Култура и туризам

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ КНИГАТА РАСКАЗИ „ПЛАЧОТ НА КЛАРИНЕТОТ“ ОД ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ

li1231

li1231Во издание на „Пелагониските културно-научните средби – Новаци“, чиј претседател е д-р Весна Калпаковска, излезе од печат книгата раскази „Плачот на кларинетот“ од Ѓорѓи Лазаревски. Публикацијата раскази е отпечатена во 2021 година, на 219 страници уредена на македонски јазик и  отпечатена во „Графо Пром“ во Битола

Публикацијата насловена „Плачот на кларинетот“ на Ѓорѓи Лазаревски е збирка од 24 разкази групирани во три циклуси: „Луди и млади години“, „Од педагошкиот бележник и „Приказни од полето“. Расказите започнуваат со неколку згоди и симпатични незгоди од младоста на раскажувачот кога се подготвувал да учителствува и забележани случки во неговиот ран, чист и искрен учителски период на лудите млади години. Во вториот дел педагошкиот бележник на  искусниот педагог содржи многубројни запаметени, раскажани и нераскажани настани што се случиле и ги запишал во неговиот бележник. Приказните од полето, кои се  длабоко почувствувани од авторот носат со себе ширина на бескрајното поле, од мирис на косено сено и штотуку ожнеаното жито во топлиот летен период.

Во заклучокот на книгата, пак,  под наслов „Книжевен суптилен етно-вез на кларинетот“ д-р Весна Калпаковска пишува дека по неколкуте романи и дела со документарна содржина за раселените села, за светлите ликови на просветните рабоници и за педагошко-психолошката служба, збирката раскази „Плачот на кларинетот“  на Ѓорѓи Лазаревски е посветена само на неговите лични доживувања, или на настаните што се вброиле во локалните легенди или во локалната збирка на шеги каде тој постојано се јавува  како наратор.

Расказите на Ѓорѓи Лазаревски се сведоштво за неговиот живот и неговиот став кон животот кој е позитивен, ведар и инспиративен. Тој има реалистичен стил на пишување и мислата до народните кажувања им дава на расказите искрен, пријатен и смирувачки тон полн со топлина кон раскажувањето и кон читателите. Притоа авторот нагласува дека животот е вреден да се живее и дека јунаците на книжевните дела не мора да се имагинарни ликови, туку обични луѓе со обичен живот и дека ваквите ликови се многу поголеми јунаци од оние во книжевноста.

Во делото „Плачот на кларинетот“ се претставени разни ликови со различни особини, меѓу кои има ликови што заслужуваат восхит од справедливоста, искреноста, отвореноста и хуморот, до ликови со особини и постапки што служат за пример како не треба да се постапува. Оваа дидактичка димензија на раскажувањето произлегува од долгогодишната  работа на Ѓорѓи Лазаревски во сверата на педагогијата со учениците во Република Македонија и во Сојузна Република Германија.

Притоа, авторот со својот стил на пишување е близок до народното раскажување и до основните доблести што ги поседуваат македонскиот учител и секој Македонец во образованието, а тоа е несебично себедавање на учениците и потврда на своето почитувано занимање- учител.

Инаку, Ѓорѓи Лазаревски или „Учителот“, како често го нарекуваат своите блиски пријатели, е роден во 1939 година во селото Бач, Битолско, а има завршено Филозофски факултет, отсек Педагогија, на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Почитуваниот Ѓорѓи Лазаревски целиот свој работен век го мина во подигање македонски генерации, особено во битолскиот крај, почнувајќи од училиштето „Мирче Ацев“во својот роден крај, селото Бач, каде бил и учител и директор, до воспитувач во ОУ „Коле Канински“ и педагог  во ОУ „Гоце Делчев“ во Битола.

Во период од осум години (1987-1995) Ѓорѓи Лазаревски беше наставник по македонски јазик и култура во Штутгарт, Сојузна Република Германија, испратен од Минитерството за образование на Република  Македонија, каде го постигна својот врв како педагог, патриот и почитувач на македонските иселеници, на македонскиот јазик и на етничка Македонија. Од 1995  до  2002 година учителот Лазаревски беше вработен во ОУ „Стив Наумов“ во Битола, од каде замина во пензија.

Публикацијата насловена „Плачот на кларинетот“ е едно од петнаесеттината дело во творештвото на Ѓорѓи Лазаревски, почнувајќи од  делото „40 години настава на македонски јазик во Битола и Битолско“ на група автори, во издание на СИЗ за основно образование, Битола во 1984 година до денес.

Меѓутоа, публицистичкиот опус на Ѓорѓи Лазаревски е богат и разновиден. Меѓу бројните дела ќе ги споменеме  делата: „Зведени патеки“ (Auf dem Pfad der Sterne) (1993), зборник на песни од учителите во Германија; „Монографија 50 години на ОУ „Гоце Делчев“- Битола (1994); Монографија 55 години на ОУ „Стив Наумов“ – Битола (1999);  Монографија за Македонската православна црковна општина „Св. Кирил и Методиј“ – Штутгарт (2003); Монографија Кравари (2006); Дедо Кољо Добровенски, мариовско-лерински војвода (2012); романот Коста Моштенецеот (2015) и други.

За својата педагошка улога во образованието на Република Македонија, Ѓорѓи Лазаревски го добил звањето „Истакнат педагошки работник“ од Републичкиот педагошки совет во 1986 година, наградата „Кирил и Методиј“ од СИЗ за образование, Битола (1990), „Повелба за животно дело“ од „Пелагониските културно-научни средби“, Новаци во 2013 година и наградата „4-ти Ноември“, Општина Битола (2019).

Делото раскази „Плачот на кларинетот“, како што напиша д-р Весна Калпаковска е за сите генерации, притоа, младите и учителите да ги прошират своите видици за педагошките лавиринти, повозрасните да се присетат на времето минато што се вградило во секој живот, а уште повозрасните  со радост да ги повикаат спомените што ги затвориле во менталните ковчези на минатото за да го зачуваат благородниот мирис на младоста, на подвизите и на животот. Затоа, ова дело раскази го препорачуваме на сите читатели и вљубеници во пишаниот збор од сите генерации.

 1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top