Култура и туризам

ОБРАЗОВНИТЕ УСТАНОВИ ВО РУСИНОВО (20)

1ogr1

1ogr1

Одбележувањето на денот на Берово 23. август е од историско значење. А, историјата на еден народ е алка која ги сврзува генерациите и која го дава идентитетот на постоењето на едно населено место, на еден град, на една област, на една држава. Историјата е непрестаен чекор од времето и низ времето која носи и создава постоење и тежнеење кон она исконското и светото кое македонскиот народ го има наследено од предците кои се бореле за она во кое верувале, во слободата на Македонија. 

Така, 23. август е денот на Берово, денот на Малеш, на Русиново и другите места во овој крај, ден на кој се прославува победата, ден во кој предците ја покажале својата решителност за реализација на своите идеи и замисли. По повод денот на Берово, на споменикот на паднатите борци на кејот на реката Брегалница се положува свежо цвеќе во чест на непокорот на македонските предци. А ценејќи ги достигнувањата и придонесот на поединци и институции во развојот на Општина Берово им се доделуваат благодарници во повеќе области од општественото дејствување.

Така, по повод 23 август, денот на ослободувањето на Берово и Малешевијата, меѓу другото им се доделени плакети за особен придонес на Благој Механџиски и на Хуманитарната организација Холандија – Македонија кои се големи поддржувачи на Општина Берово.

Во чест на овој голем  датум за Малеш, Детската градинка „23. Август“ од Берово, со исто име има  изградено таква подрачна единица и во Русиново. Детската градинка „23. Август“ од Русиново е институција што ги згрижува децата од најмала возраст во Русиново.

Јавната установа за деца – Детската градинка – „23. Август“ – Берово е формирана и започна со работа од 1.2.1976 година, додека градинката во село Русиново со капацитет од 80 деца започна со работа во 1982 година. Во 1994/95 година објектот е реновиран, со што се обезбедени здрави услови за престој на деца од таа возраст.

Преку реализирањето на бројни програми и проекти воспитно-образовниот тим при оваа установа во Русиново прави напори да се продлабочува соработката со градинките од Република Македонија, па и пошироко. Негувајќи ја размената на идеи и искуства, дружењето, меѓусебната помош и добрососедството, придонесува градинката  да се соочи  со брзите промени во Македонија и во светот и предизвиците што ги носи XXI век.

На територијата на Општина Берово има две основни училишта: „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово, со 5 подрачни единици и „Никола Петров-Русински“ во Русиново, втора по големина населба во Малешевијата. ОУ „Никола Петров – Русински“ е сместено во убава двокатна зграда лоцирана во центарот на селото. Оваа образовна установа ја посетуваат ученици исклучително од село Русиново.

1ogr12

Старата училишна зграда

Во историскиот развој на училиштето во кое го започна своето образование Благој Механџиски се наведува дека училиштето постоело и работело уште во втората половина на XIX и првата половина на XX век. По ослободувањето, како четиригодишо, училиштето започало да работи во ноември 1944 година.

Во првата година биле запишани 302 ученика. Во наредните три години, тоа прераснува во седумгодишно училиште под името „Даме Груев“ а од 1974 година училиштето станува осумгодишно под името „Никола Петров-Русински“. Новата училишна зграда била подигната во 1947 година на два ката со тврда градба, со 12 училници и со кујна со трпезарија и со околу 150 ученици.

Во составот на училиштето има спортска сала со неопходни реквизити и справи за потребите од таа област, а, исто така, училиштето располага и со спортски игралишта за ракомет, фудбал, кошарка и одбојка. Околу училиштето има зелена површина, со украсни дрвца, жива ограда, а во училишниот парк е поставена бистата на патронот, револуционерот Никола Петров-Русински (Чукарски). За одбележување е и тоа што во училишниот двор расте ендемичниот вид дрво „секвоја“ што претставува украс на училиштето. Училишниот ентериер, пак,  е на завидно ниво. Имено, во училишните холови, училници, кабинети, се наоѓаат разни цвеќиња, дипломи и признанија на учениците и наставниците кои излегле од овие клупи, таблоа и сл. Училиштето се загрева со топловодно парно греење.

Споре информацијата на директорот Лиљана Буровска, од 2008 година во училиштето е воведено деветгодишно основно образование. Условите за работа и учење во училиштето постојано се подобруваат: училишната зграда е реновирана, се набавуваат нови современи нагледни средства, наставата и оценувањето постојано се унапредуваат, а во училиштето се спроведуваат голем број проекти на кои училиштето покажува забележителни резултати. Наставата се одвива на македонски јазик, има 9 одделенија во 10 паралелки, а се работи во една смена. Голем е бројот на учениците кои овде го завршиле основното образование и продолжиле да се школуваат на разни степени на образование.

