Култура и туризам

„РЕЧНИЦИТЕ ВО СЛИКИ“ – ЛЕКСИКОГРАФСКИ ИЗДАНИЈА ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ НА СЕДУМ ЈАЗИЦИ (12)

1hor1

1hor1       1hor12

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН 

„Речникот во слики – ајде да учиме англиски и германски“ и „Речникот во слики – ајде да учиме англиски и француски“,изданија на „Македонска искра“ од Скопје, отпечатени во 1997 година, на 64 страницим  чии рецензенти се: Патрик Пелегрино, Виолета Ајдинска-Папазовска, Жан Пол Батист и Олга Тројачанец, а автор е Славе Катин се подготвени да пополнат една празнина во нашата средина и со својот скромен, но значаен фонд на зборови на овие јазици, да биде достапен за повеќе слоеви на популацијата.

Почнувајќи од оние во предучилишното, основното, средното и високото образование, па се до категориите граѓани, вработени или пензионирани, на кои ќе им помогне да ја збогатат својата претстава за светот, преку перманентната комуникација со вредностите што до нас допираат преку електронските медиуми, од разни подрачја на нашата планета.

Исто така,  меѓу лексикогравското творештво на Славе Катин се изданија за деца „Ајде да учиме македонски, англиски и турски“, со Исние Шабан; „Ајде да учиме македонски, англиски и албански“, со Лирија Реџепи; „Ајде да учиме македонски, англиски и влашки“,со Захарица Порчу и „Ајде да учиме македонски, англиски и ромски“, со Љатив Демир, имаат посебен простор во неговата дејност.

Овие изучување на англискиот, францускиот, германскиот, турскиот, албанскиот, ромскиот и влашкиот јазик, од Славе Катин предизвикаа голем интерес во македон­ската јавност, бидејќи на најмладата популација во земјата и’ понуди помага­ло практично за изучувањето на шест јазици, од кои три европ­ски и три на мал­цинствата во Македонија.

Овој мултилексиколошки проект Славе Катин го реа­ли­зира во соработка со најдобрите познавачи на споменатите јазици, со што е потврдено професионалното ниво на „Речникот во сли­ки“, за кој се заин­тересирани, освен учениците и возрасните кандидати за со­вла­ду­ва­ње на некој од овие јазици. Ова издание е своевиден придонес на Славе Катин за развој и афирмација на меѓунационалните односи во Македо­нија, а особено за поефи­касно зближување и комуникација на нејзини­те граѓани од раз­лич­ни­те етнички заедници, но и за нивните врски во светот.

На крајот на на секој речник се поместени и индекси на зборовите како што следи за секој јазик и то на пример: на македонски – англиски – германски, англиски – македонски – германски и германски – македонски – англиски јазик. Сите тие зборови се дадени според азбучен редослед и по бројот на страниците лесно можат да се пронајдат. Затоа, ќе биде задоволство да се работи со речниците, да се откриваат нови видици кои нашиот живот ќе го прават поубав и посреќен.

„Речниците во слики“ на Славе Николовски – Катин имаат функција на почетен курс за овие светски јазици, зашто преку својот фонд од зборови, сите заин­тересирани на кои ќе им се најдат во рацете, ќе ги воведат во богатата ризница на англофонската и франкофонската култура. Во исто време, ќе ги мотивираат читателите да ги прошират своите хоризонти, знаења и информации за разни појави, состојби и настани што секојдневно се слу­чуваат во светот. Визуелната компонента на реченицата е најдобриот начин за остварување на оваа цел“

Во воведот на „Речникот во слики – ајде да учиме англиски македонски и турски“ чиј автори се Славе Катин и со Исние Шабан се вели дека англискиот го зачува своето место меѓу јазиците што обично се нарекуваат „Јазикот на иднината“ и стана најкористениот јазик во науката, техниката, дипломатијата и деловниот свет. Затоа, тој е јазик што се чита не само во регионите каде е доминантен, туку и во секоја цивилизирана земја.

Во воведот на „Речникот во слики – ајде да учиме англиски македонски и албански“ чиј автори се Славе Катин и Лирија Реџепи се вели дека во ваква популарна визија, Речникот има функција на почетен курс за овие јазици, бидејќи преку овој фонд на зборови, тој ќе ги води сите заинтересирани за богат круг на албански, англиски и македонски јазик. Но, тоа исто така ќе ги мотивира да ги прошират своите знаења и информации за различни феномени, настани и настани што се случуваат секој ден во различни делови на светот.

Исто така и „Речникот во слики – ајде да учиме англиски македонски и влашки“ чиј автори се Славе Катин и Захарица Порчу и „Речникот во слики – ајде да учиме англиски македонски и ромски“ чиј автори се Славе Катин и Љатив Демир се подготвени да пополнат една празнина во средините каде се зборуваат тие јазици и со нивниот  скромен, но значаен фонд на зборови на овие јазици, да биде достапни за повеќе слоеви на популацијата.

Почнувајќи од оние во предучилишното, основното, средното и високото образование, па се до категориите граѓани, вработени или пензионирани, на кои ќе им помогнат да ја збогатат својата претстава за светот, преку перманентната комуникација со вредностите што до нас допираат преку електронските медиуми, од разни подрачја на светот

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top