Култура и туризам

ДЕЛ ОД ПОСЕТАТА НА УБАВАТА И ИНТЕРЕСНА МАЛЕШЕВИЈА (12)

1ho1

1ho1

Онаму каде што реката Брегалница навлегува во Малешевската Котлина на самото нејзино грло од двете страни е распространет градот Берово. Со оглед на големата надморска височина од над 800 метри, таму владее умерено континентална клима која на некои места се модифицира и преминува во планинско-континентална, а се карактеризира со студени зими и свежи лета. Берово е град со највисока концентрација на кислород на Балканот.

Средната годишна температура во општината е 11,1˚C, но е и град со најмногу сончеви денови во текот на годината во Република Македонија, со просечен износ од 6,4 сончеви часови дневно. Оваа компаративна предност во последниот период интензивно се користи за вградување на сончеви колектори во јавните институции и индивидуалните куќи, поради зголемување на енергетската ефикасност.

Најзастапени сектори во економскиот развој се текстилната и дрвната индустрија, како и земјоделството и сточарството, во кои е детектиран голем неискористен потенцијал. Од услужните дејности засилен подем се забележува во туристичкиот сектор, кој со темпото на развој и инвестиции кое го наметнува, во блиска иднина може да стане главна економска гранка.

Градот Берово претставува економски, културен и образовен центар за целата Општина. Во зградата на општината покрај службите од локалната самоуправа, сместени се и подрачните единици од министерствата на Република Македонија. На чело на Општината Берово е  почитуваниот градоначалник господинот Драги Наџински, кој, заедно со сите вработени се грижи за сегашноста и иднината на Малеш.

Интересно е дека во Берово и целиот малешевскиот регион сè уште љубоморно се чуваат, негуваат и практикуваат традиционалните занаети: копаничарството, кујунџиството и папучарството. Дрвото е материјал со неограничени можности. Во Малешевијата може да се види како се изработуваат секаков вид икони во византиска техника, комплетна иконографија, фрескопис и иконостаси од дрво.

1ho12Здравко Чолиќ во Берово

Жените од Малешевијата како чувари на традицијата сè уште со голем ентузијазам ја обработуваат волната од овци и кози и изработуваат облека и јамболии, килими, пешкири, черги и други предмети. Филцот е современа техника, но во Mалешевијата e позната од многу одамна како правење на „калчини“, потколеници и елеци за комитите.

Oд 23 до 28 август во Берово се одржува „Меѓународен етно-фестивал“ (Etno Square Festival) на кој настапуваат изведувачи од различни земји и создаваат фузија на различните култури и специфики. Целта е да се презентираат традиционалните вредности и нивната специфика, како на малешевскиот регион, така и на гостите присутни на овој етно-фестивал.

За време на одржувањето на фестивалот, плоштадот во Берово доживува визуелна реконструкција каде може да се почувствува духот на минатото и традицијата. На фестивалот настапуваат реномирани интернационални изведувачи кои веќе го докажале своето музичко творештво и влијание во светот.

Во текот  на фестивалот се одржува музичка работилница „Етно камп“, која е продукција на десетдневна работилница на признати уметници од повеќе земји. Изведувачите кои работат на различни музички подрачја промовираат различни видови на музички правци како традиционална изворна музика, џез, фламенго, класична европска музика, африканска и индиска класична музика, во рамките на фестивалот одржуваат голем концерт на кој го презентираат музичкиот продукт за овој настан.

Исто така, во текот на фестивалот се одржува традиционален саем на локални производи „Малешевијата на дланка“,на кој се презентира традиционална храна, ракотворби, сувенири и резби. Тука може да се вкусат традиционалните специјалитети (сирења и млечни производи, преработки од шумски плодови, мед и други пчелни производи), ракотворби од волна и памук, чија изработка е вековна традиција во Малешевијата, различни видови резба, уметнички апликации на дрво, платно, керамика, стакло и текстил во различни димензии и со различни мотиви кои претставуваат специфика за Малешевијата, но и за другите региони во Македонија и пошироко.

1ho13За време на фестивалот, на плоштадот во Берово може да се почувствува духот на традицијата со народни песни и ора, проследени со традиционални инструменти како: кавал, гајда, тапани и зурли.

Берово се наоѓа на околу 850 метри надморска височина, со чист воздух, свежина и убавина, во срцето на Малешевските Планини, Огражден и Пирин Планина. Меѓу другото, Берово е познато  и по производството на здрава храна во која Благој Механџиски е вљубеник, чувар и афирматор и затоа вложува големи средства во тој бизнис. Таму тој ја отвори првата продавница за здрава храна во Македонија, како дел од неговата нова фирма „Здрава храна на Зегин“ (Healthy food of Zegin).

Меѓутоа, најпознат е беровскиот мед, беровските слатка од шумски јагоди, капини и малини. Тука се произведува и прочуеното беровско сирење коешто има освоено врвни европски признанија и награди. Не помалку познати се и беровските компири, како и познатата малешевска ракија од модри сливи којашто е неизбежна во секој дом во Берово.

Од чаевите со лековити својства, најпознати се мајчината душица и кантарионот, како и беровскиот сируп што лекува бронхитис и ги прочистува дишните патишта. Според експертите, најголема концентрација на космичка енергија и кислород на Балканот има токму во Берово. Поради ова не напразно се вели: „Дојди во Берово да се регенерираш и да бидеш како нов!“

Продолжува

1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

To top