Култура и туризам

ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА – ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (14)

1sol1

1sol1

Дo почетокот на 1947 година, партизанските сили покажале вистинска моќ во воените способности и во одржување нa ветувањата за своите обврски кон македонскиот народ. Околу 87 македонски училишта биле отворени во Леринско и Костурско. Биле запишани рекорден броj ученици (10.000). Македонската литература и култура доживувале процут.

За жал, Грците, никогаш не се чувствувале релаксирано во однос на македонските постигнувања и постоела видлива огорченост и недоверба помеѓy двата народа. Грчкиот шовинизам цветал како во своите наjдобри времиња. Македонците, од друга страна, никогаш не биле релаксирани и не се чувствувале пријатно за да ги откриjат своите вистински имиња или идентитет, особено на грчките партизани.

Еден Македонец го обjасни тоа на следниот начин: “Во случаj тие да знаеjа дека некој е Македонец, тогаш тој ќе морал да внимава и пред себе и зад грбот, бидеjќи никогаш не се знаеше од каде може да доjде наредниот куршум”.

Во Македониjа, партизанските редови се зголемувале со доброволци од патриотските македонски села. Некои кои имале борбено искуство биле унапредени во повисоки чинови. Грците се двоумеле и биле внимателни да не унапредуваат Македонци во високи чинови. Тие ги резервирале високите чинови само за Грци. Освен што регрутирале мажи, партизаните регрутирале и жени како медицински сестри, болничарки на боjните полиња, кроjачки, за поправки, перачки, готвачки, организатори за снабдување, па дури и вооружени воjници.

Извесно време, партизаните сами одгледувале и се снабдувале со храна од донирани или напуштени ниви и полиња. Работната сила, која била одговорна за жнеење и испорака на храната до партизанските кампови, главно, била составена од жени доброволки.

Британиjа не била задоволна со новиот развоj на настаните и јa притискала грчката влада да јa прошири својата воена способност и да се вооружи со тешко оружје. “Дo 1947 година, британската влада поставувала и разрешувала грчки премиери, водеjќи сосема малку сметка за уставните формалности.

Британски експерти јa диктирале економската и финансиската политика, одбранбената и надворешната политика, безбедносната и правната политика, политиката за синдикатите и невработеноста”. (Стр. 306, Барбара Jелевиќ, Историjа на Балканот, Дваесетти век /Barbara Jelevich, History of the Balkans, Twentieth Century/). За неjзиното мешање во работите на една суверена држава и за овозможување насилнички тактики, Британиjа добила критика од Соединетите Држави, чии долари биле користени за повторна изградба на Грциjа. 

1sol12  1sol13

И грчката влада и партизаните регрутирале борци од истото население. Додека младите мажи биле регрутирани да се борат за грчката влада, нивните жени, сестри, браќа и татковци биле регрутирани да се борат за партизаните. Имало големи пропагандни кампањи спроведени на двете страни кои ги труеле умовите на младите и оние неодлучните, поделуваjќи јa и растргнуваjќи јa заедницата и свртувајќи брат против брат.

Ова било грчкото наследство предадено на македонскиот народ за неговата понудена помош. Ова било “грчка клетва” која многумина Макелонци морале да jа носат поради нивното партнерство со Грците. Дo ден-денес многу Македонци негуваат тешки чувства и се борат да направат измени. До ден-денес, македонската заедница останала поделена по ова прашање.

Од самиот ден кога Британците стапнале во Грциjа тие биле нескршливо решителни на секој можен начин да се ослободат од партизаните, дури и со извршување деjства на насилство и терор. Од средината на 1945 година до 20 мај 1947 година, партизаните известиле дека “само во западна Македониjа, 13.529 Македонци биле измачувани, 3.215 биле затворени, а 268 биле погубени без судење. Освен тоа, 1.891 куќи биле запалени и 1.553 биле опљачкани, а 13.808 Македоници биле преселени со сила.

