Култура и туризам

ВО ЧЕСТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ И ПОЧЕТОКОТ НА ПОКЛОНЕНИЈАТА ВО РИМ (8)

2.3.1

131sl1

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Во 1994 годна се навршија 50 годни самостоен слободен просветен и културен живот и растеж во Република Македонија. На 2-то заседание на АВНОЈ од 29 ноември 1943 година на македонскиот народ во Републиката му се признати правата за нациoнална слобода. На 2 август 1944 година, АСНОМ, на своето прво заседание во манастирот Св. Прохор Пчински прогласи дека македонскиот народ влегува како национално слободен и рамноправен член во рамките на Федеративна Југославија врз принципите поставени на Второто заседание на АВНОЈ.

Конституирањето на македонската држава, нација, јазик и организираниот црковен живот, неминовно значеше асоцијативно и суштинско поврзување со Кирило – методиевската традиција, со создавачите на старословенскиот јазик, во чија основа влегоа говорите на македонските Словени од околината на Солун. Врз база на овој македонски дијалект беше изграден литературниот старословенски јазик.

Во мај 1994 година, македонската културна и научна јав­ност беа соочени со еден настан кој го сврте нивното внимание, пре­дизвикан од најновото дело на Вера Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски-Катин посветено на Со­лун­ските браќа, под наслов „Во чест на Светите Кирил и Методиј“. Тоа е издание на „Матица македонска“ од Скопје, на 212 страници на македонски јазик, чиј рецензенти се Архиепископот г.г. Михаил и проф. д-р Радмила Угри­нова – Скаловска

Кирило – методиевската традиција зафатила благородни и длабоки корени и во Македонија. Вредните ученици на светите браќа Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски, ја продолжиле нивната целокупна глаголска традиција, особено кога Климент Охридски во 886 година ги ставил темелите на Охридската книжевна школа. Оттогаш, низ Македонија струи Климентовата писменост, книжевноста и организираниот црковен живот, особено со неговото хиротонисување за прв словенски епископ во Велика, во 893 година.

Во ова издание ќе бидат одразени и повеќеродни дејности, манифестации, собири, институции, личности, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста, работата, на светите Кирил и Методиј и нивните ученици. Разбирливо е дека во него ги проследуваме и јубилеите кои во одредени години ги потенцираат активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така, своевиден простор е посветен на културната манифестација „Во чест на св. Кирил“ и поколенијата на светиот гроб на св. Кирил во Рим, во период од 25 години (1969-1994).

Како резултат на значењето и популарноста на делото „Во чест на Светите Кирил и Методиј“, во порталот „Македонска нација од Скопје се отпечатени 21 продолжение, од 09 ноември 1916 година до 5 април 2017 година. кои предизвикаа голем интерест кај читателската публика, особено оние кои се заинтересирани на црковно-духовното живее во Македонија. Така, во тој период, македонската културна и научна јав­ност беа соочени со еден настан кој го сврте нивното внимание, пре­дизвикан од најновото дело на Вера Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски-Катин посветено на Со­лун­ските браќа, под наслов „Во чест на Светите Кирил и Методиј“.

Сушти­ната на ова возбудливо дело најдобро ја изразува уводникот на архие­пи­скопот Охридски и Македонски г.г. Михаил, кој потсетува на често ци­ти­раните мудри мисли на светите браќа изречени во Венеција во бор­бата со тријазичниците, на кои никако не им одговарала идејата за рамно­правност на Божјите народи.

На промоцијата на ова убаво технички обликувано издание, која се одржа во НУБ „Св. Климент Охридски“, говореа проф. д-р Радмила Угри­нова – Скаловска и архиепископот Охридски и Македонски г.г. Михаил рече.  „Оваа книга зазема посебно место меѓу трудовите посветени на Кирилометодиевото дело. Содржи хронолошки приказ на сите црковни чествувања и манифестации посветени на делото на светите браќа во периодот од 1969 до 1994 година, што ги организирале и во кои учес­т­вувала Република Македонија во Рим“. истакна во своето излагање проф. Скаловска.

Поглаварот на  Македонската православна црква г.г. Михаил под­влече: „Секој приод кон светлите средновековни традиции од нашата културна историја е значаен, а навраќањата кон врвиците на све­тителите и просветителите се добродојдени во оваа наша мала, но истрајна средина, со цел нивното дело да го доближат до нашиот човек. Браќата претставуваа благородно свртување кон <светилниците на все­лената>, како што ги нарекол светите браќа охридскиот архиепископ Теофилакт. Објавувањето на монографијата ќе предизвика интерес и кај младите и кај постарите наши современици и кај обичните граѓани – вер­ници, бидејќи ги содржи обединети и световните и верските чест­ву­вања на светите браќа Кирил и Методиј“, истакна архиепископот Ох­рид­ски и Македонски г.г. Михаил.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top