Култура и туризам

СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН – ПАТРОН НА „ЗЕГИН“ (24)

2zeg2

2zeg2

Треба да се нагласи дека свeти Пантелемјон е патронот и симболот на успесите на аптеките „ЗЕГИН“, кој со години наназад го одбележува сопственикот на овие аптеки, бизнисменот Благој Механџиски и неговото семејство, така беше и во 2007 година, кога во аптеката што го носи името на светецот во скопската населба Карпош III. Инаку, свети Пантелејмон бил лекар, кој со својата исцелителна моќ им помагал на луѓето. Затоа и не случајно тој е избран да биде симбол на успесите на „ЗЕГИН“.

Исто така, празникот на црквата,  на великомаченикот, „Свети Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид беше прославен на свечен начин  на 9 август 2005 година. Таму беа поставени моштите на свети Климент кои беа сместени на средината од храмот за поклонение и целивање. Самиот храм беше премал за да може да го прими присутниот верен народ, кој трпеливо во редица чекаше да се поклони пред моштите на свети Климент Охридски, патронот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. На тој ден се навршија 1.700 години од маченичкото страдање на свети Пантелејмон, кому свети Климент му изгради црква на Самуиловата тврдина над Охрид и Охридското Езеро. http://www.mpc.org.mk/shim.gif” >

Мозаикот, пак, во црквата кој е атракција за верниците и посетителите е изработен од двајца истакнати македонски уметници господин Благој Кузмановски, професор на Ликовната академија во Скопје и господин Јани Антониев, претседател на Конзерваторскиот центар во Скопје.

Димензиите на овој мозаик, на кого се претставени свети Климент и свети Пантелејмон изнесуваат 240 х 166 см, и истиот е составен од околу 50.000 – 60.000 парчиња. Техниката употребена во изработката на мозаикот е таканаречената „оpus tesselatumи“, додека  мозаикот е изработен од природни камчиња викани „smalti“ и стаклена позлатена паста донесена од Венеција.

Донатор за изработката на овој значаен мозаик, кој ќе остане вечно во духовниот храм „Свети Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид е, секако, познатиот македонски бизнисмен и верник господинот Благој Механџиски, менаџерот на веледрогеријата „ЗЕГИН“ од Скопје.

Донаторството на менаџерот  Благој Механџиски продолжи кога  на 5 септември 2012 година донираше подвижна електрична инвалидска количка за потребата на посетителите на Музејот на македонската борба во Скопје.

2zeg21Свети Пантелејмон на Плаошник

Потоа, на 29 ноември 2013 година, во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје, македонската публика уживаше во изведбата на концертот на неповторливиот познат и признат пејач Оливер Драгојевиќ.

Со големо задоволство „ЗЕГИН“ беше еден од домаќините на легендарниот пејач во текот на неговиот дводневен престој во Скопје. Како благодарност на тоа, непосредно пред концертот, Оливер ја посети аптеката на „ЗЕГИН“ во трговскиот центар „Скопје сити мол“, каде беше пречекан од вработените и дел од менаџерскиот тим.

Оливер си замина од аптеката „ЗЕГИН“ со полни ќеси подароци од асортиманот на „ЗЕГИН“. Потоа, по одржувањето на концертот директорот на „ЗЕГИН“, Благој Механџиски, на познатиот пејач му подари уметнички портрет, за што Оливер Драгојевиќ срдечно му се заблагодари и со одбрани зборови се искажа за улогата и значењето на „ЗЕГИН“ и менаџерот Благој Механџиски.

Достоен на историјата на Македонија и на денешната држава Македонија  е  Музејот на македонската борба Скопје преку своите приказни . Шеесет илјади луѓе посетители  е доказ дека  Музејот одамна и беше потребен  на државата и дека сето ова едногодишно искуство и работа е само почеток. Чувствата се неопишливи  кога читаме од изјавите на граѓаните-посетители оставени во книгата за впечатоци,  дека ова е нивниот музеј, музеј на сите граѓани на Македонија, истакна директорот  М-р Бранислав Светозаревиќ.

