Култура и туризам

ПРЕОБРАЖЕНИЕ – НАЗАД КОН ИДНИНАТА И ПРЕДПРЕМИЕРА НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ

901

9019

Мозаик Преображение, 565 г. во манастирот посветен на Св. Катерина Александриска, на полуостровот Синај, изграден од македонскиот византиски император Јустинијан I (роден во с. Таор, Скопско)

Преобразбата на Исус воспоставува духовен мост за Христијанската вера која го подготвува битието создадено од Бог да верува во премин од временско во вечно, од земно во небесно постоење, мост на славата и радоста на човековиот род, после земните неправди и страдања. 

Преображението на Исус Христос е реална состојба која ги има уверено тројцата светители, Петар, Јаков и Јован, три години пред Христовото Воскресение, дека Исус ќе го исполни своето ветување: со духовна борба против гревот да ги преобрази и СПАСИ верниците, учесници во божествената величественост. Во Второто Доаѓање на Исус на земјата, неговото милениумско владеење, и во вечноста.  

Преображението на Исус Христос од човек во Бог и во човек, е сведоштво запишано од апостолите Петар, Јаков и Јован, и прифатено од останатите евангелисти. Тоа е Библиско предание, за народот тогаш и за народите кои ќе ја прифаќаат христијанската вера како духовна историја на светот, и како пат кон вечноста.

Настанот се случил есента 29та година од раѓањето на Исус. Исус ги повикал своите тројца ученици на ноќна молитва во планината Тавор, Галилеја, за да им посведочи дека верниците во Бог ќе можат да заслужат преобразба од телесна во духовна природа. Пораката на овој чудесно величествен настан е дека сите суштества нема да завршат во бесконечна смрт, туку ќе се спасени, преобразени од материја која угинува во обоженост која не исчезнува. Патот до тоа Спасението е во следење на 10те закони за очовечување дадени од Бог преку Мојсеј, и во вистината и милоста низ земното усовршување, осведочено во безгрешното делување на Богочовекот на Земјата, Исус Христос. (Нов Завет, Јован 1:17)  

Надвор од Православната црква Преображението не е вообичаено да се празнува, иако тоа има суштинско значење како предпремиера пред Воскресението. (Матеја 17: 1-9; Марко 9: 2-8; Лука 9: 28-36). Преобразбата на Исус означува и назад кон иднината, за човештвото да ја проследи Старозаветната историја на очекуваниот Спасител, и да се подготвува, да се трансформира, да се осознава и просветлува во умот, срцето и духот, преку сведоштвата на Исус во Новиот Завет.

90120

Преображение, Андреј Рубљов, 1405, Русија

Преображението во перцепцијата на новодобските анти-христијани е еден вид хипноза или магија изведувана пред следбениците на Исус. Новодобските школи за вештерство во Индија, САД или Европа се во спротивност со божествената универзална, вселената моќ на Создавачот на СЕ.

Библијата кажува дека Исус се преобразил во светлина посилна од сончевата, а науката за физика се надоврзува со свои толкувања на овој настан како потенцијално научен феномен.

Квантната физика теоретски смета дека знае: светлината ја сочинуваат брановидни фотони, а кога се надмине брината на светлината, Времето, претпоставено како четврта димензија, престанува да постои. Ајнштајновата равенка E = mc2 само наведува на претпоставката дека брзината на светлината е во сооднос со материјата и енергијата, или дека термонуклеарната моќ од универзумот создава фузија и физија.

Некои христијански научници шпекулираат дека дошло до промена на атомската структура во земното тело на Исус со толкава брзина што материјалната природа на неговото тело го забрзала својот еквивалент, енергијата, преминала во Вечноста – времето како петта димензијата, се претворила во небесна светлина и потоа одново се вратила во земното тело.   

Но, дали Вечноста е мерлива во земни лаборатории? Дали духовната суштина е енергетски опфатена со формулата на Ајнштајн, зашто и тој е создаден од Авторот на Вселената? Одговорите се наоѓаат во верата, а таа е всадена во кодот на секој поединец, и народ. Се’ додека трансхуманите идеологии можеби не ја избришат и таа содржина на свеста? Ако успеат. Тоа само Создавачот на вселената и на човекот го знае. И го контролира.

1Marija Emilija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top