Култура и туризам

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВО МОНОГРАФИЈАТА НА РИСТО СТЕФОВ (13)

1makust1

1makust1 1makust12

Делото „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ е публикација на Ристо Стефов (Chris Stefou), роден во револуционерното село Ошчима, Леринско, во Беломорска Македонија. Како последица на економско-политичките случувања во Егејска Македонија, неговото семејство се иселило од дедовкиот праг во 1965 година кога Ристо имал дванаесет години и за секогаш се населиле во демократска Канада. 

Ристо Стефов (Chris Stefou) е писателот кој живе и твори во Канада и кој ја афирмира Македонија од античко време до денес. Тој е добро познат во македонската заедница во Торонто, а е афирмиран автор во македонската дијаспора и во етничка Македонија. Ристо е автор на поголем прој публикации со кои се покажа и долажа како вљувеник во историјата и вистина за македонскиот народ и етничка Македонија.

Во ова продолжение ќе го поместиме делот во кој се вели декао откако Британците јa консолидирале власта во Грциjа, биле способни да jа поддржат грчката влада, наименувана од Британиjа, и им наредиле на партизаните да се демобилизираат. Она што овде е интересно е тоа што, пред Британците да бидат способни воено да применат разоружување, тие им наредиле на партизанските сили да се распуштат.

Она што е уште поинтересно и вредно за спомнување е дека ЕАМ се согласила да ги демобилизира своите сопствени сили речиси без никакви услови. Единствениот услов кој вреди да се спомне е барањето за британско разоружување на “владините единици за поддршка”, кои, всушност биле главен противник на ЕАМ.

Многу добро знаејќи дека Британиjа нема никогаш да дозволи комунистичко владеење во Грциjа, а, исто така, знаејќи дека Советскиот Соjуз потпишал договор со Британија за немешање во Грциjа, сепак ЕАМ верувала дека може да доjде на власт без помош однадвор.

Кога Британците излегле со првобитниот план, игнорираjќи го барањето на EAМ за разоружување на владините елиници за поддршка, ЕАМ излегла од владата. Потоа ЕАМ протестирала против британските дејства, со организирање демонстрации и генерални штраjкови. Кога атинскиот плоштад почнал да се полни со река од илjадници демонстранти, на полициjата и било наредено да пука во толпите, убиваjќи петнаесет души.

1makust13  1makust14Монографии за Атанас Близнаков од Д’мбени и Стив Пљакас од Зелениче, Костурско

За да бидат работите уште полоши, Черчил одобрил план за Британиjа да јa окупира Атина со било какви средства, ако биде потребно. ЕЛАС се уште држеле повеќе од три-четвртини од Грциjа, но бидеjќи тие не можела веќе да сметаат на поддршка однадвор (руска), повторно морале да јa проценат својата позициjа.

Под ваквите услови, ЕАМ, во jануари 1945 година, прифатила примирjе, трампајќи оружjе за гласови. Варкитскиот договор /the Varkita agreement/ бил потпишан на 12 февруари 1945 година, според кој од сите страни се барало да се демобилизираат и да го предадат своето оружjе. Британците уште еднаш a потврдиле својата верност кон грчката влада, даваjќи и’ на Атина целосна политичка и воена поддршка, обврзувајќи се да се борат за да спречат победа на партизаните.

Наjголемите губитници од Варкитскиот договор биле Македонците. Штом ЕАМ го потпишала договорот, сите антимакедонски закони стапиле повторно на сила, а македонскиот народ го изгубил сето она што го добил во текот на германската окупациjа. ЕAM/KKЕ (Грчката комунистичка партиjа) апсолутно не направила никакви напори да ги заштити македонските права во договорите со Британиjа и, како резултат на тоа, почнала да jа губи наклонетоста на македонското раководство.

Кога на македонските партизански сили им било наредено да се демобилизираат, како дел од Варкитскиот договор, македонското раководство одбило. Гоче и Титан одбиле да се разоружаат и да се распуштат без гаранции дeка никаква повреда нема да им се нанесе ним или на македонскиот народ.

Прашањето “што ќе и’ се случи на Егеjска Македониjа под грчкото комунистичко владеење” се уште не било разjаснето. Грциjа била решена да се ослободи од Македонците на овој или на оној начин, и македонските сили ги ставила надвор од законот. ЕЛАС (грчките партизани) составиле една ударна група која била испратена на север да интервенира и да ги уапси македонските изгнаници.