Спојувањето на теоретското со практичното преточено во оригиналните документи со кои располага музејот дополнително го прави атрактивен ,истакна Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска. Од вкупната бројка на посетители, 20 илјади се ученички посети, седум илјади посети на странски туристи од 50 различни земји во светот. Во музејот, покрај 109-те восочни фигури, претставени се 1.064 оригинални експонати, кои дел од нив се откупени а дел подарени од граѓани од Република Македонија и од дијаспората.

По повод празнувањето една година од отворањето на Музејот на македонската борба, пак, министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска на 7 септември 2012 година, оствари работна посета на оваа национална установа и средба со донаторот Благој Механџиски. Повод беше тоа што овој голем донатор со повеќе од 70 различни стари оружја и амбиентални предмети помогна во збогатувањето на музејските поставки и добивање автентичен амбиент на Музејот за времето кое го прикажува.

Во рамките на одбележувањето на годишнината на Музејот на Благој Механџиски му беше доделена благодарница за особен придонес во збогатувањето на музејската колекција. Наградата му ја врачи министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска.

По примањето на наградата Механџиски изјави: „Ги повикувам сите кои имаат вакви предмети да ги донесат, да ги подарат на овој музеј, затоа што само така може да се постигне нивната вредност, ако се покажат пред сите, ако сите можат да ги видат“.  

2zeg22Црквата Света Петка во Лозово

Интересно е да се одбележи дека донациите на Благој Механџиски и „ЗЕГИН“, се од различен карактер. Една од нив е, секако, донацијата за сите ергени и немажени девојки од Општината Лозово. Имено, на  седницата на советниците и градоначалникот на Општина Лозово што се одржа во февруари 2014 година, едногласно беше донесена одлука со која на сите ергени и немажени девојки од општината ќе им се доделат по 20 илјади денари доколку стапат во брак. Одлуката се однесува на ергените на возраст над 40 години и на девојките над 35 години, сѐ со цел да се мотивираат и да запловат во брачни води.

Како што информираше на прес-конференцијата Орце Цветковски градоначалникот на Општина Лозово, во општината живеат 2.858 жители во 11 населени места, а има 98 ергени со повеќе од 40 години и 8 девојки со повеќе од 35 години.

Тој, исто така, информира дека одлуката ја поддржа и бизнисменот, Благој Механџиски сопственикот на лозовите насади во Лозово, кој се заложи да им понуди можност на ергените и немажените девојки од општината за вработување соодветно според нивното образование и бесплатни медицински прегледи до породувањето доколку се согласат да стапат во брак.

За оние момчиња и девојки, пак, кои ќе се согласат да стапат во брачна заедница, предвидени се по 50.000 денари како помош за опремување на домашна бања и 50 литри ракија и 100 литри вино за брачната веселба, повторно од бизнисменот Механџиски.

Во текот на поплавите во подрачјата во Србија и Босна и Херцеговина, во мај 2014 година, сопственикот на компанијата „ЗЕГИН“, Благој Механџиски упати донација од два камиона со неопходни намирници за поплавените подрачја. Така, од Македонија во Србија и Босна и Херцеговина пристигнаа камиони полни со основни средства за хигиена, пелени за бебиња, сокови и кашички, шатори, ќебиња, кревети на склопување, вода за пиење и други намирници. Менаџерот Благој Механџиски извести дека помошта со камионите замина за Шабац, Република Србија и Бјелина во Босна и Херцеговина.

Со ова уште еднаш се покажа хумноста на Благој Механџиски и ЗЕГИН“ и желбата да се помогне кога некој е во неволја и кога тоа е најпотребно. Во таа прилика Механџиски апелираше до граѓаните и деловните луѓе во Република Македонија да ја покажат својата хуманост и да донираат средства до пријателскиот народ во загрозените подрачја.

Компанијата „Zegin Healthy Food“(„Зегин здрава храна“), пак,  во август 2015 година, донираше 20.000 евра помош на настраданите во Тетово и целата тетовска општина. Помошта која се состои од 10.000 евра готовина на сметката на Општината Тетово, како и уште 10.000 евра во  медикаменти и помагала, како и комплетна облека за настраданите од поплавата, на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, директно ја донесе Благој Механџиски, сопственикот на компанијата „ЗЕГИН“.

Продолжува

1slaveПишува СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top