Во текот на војната, затворските кампови, со кои управувале Грци, а во кои Македонците биле затворени, измачувани и убивани, ги вклучувале островите Икариа во близина на Турциjа, островот Макронис во близина на Атина, затворот Аверов во близина на Атина, затворот во Лариса во близина на полуостровот Волос и затворот во Солун. Иселениците од Егеjска Македониjа тврдат дека имало масовни убивања во Вичо, Грамос, Каjмакчалан и во Мала Преспа во Албаниjа.” (Стр. 116, Џон Шее, “Македониjа и Грциjа, Борбата за дефинирање на една нова балканска нациjа”).

Во 1946 година, грчката полициjа нападнала една музичка група од Ошчима и Терна кај Попли додека тие оделе да свират на некоја свадба во Рудари, вп Преспа. Музичарите биле сериозно тепани, а нивните музички инструменти скршени. На едно момче, неговата труба му била единствениот извор за заработувачка.

Во 1946 година, еден грчки полицаец пукал и јa убил Софиjа Јановска од Желево заради забава. Жената, чиj маж бил во Канада во тоа време, си стоела на предната тераса, чекајќи ги децата да се вратат од работа. Лудиот полицаец пукал во жената, убивајќи jа на лице место бидејќи таа гледала во негов правец. Според локалните извештаи, не била спроведена истрага во врска со пукањето, ниту, пак, полицаецот бил испрашуван за неговите деjствиjа.

Во 1945-46 година, за да се одмаздат поради тоа што еден од нивните бил убен, просфигите (народот кој Грциjа го донел од Мала Азиjа во текот на 20-тите години на ХХ век) од Попли го убиле Никола Чолаков, невин маж од Оровник, Преспа. Единствената врска што Никола јa имал со смртта било тоа што тој бил следбеник на спротивната страна во конфликтот.

Имаат кажано дека просфигите во Македониjа извршиле sверствa против македонскиот народ, но никогаш не биле казнети за своите злочини. Исто така, сакаме да нагласиме дека македонските партизани имале сила и можност да ги соберат сите просфиги во севернозападна Македониjа и да ги масакрираат до последниот, но наместо тоа тие употребиле здраво расудување и ги оставиле на мира. Македонците сфатиле дека и просфигите биле жртви на хеленизмот.

Грчката влада во Македониjа внимателно работела со локалните соработници и од македонското население ги регрутирала само оние за кои било докажано дека може да им се верува. Соработниците макотрпно работеле за да ги идентификуваат сите оние кои ги симпатизирале партизаните и за нивните активности поднесувале извештаи на редовна основа.

Сите кои биле приjавени дека им помагаат на партизаните, биле остро казнувани, а понекогаш и погубувани. Во пролетта 1947 година сите оние кои биле на црната листа биле собрани нa едно место, уапсени и затворени во леринските затвори. Оние кои биле обвинети  дека им помагаат на партизаните, биле однесени и погубени. Останатите, откако поминале сто дена во затвор без судење, биле испратени во различни концентрациони логори во најненаселените грчки острови во сурови услови.

1sol14Битка во Егејска Македонија

Овде сакаме да спомнеме нешто многу важно, бидејќи веруваме дека грчката влада, дури и пред грчката Граѓанска војна, имала планови “да се справи со Македонците во Грциjа”. “Во 1947 година, во текот на грчката Граѓанска војна, бил обjавен законскиот акт Л-2. Тоа значело дека на сите оние кои јa напуштиле Грциjа без согласност на грчката влада, им било одземено грчкото државjанство и им било забрането да се вратат во земjата.

Законот важел за Грците и за Македонците, но во својата модернизирана верзиjа законот е обврзувачки само за Македонците. Тој ги спречува Македонците, но не и поранешните Грци-комунисти кои се бореле против победничката страна, да се вратат во Грциjа и да си го вратат имотот назад.

На 20 jануари 1948 година, бил обjавен законскиот акт М. Тој и овозможил на грчката влада да го конфискува имотот на оние кои биле лишени од нивното државjанство. Законот бил ажуриран во 1985 година за да ги исклучи Грците, но тој се уште е обврзувачки за Македонците.” (Стр, 116-117, Џон Шее, “Македониjа и Грциjа, Борбата за дефинирање на една нова балканска нациjа”).

Продолжува

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ  И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top