Наместо да пружат вооружен отпор, македонските бригади јa преминале jугословенската граница и влегле во Вардарска Македониjа. Таму биле топло пречекани и биле приклучени кон постоечките македонски оружени сили кои се бореле со албанските балисти (германски соjузници) во Тетово и Гостивар.

Македонското раководство можело да остане и да се бори со ЕЛАС, но немало никаква смисла војната да се донесе дома во Македониjа. Тие добро знаеле дека британските трупи наскоро ќе ги следат и тие би воделе бесмислена, крвава војна во својот двор. Откако македонските сили веќе не и стоеле на патот, грчката полициjа се вратила и прибегнала кон неjзините стари трикови.

Овоjпат, не биле жртви само Македонците. Тие ги мразеле исто толку и грчките партизани. Практично, без никоj да jа сопре, грчката полициjа ги интензивирала своите активности на терор, апсеjќи, мачеjќи и убивајќи луѓе, не правеjќи разлика, вклучувајќи ги и раководствата на ЕАМ, ЕЛАС и на КЕ (Комунистичката партија на Грција). Дo времето на одржување на изборите, најголемиот дел од партизанското раководство исчезнало. Тие или отслужувале затворски казни врз основа на исфабрикувани и блефирани обвиненија или веќе биле убиени.

Изборите биле закажани за 31 март 1946 година. Наместо да гласаат, грчките партизани повторно се вооружиле и се побуниле против грчката влада. Востанието се манифестирало како напад на Грциjа во селото Литохорион /Lithohorion/, сместено источно од планината Олимп, jужно од Катерини во Тесалиjа. Наскоро следеле и други напади и речиси веднаш конфликтот ескалирал во Граѓанска војна од големи размери, вклучувајќи јa не само Грциjа, туку, исто така, и Македониjа окупирана од Грциjа.

Во еден бизарен пресврт на настаните, ЕЛАС, која помалку од една година пред тоа ги вперила своите пушки кон македонските борци, сега им пружила раце на приjателство. Се било простено и заборавено кога раководството на ЕЛАС ги замолило Македонците за нивна помош. Овоjпат тие дошле со понуда на “еднакви права”, “признавање”, па дури и можност за “повторно соединување со Вардар”. Сега, кажете ни кој Македонец можел да го одбие тоа?

Многу партизани борци од Егеjска Македониjа, кои преминале во Вардарска Македониjа само една година пред тоа, тогаш се вратиле. При враќањето, се организирале во НОФ, Македонски народен ослободителен фронт и се бореле рамо до рамо со ЕЛАС. Многу биле свесни за поговорката “чуваj се од Грци и кога носат дарови” и знаеле дека грчката понуда била премногу добра за да биде вистинита. Но, секогаш постои тој мал зрак надеж дека можеби овоjпат исходот за Македониjа може да биде поинаков. Освен тоа, нивните семејства, домови и животи биле во Егеjска Македониjа. Каков друг избор тие навистина имале?

1makust15  1makust16

Се вратиле бидеjќи биле осамени, си ги сакале семејствата и бидејќи ќе морале да живеат со вина поради тоа што ги напуштиле своите наjмили кога биле во шкрипец. Секој Македонец роден во Македониjа, дури и во наjпустите места, го знае чувството на носталгиjа по татковината и копнежот за враќање.

Новиот соjуз помеѓу ЕЛАС и НОФ отворил многу можности за грчките партизани надвор од грчките граници. Додека грчката влада ги контролирала големите градови и населени места, силата на партизаните била во селата и планините. Наjголемиот дел од партизанските регрути дошле од селското население и се покажале дека се идеалисти, полни со надеж и решени да се борат.

Биле подигнати кампови во планински изолирани места каде новите регрути се обучувале за водење борба. Имало и кампови за тренирање, како и складишта за снабдување, подигнати надвор од Грциjа, во Албаниjа и Jугославиjа. Еден таков камп бил градот Булкес /Bulkes/ лоциран во северна Jугославиjа. Булкес бил убав град со уредно наредени куќи и плодно земjиште кое можело да исхрани цела војска. Германците го изградиле Булкес за да може во него да се сместат германски семејства.

По повлекувањето на германската војска, дел од жителите на Булкес биле истерани, додека другите доброволно заминале. Празниот град им бил позаjмен на грчките партизани да го користат како складиште за храна, униформи и оружjе. Булкес, исто така, бил и центар за обука за офицери и административен центар за пропаганда. Во текот на партизанските денови, градот Булкес бил управуван во вистинскиот дух на социjализмот.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ  И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top