Култура и туризам

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ОД 1939 ДО 1949 ГОДИНА (16)

1djor11

1djor11Односите со Југoславиjа биле прекинати, а грчко-jугословенската граница била затворена. Комунистичката патиjа, која на Македонците им ветувала човекови пpaва и слободи, полека почнала да се дистанцира од своите определби. Наjголемиот дел од партизаните кои се бореле во битката за Лерин биле новорегрутирани и неискусни борци.

Повеќето од силите биле составени од Македонски мажи и жени под грчко раководство. Партизанската команда се двоумела кога дошло време да се отпочне офанзивата, давајќи му дa тоj начин на неприjателот екстра време да јa подготви својата одбрана. Двоумењето ги деморализирало партизанските борци кои не биле подготвени за пролонгираното зимско студенило под ведро небо.

Една површна анализа на развоjот на настаните пред леринскиот нaпад и една посмртна анализа на последиците, доведуваат до еден неизбежен заклучок. Нападот на Лерин бил дизаjниран за да се уништат вооружените сили на македонските партизани. Со нудење на Лерин – офанзивата наместо предавање, партизанското раководство “ги жртвувало своите вооружени сили”.

Случаjно или планирано, нападот на Лерин придонел за смртта на многу македонски борци и за масовниот егзодус на македонското нacеление. Многумина веруваат дека грчката Граќанска војна била успешна вo “етничкото чистење” на македонскиот народ, онаму каде што многугодишната асимилациjа не успеала.

Плашејќи се од репресалиите од грчката војска која напредувала, во август 1949 година, бранови бегалци ги напуштиле своите домови и отишле во Албаниjа за да се спасат. Кога војната се завршила, Грциjа не ги caкала назад. Како резултат на тоа, тие биле испратени во земjите на Источниот блок кои биле волни да ги примат.

1djor112

Години подоцна, некои се обиделе да се вратат, но Грциjа (законскиот акт Л-2) не им дозволила. Дури и на невините Македонци кои не учествувале во конфликтот, вклучуваjќи ги евакуираните деца-бегалци, не им бил дозволен влезот. Години изминувале, но ним, во повеќе наврати, не им било дозволено да влезат во Грциjа. Не им било дозволено ниту да ги посетат болните роднини. Кoнечно, во 1985 била воведена една политика на репатриjациjа и била дадена амнестиjа, но само на оние со “грчко потекло”. И повторно, Македонците биле исклучени од истата.

Бидеjќи македонската териториjа била бомбардирана од воздух и од топовски оган, уплашениот македонски народ, повеќето стари мажи и жени и маjки со мали деца, го земале она што можеле да го понесат и ги напуштиле своите домови, барајќи спас во планините. Им било речено оттаму да одат во Албаниjа и да се сретнат со своите роднини.

“Една таква група го напуштила селото Коломнати и се спуштала од планините кон Рула, кога биле забележена од еден млад грчки офицер. Младичот веднаш му телефонирал на својот генерал и го информирал за ситуациjата. “Треба ли да ги пресретнеме?”, прашал младиот офицер. “Не, пуштете ги бељаџиите да одат, не ги сакам овде,” одговорил стариот генерал”. (Сториjа која ја раскажал помошникот на генералот кој замолил да остане анонимен).

Кога грчката војска го скршила Леринскиот фронт, партизанските сили кои го преживеале колежот побегнале во Албаниjа. Борците кои биле најблиску до градот, биле фатени и затворени. Оние кои признале дека доброволно им се придружиле на партизаните биле погyбени. Другите или биле прогонети на грчките острови, или биле ослободени откако отслужиле казна затвор во локалните затвори.

Во својата потера по партизаните кои бегале, грчката војска успеала да им го пресече патот за бегство на група партизани кои ги опслужувале топовите и артилерискиот оган кај Бигла (по војната топовите биле изложени во градот Лерин). Бидеjќи не можела да побегне во Албаниjа, групата од Бигла се обидела да премине во Jугославиjа во близина на Преспанското Езеро.

1djor113Селото Нивици во Преспа 

На jугословенската граница тие биле запрени од jугословенската армиjа, која се согласила да им дозволи премин ако доброволно се разоружаат. Очекувајќи да јa продолжат војната од Албаниjа, партизаните не биле волни да се разоружаат и одбрале поинаков пат за бегство. За жал, се обиделе да побегнат додека било ден, така што биле здогледани од грчките воени воздухопловни сили. Многумина биле убиени со митралески оган од горе, а некои се удавиле обидуваjќи се да го препливаат Преспанското Езеро. Само мал броj успеале да стигнат во Албаниjа.

Кога пристигнале во Албаниjа, за да ги прикриjат своите грешки, водачите на групата од Бигла измислиле приказни, тврдеjќи дека Титовите сили ги нападнале и не им дозволиле влез во Jугославиjа. Подоцна, истите тие ги промениле приказните и јa кажале вистината за она што се случило. За жал, дотогаш односите помеѓy грчките партизани и Jугославиjа се влошиле. Иако Jугославиjа била една од наjголемите поддржувачи на ЕАМ, грчките партизани јa искористиле оваа сториjа во своите пропагандни кампањи за да го дискредитираат Тито во очите на Советскиот Соjуз.

Кога завршила грчката Граѓанска војна, партизанското раководство се состанало во напуштениот италиjански камп Бурели, во Албаниjа, за да проценат што тргнало наопаку и зошто ја изгубиле војната. По извесно дебатирање, дошле до заклучок дека тоа бил Тито и македонската соработка која ја саботирало војната.

За неуспехот било обвинето лидерството на македонските партизани за соработката со Титовите партизани. Седум од наjлоjалните македонски водачи биле обвинети за саботажа и осудени на смрт. За среќа, Енвер Хоџа (наjвисокиот државен водач на Албаниjа) не сакал во неговата земjа да се извршат злосторства и не дозволил погубување на тие водачи.

Тие биле однесени во Советскиот Соjуз, каде им било судено за предавство и биле осудени на доживотна казна затвор, во затворските логори на Сибир. По  смртта на Сталин, Хрушчов повторно ги отворил нивните предмети и пресудил дека тие се невини по сите обвинениjа и ги ослободил.

Откако грчката Граѓанска војна завршила, животот во Егеjска Македониjа веќе не бил ист. Помалите села биле евакуирани (некои засекогаш), а луѓето биле преселени во поголемите градови под будното око на грчката полициjа. Познатата радост и смеа во семејствата, кои некогаш ги исполнувале улиците, сега засекогаш ги снемало, а улиците останале без деца. Гордиот македонски народ, кој само пред неколку години уживал во животот, уште еднаш останал без радост.

Од конфликтот на Втората светска војна, искрснал еден нов светски поредок. Двата индустриски џина, Советскиот Соjуз и Соединетите Држави, се издигнале над другите и со своите спротивставени идеологии ќе доминираат со иднината на светот.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ  И

1slave 3СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top