Училишната библиотека располага со книжен фонд од околу осум илјади книги. На денот на смртта на Даме Груев, пак, авторот на оваа монографија Славе Катин заедно со издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, подари 300 книги, учебници, работни тетратки и друга училишна литература за оваа библиотека и 300 за училишната библиотеката во Берово.

Училиштето и учениците редовно учествуваат на натпреварите на општинско, регионално и републичко ниво и постигнале видни резултати. Така, Мандолинскиот оркестар на ООУ „Никола Петров-Русински“ го освои првото место на Републичките оркестарски смотри во 2011 година. За одбележување е и тоа што Мандолинскиот оркестар настапил на Регионалните оркестарски смотри одржани во Берово а ревијално настапи и на Регионалните хорски и оркестарски смотри во Пробиштип.

 Во училиштето, меѓу другото, се одржува еко–квизот, во училишниот двор се прави презентацијата за единствениот примерок од дрвото секвоја во пошироката околина. Секвојата е означена со табличка со податоци за видот. Учениците – членови на еко–одборот поставија таблички со имињата и на другите видови дрвја кои растат во училишниот двор, со цел сите ученици да се запознаат со нив. 

Во училишниот двор се засадени дрвја од видот на полусребрена елка и цвеќиња, на дрвјата во училишниот двор се поставени хранителки за птици, а училишните простории се украсени со разни видови саксиски цвеќиња, со цел да се дава придонес кон грижата за животната средина.

Исто така, бевме информирани дека проектот на УСАИД  „Со читање до лидерство“,  спроведуван од страна на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, во рамките на Компонентата за вклучување на семејствата и заедницата, организира работилници за изработка на сликовници во училиштата кои се дел од првата и втората фаза на проектот. Работилниците се наменети за родители, членови од семејството, како и за сите одделенски наставници од училиштето.

„Првата модел-работилница, која се одржа во ООУ „Никола Петров– Русински“ – Русиново,  има за цел да покаже практични начини и активности за подготовка на текст и илустрирање на сликовници, со што се развиваат јазичните вештини кај учениците, се поттикнува креативноста и љубовта кон читањето. На работилницата учествуваа сите одделенски наставници од училиштето и 25 родители на ученици од одделенска настава. Одделенските наставници кои се вклучија во оваа работилница ги организираат и спроведуваат активностите со сите родители и ученици од својата паралелка“, вели, Лиљана Буровска, тогашниот директор на училилиштето.

Инаку, ООУ „Никола Петров-Русински“ е безбедна средина во која се гради и стимулира индивидуален развој на учениците и наставниците, се развива свеста за правата и одговорностите, се негува почитта и грижата за другите и прифаќање на сличностите и почитување на разликите меѓу етничките заедници и одговорност кон заедницата и животната средина, поттикнувајќи доживотно учење.

1ogr13

Училишниот кадар се стреми да создаде современа и пријатна училишна средина во која има интерактивна соработка меѓу наставниците, учениците и родителите. Притоа, се спроведува ефикасна и квалитетна настава, каде наставниците се максимално едуцирани и мотивирани за работа, а учениците ги стекнуваат своите знаења со интерес и задоволство, имаат високо развиена еколошка свест и придонесуваат за градење на македонското демократско општество.

Исто така, треба да се нагласи големиот придонес на бројни раководители, поддржувачи, административци и други лица, меѓу кои„ првиот раководител на основното училиште во Русиново Јован Габерски (1946 – 1951), потоа директорите: Јован Пипонски  (1951 – 1956), Јован Шуперлиски (1956 – 1962), Ѓорѓи Мираковски (1962 – 1965), Борис Тушевски (1966 – 1970), Благој Буровски (1970 – 1989) , Јован Белчовски (1989-1999), Лиљана Буровска (1999-2000), Славе Буровски (2000-2003), Васа Зеличка (2003-2006), Мирјана Пецуровска  (2006-2009) и денешниот директор Лиљана  Буровска од 2009 година.

Сето тоа зборува дека ООУ „Никола Петров-Русински“ од Русиново постојано е вклучено во разни сфери од образовните процеси, со што докажува дека тоа е расадник на добри ученици, добри Македонци, кои во иднина ќе ги трасираат  патиштата на успехот во Македонија.

Продолжува 

1slave Пишува СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top