето или “националниот раскол”, како што подоцна бил наречен, лежело во разликите кои испливале на површина помеѓу грчкиот премиер Венизелос и грчкиот крал Константин I за тоа на која страна да и се придружат.

Венизелос бил силен следбеник на Антантата и, по само неколку дена од избувнувањето на неприjателствата, бил спремен да понуди грчките трупи да се борат заедно со трупите на Антантата. Од друга страна, кралот Константин, не јa споделувал ревноста на Венизелос и верувал дека на грчката политика наjдобро ќе и служи ако Грциjа остане неутрална. Но, поради тоа што бил оженет со Софиjа, cестра на Каjзер Вилхелм II, го предиспонирало Константин да се приклони кон Централните сили. Натегнувањето помеѓу премиерот и кралот го поделил грчкиот народ на два табора и земjата запаѓала во состоjба на виртуелна граѓанска воjна.

Бидијќи имал овластување да го стори тоа, Константин го заменил Венизелос со еден прогермански премиер и повикал на избор за да стави крај на ќорсокакот. За несреќа на кралот, Венизелос, уште еднаш, излегол како победник со огромно мнозинство. Бугарскиот напад врз Србиjа, поради грчкосрпскиот договор, јa предиспонирало Грциjа да и’ понуди помош на Србиjа. Кралскиот табор одбил да се согласи, врз основа на тоа дека не била само Бугариjа коjа јa извршила агресиjата, и инсистирал да се зачува неутралноста.

Венизелос го свикал Парламентот и добил поддршка да испрати грчки трупи да се борат заедно со Србите и да им дозволи на трупите на Антантата да се истоварат во солунскиот регион. Венизелос повторно бил присилен да поднесе оставка. “Без разлика на уставната исправност или неисправност на ситуациjата, втората оставка на Венизелос на 5 октомври 1915 година означила целосен прекин на односите помеѓу кралот и неговиот избран премиер.

Но, Британиjа и Франциjа, се’ уште не јa отпишале Грциjа како изгубена и полагале надеж во Венизелосовиот наследник, Александар Заимис /Alexander Zaimis/, за можноста да се откажат од Кипар во корист на Грциjа за возврат за помош на Србиjа, чии сили сега биле под силен притисок.” (Стр. 109, Ричард Клог, “Кратка историjа на современа Грција” /Richard Clogg, А. Short History of Modern Greece/).

1anta12 1anta13

Набрзо потоа, Заимис, исто така, бил присилен да поднесе оставка. Нови избори биле одржани во декември, но биле боjкотирани од таборот на Венизелос. Настаните го достигнале својот врв кога роjалистите одбиле да им овозможат на српските трупи кои се евакуирале да преминат од Крф и да им се придружат на силите на Антантата на Солунскиот фронт.

Потпомогната од Антантата, група офицери следбеници на Венизелос иницирале државен удар во Солун против официjалната влада и формирале една привремена про-антантска влада со своја војска. Уште  еднаш, многу Македонци, измамени од балканската пропаганда, и се придружиле на војната со надеж дека ќе бидат ослободени, но само за да завршат како “топовско месо” искористено од двете страни на фронтот. Броjот на македонските ранети и мртви се зголемувал, а градовите и селата, кои кратко време пред тоа биле реконструирани, повторно биле бомбардирани до пепел.

Наскоро по формирањето на Солунскиот фронт, окупациjата на Грциjа била целосна. Франциjа имала испратено 60.000 трупи на Балканот, со надеж дека ќe ги обезбеди железничките врски од Скопjе до Солун. Дo крајот на 1917 година, трупите на Антантата биле победници во однос на Бугарите и Германците во Македониjа. Само што завршила борбата, се поjавил еден проблем помеѓу британските и француските команди во Македониjа.

Додека британскиот генерал Милне /Milne/ го поддржувал Венизелос и неговите обиди да состави една про-британска привремена влада во Грциjа, про-македонскиот француски генерал Сараил /Sarrail/ му се противел на Венизелос и се стремел грчката војска да јa истера од Македониjа.

“Амбициозните планови за македонска автономност, изготвени од француската команда во 1915 и 1916 година, не биле ништо друго освен прогресивни мерки Франциjа да си осигура една стратешка воена база за експанзиjа на капиталот.” (Стр. 155, Радин, “ВМРО и македонското прашање”).

Уште еднаш Македонците се нашле во средиштето на нечиjа туѓа војна. За да си го спаси лицето, Франциjа го отповикала Сараил и го заменила со еден про-грчки командант, избегнуваjќи на тој начин дипломатска катастрофа.

1anta14

По формирањето на една влада во Атина и консолидирањето на својата моќ во Грциjа, Венизелос во борба вовел девет дивизии на македонскиот фронт за да им помогнат на силите на Антантата на Солунскиот фронт. За дополнително да јa докаже својата посветеност кон Антантата, Венизелос во борба вовел уште две дивизии да се борат со болшевиците во Русиjа.

Кога завршила војната, на 11 ноември 1918 година, било потпишано едно општо примирjе, а мировна конференциjа  била свикана во Версај, Франциjа. Венизелос пристигнал во Париз како главен преговарач за Грциjа, решен да јa ожнее наградата за својата цврста поддршка на неговите победоносни соjузници. Една од целите на Венизелос била воскреснување на “Големата идеjа” со анексирање на делови од Мала Азиjа, особено Смирна (Измир).

Го убедил светот дека христиjаните кои живеат во Мала Азиjа се Грци и треба да се дел од Грциjа. За негова несреќа, Италиjа имала претходни териториjални претензии во Мала Азиjа (Анадолиjа), што им создало проблем на миротворците. Италиjа со сомнеж гледала на грчката амбициjа, па за да ги засили своите претензии, во март 1919 година, Италиjа почнала да трупа воjници во регионот. Грците на ова гледале како на закана по нивното побарување и пред да се постигне конечно териториjално решение, тие побарале концесии.

Изнесената причина била дека грчкиот народ во Мала Азиjа бил загрозен од турската агресиjа и му требала заштита. По многу протести од грчка страна, Британиjа, Франциjа и Американците конечно и дале дозвола да испрати мала одбранбена вооружена сила. Под заштита на сојузнички воени бродови, на 15 мај 1919 година, грчките трупи почнале да се истоваруваат во Смирна. Но, неместо да останат кратко време, во согласност со претходните договори, тие почнале да јa окупираат западна Мала Азиjа..

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ  И

1slave 5СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top